The Rice Bran Ampoule на корејскиот бренд Your Vegan е тука за да ги задоволи комплексните потреби на вашата кожа и таа да заблеска во право светло.
Тоа е производ кој:
Го подобрува и воедначува тенот
Ги прочистува и одржува порите
Ја спречува појавата на комедони и акни
Ја хидрира кожата
Ѝ дава свежина и сјај на кожата
Ја смирува иритацијата и црвенилото
Ги отстранува мртвите клетки од кожата
Ја подобрува текстурата
Клучни состојки:
Вода од оризови трици содржи голема количина на висококвалитетни протеини и витамини. Уште од античко време, водата од оризовите трици се користелаза зајакнување на кожата, особено за осветлување и подобрување на еластичност. Оваа состојка е позната по тоа што го осветлува тонот на кожата и помагаат во справувањето со флеките како што се старечки флеки, траги од акни и нерамномерен тен. Ја прави кожата повоедначена, почиста и посјајна, ја подобрува нејзината хидратација и помага во обновување на кожната бариера.
AHA и PHA нежно ги отстрануваат мртвите клетки од кожата со што ја подобруваат текстурата, го подобруваат тенот и го спречуваат затнувањето на порите.
Екстрактот од азиска центела, мадекасозидот и азиатикозидот ги смируваат иритацијата и црвенилото.
Екстрактот од тушт има антивоспалително, смирувачко, хидратантно и антиоксидантно дејство, а исто така го подобрува тенот.
Екстрактот од гранче на бреза има прочистувачко, смирувачко и хидратантно дејство.
Бета-глуканот ја подобрува хидратацијата.
Церамидите ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата.
Beauty of Joseon Glow Serum e серум налик на мед збогатен со Ханбанг (корејска традиционална хербална медицина) состојки за осветлување и подобрување на тенот, каде клучни состојки се прополисит и ниацинамидот.
Клучни состојки: екстракт од прополис 59,94%, ниацинамид 2%. Истакнати состојки: таману масло, бетаин салицилат (BHA), екстракт од чајно дрво, екстракт од семе од Lotus.
Употреба: Нанесете соодветна количина на лицето и тапкајте нежно за да ја помогнете апсорпцијата.
Состав: екстракт од прополис, дипропилен гликол, глицерин, бутилен гликол, вода, ниацинамид, 1,2-хександиол, екстракт од цвет од Melia azadirachta, екстракт од лист од Melia azadirachta, натриум хијалуронат, екстракт од корен од Curcuma aonga (куркума), екстракт од лист од Ocimum sanctum, екстракт од семе Theobroma cacao (какао), екстракт од Melaleuca alternifolia (чајно дрво), екстракт од Centella asiatica, екстракт од Corallina officinalis, екстракт од семе од Lotus corniculatus, масло од семе од Calophyllum inophyllum, бетаин салицилат, натриум полиакрилоилдиметил таурат, трометамин, полиглицерил-10 лаурат, каприлил гликол, етилхексилглицерин, декстрин, пентилен гликол, октандиол, токоферол, ксантан гума, карбомер.
Benton Honest Eye Lash Serumе дневен серум за трепки со хидратантно дејство, кој ефикасно делува во негата за поздрави трепки. Интензивно помага во справувањето со тенки и кратки трепки без да предизвика иритација на очите.
Негувањето и одржувањето на трепките во здрава состојба е значајно во фазата на растење, а токму таква хранлива нега овозможува овој серум за трепки. Овој дерматолошки тестиран производ, ги зацврстува, подобрува и негува трепките со своите хидратантни состојки. Содржи 2 типа на пептиди, 17 типа на амино киселини и натриум хијалунорат кои придонесуваат за зацврстување на коренот на трепките, како и за поздрави и поеластични трепки.
Со прецизна и практична двојна четка со врв од мека топка, овозможува нега на коренот на трепките и самите трепки. Содржи чиста водена формулација, без масла, така што може да се користи и кога ќе се стави екстензија на трепки. Овозможува да се одржи ph балансот, со што овој серум е безбеден да се користи и на подрачјето околу очите.
Се препорачува за оние со тенки и слаби трепки, кои постојано користат екстензии, за тие што се особено чувствителни на надворешни штетни влијанија или штетни состојки, оние на кои им е потребно превенција од губење или оштетување на трепките и тие на кои им е потребна нега и хидратација на трепките.
Употреба: по чистењето на лицето, нанесете соодветна количина од содржината на четката и нежно повлечете со четката од коренот, кон врвот на трепките.