Кошничка 0 x

Product

FAEBEY Concentrate FLASH FIX with Vitamin C and Kojic Acid 30ml

1.350 ден 790 ден

Доколку ви е потребна инстант ревитализација на вашата уморна кожа тука е 𝗙𝗟𝗔𝗦𝗛 𝗙𝗜𝗫 серумот за лице на шпанскиот бренд 𝗙𝗔𝗘𝗕𝗘𝗬. Овој серум со витамин Ц и коична киселина веднаш ги враќа сјајот и свежината на кожата, а со континуирана употреба го подобрува тенот.
 
𝗙𝗔𝗘𝗕𝗘𝗬 𝗙𝗟𝗔𝗦𝗛 𝗙𝗜𝗫 𝗙𝗮𝗰𝗶𝗮𝗹 𝗦𝗲𝗿𝘂𝗺 𝗖𝗼𝗻𝗰𝗲𝗻𝘁𝗿𝗮𝘁𝗲 𝘄𝗶𝘁𝗵 𝗩𝗶𝘁𝗮𝗺𝗶𝗻 𝗖 𝗮𝗻𝗱 𝗞𝗼𝗷𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 има депигментирачко, зацврстувачко, антиоксидантно и подмладувачко дејство. Неговата формула која брзо се апсорбира помага во ревитализација на уморната кожа со подобрување на тенот и зголемување на свежината и сјајот благодарение на комбинацијата на неговите активни состојки.
 
Помага за подобрување и одржување на долгорочен ефект на третманите како што се ласер, импулсна светлина или пилинг.
 
Витаминот Ц помага во избледување на хиперпигментацијата и темните дамки, ја ревитализира кожата, ја спречува појавата на брчки и ѝ ја враќа еластичноста на кожата. Тој е моќен антиоксидант и ја штити кожата од слободните радикали.
 
Коичната киселина има способност да навлезе во подлабоките слоеви на кожата и да го запре производството на меланин, што ја прави ефикасна во избледување на пигментираните дамки. Дава одлични резултати кога се користи во комбинација со витамин Ц.
 
FAEBEY промовира чисти производи базирани на природни состојки – без парабени, без фталати, без силикони и без суровост кон животните. Ги следи највисоките стандарди за квалитет, според европските регулативи за козметика.
Под надзор на дерматолози, производите на FAEBEY се подложени на опсежни истражувања за да ги обезбедат најефикасните состојки додека избегнуваат алергени и надразнувачи за безбедноста на вашата кожа.
Достапност: Има залиха
Сподели на:
Тип: Бренд:

Земја на производство: Шпанија

Состав: Aqua (Water), Glycerin, Hydrolyzed Collagen, Ascorbic Acid, Phenoxyethanol, Sodium Hyaluronate, Kojic Acid, Lactic Acid, Tocopheryl Acetate, Polysorbate 20, Citrus Aurantium Dulcis Fruit Extract, Tetrasodium Glutamate Diacetate, Sodium Benzoate, Triethylene Glycol, Limonene, Potassium Sorbate, Sodium Hydroxide, Geraniol.

FAEBEY Concentrate FLASH FIX with Vitamin C and Kojic Acid 30ml

1.350 ден 790 ден