Кошничка 1 x

Product

Benton Snail Bee Ultimate Hydrogel Eye Patch

2.031 ден 1.625 ден

Достапност: Има залиха
Сподели на:
За производот

Кажете им збогум на темните кругови околу очите. Вашето лице е вашата најголема скапоценост, затоа нека заблеска со вистински сјај со помош на златото, дијамантскиот прав и бисер од Benton Snail Bee Ultimate Hydrogel лепенките за очи. Потопени се во висококонцентрирана есенција која длабински ја негува, ревитализира и осветлува кожата околу очите, правејќи ја свежа и еластична.

Моќта на Benton Snail Bee Ultimate Hydrogel лепенките за очи се должи на исклучителната формула која содржи захаромицес/филтрат од ферментиран секрет од полжав, пчелин отров, ниацинамид, аденозин, вода од лист од чајно дрво, екстракт од неколку видови морски алги и други растителни екстракти.

Направени се од еластичен еколошки материјал од природно потекло, добиен од алги, пријателски настроен кон околината и растворлив во вода.

Benton Snail Bee Ultimate Hydrogel лепенките за очи се дерматолошки тестирани, при што е докажано дека се производ кој не предизвикува иритација. Двојната функција на овој производ, осветлување и намалување на брчките е потврдена со сертификат за функционална козметика издаден од Министерството за безбедност на храна и лекови на Република Кореја.

Бенефит за кожата:
– борба против брчки
– ревитализацја
– освежување
– осветлување
– поголема еластичност
– зацврстување
– потхранување
– хидратација
– смирување

Во согласност со филозофијата и праксата на самиот бренд, Benton Snail Bee Ultimate Hydrogel лепенките за очи Ви нудат здрава формула без штетни состојки. Не содржи парабени, силикони, сулфати, испарлив алкохол, вештачки ароми и бои.

Употреба

По чистењето на кожата и нанесувањето тонер, со лажичката од пакувањето аплицирајте ги лепенките под очите и оставете ги да делуваат. Отстранете ги лепенките по 10-20 минути и остатокот од есенцијата нежно истапкајте ја додека целосно се апсорбира. (Добро затворете го капачето по употреба за да спречите дехидрација на производот).

За најдобри резултати Benton препорачува овие лепенки за очи да се употребува заедно со останатите производи на Benton. Производите се употребуваат по следниот редослед: чистење → Fermentation Eye Cream → Fermentation Essence → Snail Bee Ultimate Hydrogel Eye Patch → Snail Bee High Content Lotion → Snail Bee High Content Steam Cream.

Активни состојки

• Филтратот од слуз од полжав е познат по своите anti-aging својства. Тој го стимулира формирањето на колаген и еластин, ја штити кожата од слободни радикали, ја смирува иритацијата, помага во обновување на оштетените ткива и на кожата ѝ ја враќа потребната влажност. Помага при третирање на сува кожа, брчки, стрии, акни, старечки дамки, лузни и т.н. Тој содржи хранливи материи како хиалуронска киселина, гликопротеини, протеогликани и пептиди кои се корисни за кожата.

• Пчелиниот отров го стимулира создавањето на колаген со што ја зајакнува структурата на кожата и помага во отстранување на лузните од акни. Тој ги стимулира мускулите на лицето за природен ефект против стареење со зацврстување на епидермалниот слој на кожата и измазнување на ситните линии и брчките.

• Ниацинамидот исто така познат како витамин Б3 или никотинска киселина е многу ефикасна состојка за обновување на кожата и има повеќе придобивки против стареењето на кожата и хиперпигментацијата. Тој има способност за видливо подобрување на состојбата на кожа со зголемени пори, нерамномерен тен, ситни брчки, уморен изглед и ослабен површински слој.

• Хијалуронска киселина, која длабински го надополнува количеството на вода кое ѝ е потребно на кожта.

• Аденозин, анти-ејџинг состојка која помага во бришење на знаците на стареење и отстранување на ситните брчки.

• Пантенол, кој на кожата ѝ ја обезбедува потребната влажност и помага во нејзиното задржување.

• Екстракт од чајно дрво, познато по своето антиинфламаторно и антибактериско дејство.

• Екстракт од зелен чај, богат со антиоксиданти кои кожата ја штитат од слободните радикали и предвремено стареење.

• Екстракт од корен на црвен слез, кој има заздравувачко и смирувачко дејство.

• Екстракт од алое вера, кој ја смирува кожата и го намалува воспалението и иритацијата.

Состав

Состав: вода, глицерин, дипропилен гликол, ниацинамид, карагенан, захаромицес/ферментиран филтрат од слуз од полжав, бутилен гликол, јаглен во прав, глукоза, калиум хлорид, хидроксиетилцелулоза, дијамант во прав, пропандиол, натриум хијалуронат, бисер во прав, екстракт од кора од Citrus unshiu, p-анинска киселина, бета-глукан, злато, левулинска киселина, екстракт од лист од Melaleuca altemifolia (чајно дрво), екстракт од лист од Eucalyptus globulus, екстракт од цвет од Althaea rosea, екстракт од лист од Aloe barbadensis, екстракт од Punica granatum, екстракт од Porphyra yezoensis, екстракт од Chlorella vulgaris, eкстракт од Laminaria japonica, екстракт од цвет од Chamomilla recutita (камилица), екстракт од фитоплацента од Glycine soja (соја), екстракт од лист од Camellia sinensis, бакар трипептид-1, декстрин, гума од Ceratonia siliqua (рогач), гума од Cyamopsis tetragonoloba, микашист, титаниум диоксид, железни оксиди, пантенол, аргинин, пчелин отров, етилхексилглицерин, аденозин, 1,2-хександиол, масло од Аniba rosodora.

Препорачана комбинација