Земја на производство: Република Кореја
Состав: Salix Alba (Willow) Bark Water, Butylene Glycol, Betaine Salicylate, Niacinamide, 1,2-Hexanediol, Arginine, Panthenol, Sodium Hyaluronate, Xanthan Gum, Ethyl Hexanediol.
1.420 ден
Кажете им збогум на црнките, задраво на чистите пори!
Тое е тонер со BHA и ниацинамид за нежна ексфолијација и контрола на маснотијата. Овој можен BHA тонер против црнки помага да се отстранат црнките и да се контролира вишокот на себум додека ѝ пружа хидратација на кожата.
ПРЕДНОСТИ
• Чистење на затнатите пори
• Спречување на акни и намалување на трагите од акни и флеки
• Балансирање на продукција на маснотија
ТАРГЕТИРА
• Затнати, зголемени пори
• Црнки и комедони
• Нега на Т-зоната
• Мрсна кожа склона кон акни
КАКО СЕ КОРИСТИ?
По чистењето на лицето, нанесете ја на кожата како тонер. Пред да преминете на следниот чекор, проверете дали течноста е целосно апсорбирана. Препорачуваме употреба 2-3 пати неделно, а според состојбата на кожата може постепено да се зголеми употребата. *Доколку се користи во текот на денот, задолжително нанесете крем за заштита од сонце.
Земја на производство: Република Кореја
Состав: Salix Alba (Willow) Bark Water, Butylene Glycol, Betaine Salicylate, Niacinamide, 1,2-Hexanediol, Arginine, Panthenol, Sodium Hyaluronate, Xanthan Gum, Ethyl Hexanediol.
1.420 ден
Рамномерна текстура и воедначен тен е изглед на кожата посакуван од многумина, но оние што пробале многу производи знаат дека не е лесно да се постигне. Bubble Toner : Green Plum + AHA e одличен производ за таа намена, тоа е пенлив тонер кој ќе ви помогне лесно да ја постигнете целта.
Една од главните состојки на овој тонер е природно добиената АХА киселина од вода на зелена слива и екстракт од шеќерна трска. АХА гликолната киселина ги отстранува мртвите клетки од кожата за да да се добие подобра текстура на кожата и го поттикнува обновувањето на клетките што помага во измазнување на лузните и отстранување на пигментацијата.
АХА киселината е позната по својот анти-ејџ ефект. Постојаниот нежен пилинг, исто така, помага да се минимизира појавата на фини линии и брчки.
Уште една важна состојка е екстрактот од мед кој е природен антиоксиданс и ја зголемува хидратацијата и сјајот на кожата. Познато е дека го забрзува процесот на заздравување, помага при појава на акни, лузни и подобрување на тенот.
Водата од оризови трици го осветлува тенот и ја зајакнува целокупната состојба на кожата, па затоа во само неколку чекори добивате рамномерна, мека, хидрирана и зајакната кожа.
Водата пак од коренот на женшен е богата со антиоксиданси, кои се борат со знаците на предвремено стареење и стимулираат продукција на колаген.
Benton Deep Green Tea Toner е лесен и хидратантен тонер збогатен со зелен чај од Босеонг, најпознатата област за производство на чај во Кореа. Тонерот ја надополнува влагата на кожата, ја смирува и освежува, притоа оставајќи ја здрава и чиста.
Faebey PERFECT T-ON Facial Toner е хидратантен и смирувачки тонер кој нежно ги отстранува мртвите клетки и останатите нечистотии по чистењето на кожата. Благодарение на стегањето на порите и антиоксидативната заштита, овој тонер го подобрува тенот, ја освежува кожата и ѝ дава здрав и сјаен изглед. Формулата е збогатена со Lumina Granatum и Maltodextrin, кои обезбедуваат длабинска хидратација и анти-ејџ ефект.
Идеален за сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна, овој тонер помага во смирување на иритации, подобрување на еластичноста и постигнување на порамномерен и свеж тен.
Клучни придобивки:
Го намалува црвенилото и иритациите
Ја хидрира и ревитализира кожата
Го подобрува тонот и текстурата на кожата
Нуди анти-ејџ ефект и природен сјај
Начин на употреба: По чистење на лицето, натопете памучен туфер со тонер и нанесете го нежно на лицето, вратот и деколтето. Користете го наутро и навечер пред нанесување на серум или крем.