570 ден Original price was: 570 ден.399 денCurrent price is: 399 ден.
Нема на залиха
За да го спречите предвременото стареење на кожата неопходно е да ја заштитите од штетното UV зрачење, кое е присутно не само во лето и на сончево време, туку е присутно и во зима и кога времето е облачно.
Штетните UV зраци предизвикуваат оштетување на кожата, ја забрзуваат појавата на брчки, предизвикуваат појава на флеки, а прекумерната изложеност може да предизвика и малигни заболувања на кожата.
За целосна заштита на вашата кожа ви го препорачуваме Clean Ocean Moisture Sunscreen на корејскиот бренд Beplain. Тоа е крем со заштитен фактор SPF50+ PA++++ кој пружа силна заштита од UVA и UVB зраците, но е нежен со кожата.
Пријателски е кон коралните гребени и морскиот жив свет, бидејќи не содржи состојки кој им штетат. Спакуван е во 100% биоразградлива амбалажа.
Ја одржува хидратацијата на кожата и и дава свеж финиш. Има лесна брзо впивлива текстура и не остава леплива трага дури и по нанесување во неколку слоеви. Не остава бела трага и е некомедоген.
Тоа е функционална козметика со тројна функција:
Тоа е производ кој не предизвикува иритација, докажано со завршено тестирање. Составен е од состојки со највисоко ниво на безбедност според EWG означени со зелено и сертифициран за безбеден од EWG. Производот е вегански и cruelty free.
570 ден Original price was: 570 ден.399 денCurrent price is: 399 ден.
Нема на залиха
Заштитете ја кожата од штетните UV зраци и пружете ѝ длабинска хидратација и нега со кремот за заштита од сонце Relief Sun: Rice + Probiotics од Beauty of Joseon. Овој корејски крем со SPF50+ PA++++ нуди висока заштита потврдена со тестирања во Кореја и Шпанија.
Beauty of Joseon Relief Sun: Rice + Probiotics не е само крем за заштита од сонце, туку неопходен чекор во секојдневната рутина, кој обезбедува заштита, хидратација и подобрен тен за сјајна, здрава и заштитена кожа.
𝐌𝐈𝐒𝐒𝐇𝐀 𝐀𝐥𝐥 𝐀𝐫𝐨𝐮𝐧𝐝 𝐒𝐚𝐟𝐞 𝐁𝐥𝐨𝐜𝐤 𝐀𝐪𝐮𝐚 𝐒𝐮𝐧 е еден од најпопуларните и најпродаваните K-Beauty креми за заштита од сонце. На кожата ѝ дава богата хидратација дока ѝ пружа моќна заштита од сонце.
Тоа е крем со висок заштитен фактор што штити од широк спектар на UVA и UVB зраци, Spf50+/Pa+++ .
Формулиран со хемиски заштитни филтри и двослојна технологија, овој крем е водоотпорен и отпорен на потење. Новата и подобрена верзија сега не е гел, туку крем верзија, што го прави овој крем похидратантен и погоден дури и за сува кожа.
Неговата формулa, исто така содржи витамин Е кој овозможува зајакнување на заштитната бариера на кожата, зголемувајќи ја нејзината еластичност исто така ја штити кожата од слободните радикали.
Има лесна конзистентност, многу брзо се впива и не ја остава кожата мрсна и сјајна. По користењето, овој производ не остава бела трага на кожата, а исто така е добра основа за шминкa. Погоден за сите типови кожа.
Неговата формула е хипоалергена, некомедогена, дерматолошки тестирана и не содржи состојки штетни и иритирачки за кожата.