1.473 ден 1.178 ден
Нема на залиха
𝗖𝗶𝗰𝗮𝗳𝘂𝗹 𝗔𝗺𝗽𝗼𝘂𝗹𝗲 е најпродаваниот производ на 𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻.
𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗖𝗶𝗰𝗮𝗳𝘂𝗹 𝗔𝗺𝗽𝗼𝘂𝗹𝗲 беше K-beauty победник за 2020 на Korea Allure Best of Beauty, а претходно освои 2-ро место на Hwahae Beauty Awards 2019, добитник во категорија есенција/ампула/серум.
Збогатена e со 84,28% екстракт од азиска центела кој помага во спречување на формирање на мозолчиња, го смирува црвенилото и иритацијата и ја штити кожата од надворешните агресори.
Има нелеплива брзо апсорбирчка формула надополнета со хијалуронска киселина и екстракт од камилица кои даваат дополнително смирувачко и навлажнувачко дејство.
Toa е производ со повеќекратно поволно дејство врз кожата:
▫️ Ја смитува иритацијата
▫️ Го намалува црвенилото
▫️ Го спречува создавањето на акни
▫️ Ја забрзува регенерацијата
▫️ Ја намалува штетата од оштетувањето на кожата
▫️ Ја поправа и зајакнува кожната бариера
▫️ Хидрира
Клучни состојки:
▪️ Екстрактот од Centella asiatica е моќен екстракт кој може да помогне да се смират црвенилото и иритацијата. Овој екстракт содржи три главни компоненти: мадекасинска киселина, азијатична киселина и азијатикозид кои имаат моќ да ја зајакнуваат кожната бариера.
▪️ Натриум хијалуронатот е форма на хијалуронска киселина. Тој е хидратантна состојка која има способност да навлезе во кожата и да го одржува нивото на влажност во кожата.
▪️ Екстракт од камилица потекнува од растителниот вид Chamomile matricaria recutita. Oваа состојка има антиоксидантни својства и ја штити кожата од слободните радикали, а исто така има и својства за смирување на кожата.
1.473 ден 1.178 ден
Нема на залиха
Real Vitamin C Ampoule e серум кој содржи 19% најквалитетен чист витамин C со одлична продирачка моќ. Помага во подобрување на тенот, избелување на пигментираните дамки, намалување на порите, подобрување на еластичноста на кожата и во спречување на појавата на брчки.
На крајот на денот ја чувствувате вашата кожа уморна, опуштена и без сјај. Вратете ѝ ја енергијата и пружете ѝ моќно ревитализирачко дејство со Skin Recovery Night Repair Seruming Ampoule на познатиот корејски бренд Mizon. Во текот на ноќта, додека спиете формулата на оваа ампула ќе работи за да ве остави задоволни кога ќе се погледнете во огледалото наредното утро.
Активно делува на кожата и ја снабдува со енергија во текот на 12 часа и можете да ја користите наместо ноќна крема без дополнителен навлажнувач.
Тоа е високо збогатена ампула која моќно ја ревитализира кожата додека спиете. Спаѓа во функционална анти-ејџинг козметика одобрена од Министерство за безбедност на храна и лекови на Р. Кореја. Содржи ниацинамид и аденозин, докажани анти-ејџ состојки со двојна функција, намалување на брчките и подобрување на тенот.
Специјално формулирана за зацврснување на опуштената кожа и да ја регенерира оштетената кожа. Ја зајакнува заштитната бариера со што ја прави кожата поотпорна на надворешните штетни влијанија и истовремено ја смирува иритацијата предизвикана од штетно UV зрачење или загадување.
Оваа ампула содржи пептиди кои го поттикнуваат создавањето на колаген во кожата и ја подобруваат нејзината еластичност.
Витаминот Е е антиоксидант кој го спречува дејството на слободните радикали. Toj ги штити клетките и ја подобрува функцијата на клетките.
Хијалуронската киселина, бета-глуканот и нато гумата го одржуваат нивото на влажност во кожата, со што кожата се одржува свежа и полна. Патентираната нато гума која се добива со ферментација на соини зрна ја надополнува функцијата на хијалуронската киселина со зголемување на нивото на природниот навлажнувачки фактор (NMF).
Клучни состојки:
Тоа е сет од четири производи со колаген за сеопфатна нега на лицето. Пмага за хидратација, зацврснување и лифтинг на кожата. Сетот содржи тонер, емулзија, ампула и крем.