1.520 ден Original price was: 1.520 ден.1.216 денCurrent price is: 1.216 ден.
Нема на залиха
Како до полн и младешки изглед на кожата?
Тука е 𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗠𝘂𝗹𝘁𝗶 𝗛𝘆𝗮𝗹𝘂𝗿𝗼𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗔𝗺𝗽𝗼𝘂𝗹𝗲, моќната серумска ампула со три вида на хијалуронска киселина, која ќе ѝ ги врати свежината и сјајот на вашата кожа.
Моќната хијалуронска киселина добиена од снежна печурка (Tremella fuciformis) веднаш ја хидрира кожата и ѝ дава видливо пополн изглед, свежина и сјај. Ги намалува брчките и фините линии и ја спречува појавата на нови.
За разлика од обичната хијалуронска киселина, екстрактот од снежна печурка има дополнителен бенефит за кожата. Покрај тоа што е богат со прородна хијалуронска киселина, тој го поттикнува создавањето на колаген и еласти што придонесува за враќање на еластичноста на кожата, нејзино зацврснување и спречување на појава на брчки.
𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗠𝘂𝗹𝘁𝗶 𝗛𝘆𝗮𝗹𝘂𝗿𝗼𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗔𝗺𝗽𝗼𝘂𝗹𝗲 содржи три вида на хијалуронска, благодарение на кои ја врќа хидратацијата во сите слоеви на кожата, ги пополнува брчките и спречува нивно продлабочување.
Различните видови на хијалуронската киселина имаат различни големини на молекули, кои зависно од големината на молекулите, имаат различна моќ на продирање во слоевите на кожата. На тој начин влажноста се распоредува рамномерно и во подлабоките слоеви на кожата.
Малите молекули продираат најдлабоко во кожата, ја подобруваат нејзината еластичност, ја прават цврста и затегната, и ги пополнуваат брчките. Средните молекули продираат преку бариерата на кожата и ги снабдуваат со влажност површинските слоеви на кожата. Тие го спречуваат испарувањето на влажноста. Големите молекули формираат заштитен слој на површината на кожата.
Оваа ампула содржи и аденозин кој е позната антиејџ состојка која ја спречува појавата на брчки и ги намалува постоечките.
Производот е вегански, cruelty free. Не предизвикува иритација и е погoден за употреба кај сите типови кожа, дури и кај чувствителната.
1.520 ден Original price was: 1.520 ден.1.216 денCurrent price is: 1.216 ден.
Нема на залиха
Тоа е серум со хидратантна гел текстура кој содржи Hyalugen и има освежувачки лифтинг ефект. Овој серум го подобрува тонусот на кожата, ја намалува појавата на фини линии и брчки и го забавува процесот на стареење. Идеален е за оние кои се соочуваат со сувост, губење на цврстина и еластичност, и нерамномерен тон на кожата.
Hyalugen е иновативна состојка на Mizon што комбинира нискомолекуларен колаген и високомолекуларна хијалуронска киселина во оптимален сооднос 7:3. За разлика од обичните комплекси кои ги комбинираат овие состојки со мешање, Hyalugen ги спојува овие две состојки во една преку хемиски процес, со што значително се зголемува нивната ефикасност.
Изминатите години огромен број корисници ширум светот се уверија во квалитетот и ефикасноста на популарниот Snail Bee Ultimate Serum на Benton. Сега тука е неговата нова подобрена варијанта Benton Snail Ultimate Serum Plus.
Збогатен со 6 типа на пептиди и комплекс од ферменти на 5 билки, ви дава премиум нега за еластичност и зацврснување на кожата.
Вклучете го овој серум во дневната и ноќната нега на вашето лице доколку имате лузни од акни, зголемени пори или сакате да ги намалите и спречите брчките. За поинтензивна нега, комбинирајте го со останатите производи од линијата Snail Bee: лепенки за очи, тонер, маска, есенција, лосион или крем за лице и крем за очи.
Benton Snail Bee Ultimate Plus серумот е повеќефункционален серум збогатен со:
Помага за нега и смирување на кожата. Се препорачува за кожа која има потреба од интензивно потхранување, кожа со хиперпигментација и нерамномерен тен, кожа со слаб баланс на вода и масти, кожа на која ѝ е потребно зголемување на еластичноста, груба и опуштена кожа која има потреба од ревитализацијa.
⠀
Во согласност со филозофијата и праксата на брендот, Benton Snail Bee Ultimate серумот ви нуди здрава формула без штетни состојќи. Серумот не содржи парабени, силикони, алкохол, сулфати, вештачки ароми и бои.
Спакуван е во практично шишенце со пумпица за полесна хигиенска употреба, наместо пипета. Амбалажата не содрќи метал и е направена од материјал кој лесно се рециклира.