1.450 ден
За ботокс ефект без боцкање пробајте го неверојатниот FAU Core Intensive Eye Cream.
Дизајниран за професионална употреба во естетски центри и клиники, овој крем отсега е достапен и за домашна уотреба за да ви го донесе луксузот на професионалниот K-Beauty третман дома. Формулата има повисока концентрација на активни состојки од стандардните креми, па резултатите се видливи уште од почтокот на употребата. Ќе забележите помеки фини линии, посветол изглед и свежа, смирена зона околу очите.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ
Argireline (Acetyl Hexapeptide-8) е пептид кој ги релаксира микродвижењата на изразните мускули и помага да се намалат мимичните брчки околу очите со што дава ефект сличен на ботокс, но без боцкање.
Факторите на раст и комплексот од 7 пептиди ја поддржуваат регенерацијата и синтезата на колаген и еластин за поцврста и поеластична кожа.
Ниацинамидот и арбутинот придонесуваат за побистар, поодморен изглед на очите и намалена појава на темни кругови.
Комплексот од 17 аминокиселини ја поттикнуваат кожата сама да произведува колаген, со што се подобрува нејзината цврстина и еластичност, длабински хидрираат и ја зајакнуваат заштитната бариера.
Наместо дестилирана вода содржи нероли водена основа која дава поголема свежина и сјај.
Формулата брзо се впива, не остава лепливост и е соодветна и за чувствителна кожа.
1.450 ден
Кожата околу очите е понежна и потенка од останатата кожа на лицето. Затоа ѝ е потребна посебна нега. Пружете ѝ врвна нега и спречете ја појавата на брчки со кремот за очи 𝗔𝗿𝘁𝗲𝗺𝗶𝘀𝗶𝗮 𝗘𝘆𝗲 𝗕𝘂𝘁𝘁𝗲𝗿 на еден од најнаградуваните корејски брендови 𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻.
Овој кем е богат со моќни состојки со за интензивно навлажнувачки и смирувачки својства кои даваат сјај и еластичност на кожата околу очите.
Содржи шиа путер и има погуста текстура налик на путер за пружи интензивна нега на нената кожа околу очите, но лесно се впива без да остави леплива или мрсна трага.
Содржи 52% екстракт од Artemisia capillaris, уште попознат како екстракт од мугворт, кој има дејство на смирување, негување и заштита на кожата за да помогне во намалување на иритацијата, да се бори против причините за сувост и да се справи со чувствителноста на кожата.
Пептидите во овој крем го поттикнуваат создавањето на еластин и колаген, со што ја зголемуваат цврстината на кожата околу очитем ја подобруваат нејзината еластичност и ја спречуваат појавата на брчки. Исто така ги отстрануваат фините линии и ги намалуваат постоечките брчки.
Ниацинамидот помага да се осветли регијата околу очите, да се намалат темните кругови, а исто така има антиејџ дејство.
Хијалуронската киселина ѝ ја враќа влажноста на кожата, ја одржува свежа и ја спречува појавата на брчки и фини линии.
Содржи и аденозин кој е позната антиејџ состојка која ја спречува појавата на брчки и ги намалува постоечките. Заедно со пептидите, ниацинамидот и хијалуронската киселина прави одлична комбинација за борба против брчките.
Освои 1-во место за најдобар нов производ за првата половина на 2020 на Hwahae Beauty Awards во категорија на крем за очи.
Производот е вегански и cruelty free.