2.004 ден 1.890 ден
2.004 ден 1.890 ден
Со формулата со висококонцентриран филтрат од слуз од полжав, овој крем ќе овозможи целосна грижа преку првиот чекор од вашата рутина за нега на кожата. Ја хидрира и штити кожата, помага да се изгубат фините линии, ги намалува лузните од акни.
Aromatica Soothing Aloe Aqua Cream е крем без мирис и боја кој е погоден за нега на чувствителна и иритирана кожа. Органскиот алое вера екстракт гелкој е дел од формулата на овој лесно впивлив крем, ја навлажнува и смирува кожата. Посебно е погоден за нега на чувствителна кожа, кожа изиритирана од надворешни влијанија, како сув воздух, UV зраци, студ, ветер и сл.
Овој крем е сертифицирано вегански и е направен од 95% природни состојки. Содржи 83% органски алое гел сертифициран со Ecocert сертификат, церамиди, вода од лаванда, хидролизирани гликозаминогликани, екстракт од рузмарин и екстракт од камилица. Производот има EWG VERIFIED™ сертификат.
⠀
Церамидите се состојка со докажано анти-ејџинг дејство, помоќно од она на ретинолот, ниацинамидот и пептидите. Помагаат во зајакнувањето на заштитниот слој на кожата, зголемување на хидратацијата и постигнување на помазна, позатегната и поцврста кожа со помалку видливи линии и брчки.
⠀
Водата од лаванда има антиинфламаторно и терапевтско дејство.
⠀
Гликозаминогликаните (GAG) познати како мукополисахариди, помагаат за поддршка и одржување на структурните протеини на кожата како што се колагенот и еластинот. Нивните молекули врзуваат големо количество вода и на кожата ѝ даваат длабинска и богата хидратација, со што ја спречува појавата на нови брчки.
⠀
Екстрактот од рузмарин е антиоксидант и ја штити кожата од слободните радикали. Тој ја снабдува кожата со железо, калциум и витамини.
⠀
Екстрактот од камилица има антиинфламаторно, антифугално, антибактериски и антиоксидантно дејство.
⠀
Овој производ е вегански и Cruelty Free, не содржи парабени, силикони, сулфати, фталати, PEG, минерални масла, испарлив алкохол, вештачки ароми и бои.
⠀
Toa е смирувачки крем кој содржи три вистински липидни компоненти кои ги содрж слојот на епидермисот благодарение на кои помага во обновување и зајакнување на бариерата на кожата. Има специфична златно жолта боја и гел текстура налик на мед но не осатава леплива трага. Брзо се впива во кожата, врзувајќи се со трите компоненти на липидниот слој на кожата за да стимулирајќи подобра апсорпција.
Покрај тоа што помага да се обнови и зајакне природната бариера на кожата, исто така помага за подолготрајно задржување на влагата во кожата. Богатите хидратантни состојки на овој крем ја оставаат кожата мазна и мека на допир.
Кремот има смирувачко дејство благодарение на неговите нежни состојки кои длабоко ја навлажнуваат и ја измазнуваат кожата.
Формулиран со церамиди, овој крем нуди совршена нега на кожата за оние кои сакаат да уживаат во посвежа, помазна кожа благодарение на способноста на церамидите да ги отстранат мртвите клетки и да ги заменат со нови клетки.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Содржи 72% екстракт од Centella asiatica со потекло од недопрената природа на Мадагаскар. Екстрактот од Centella asiatica ja смирува кожата и го надополнува нивото на хидратација.
Церамидите, масните киселини и холестерол се 3 липидни компоненти на кожата, а овој крем прави нивно надополнување и обновување на природната бариера на кожата.