499 ден Original price was: 499 ден.374 денCurrent price is: 374 ден.
Моќен смирувачки серум кој на кожата ѝ пружа исхрана, нега против брчки и го подобрува тенот осветлувајќи ја.
Начин на употреба: Со пипетата нежно нанесете соодветна количина на лицето и оставете да се впие.
499 ден Original price was: 499 ден.374 денCurrent price is: 374 ден.
Сакате да пробате некој од серумите на Beauty of Joseon, но не знаете кој. Ви го претставуваме Hanbang Discovery Kit, сет создаден токму за оние кои сакаат да пробуваат и да го откријат идеалниот серум за нивната кожа.
Сетот содржи 4 различни серуми во шишенца од по 10ml, кои може да ги комбинирате во својата рутина, зависно од моменталните потреби на кожата.
Сетот содржи:
SKIN1004 Madagascar Centella Probio-Cica Intensive Ampoule е интензивна ампула (серум) за обновување на бариерата на кожата
Тоа е високо концентрирана ампула дизајнирана за да обезбеди интензивно смирување, хидратација, цврстина и сјај на кожата. Овој корејски серум ја користи патентираната Probio-Cica формула која комбинира ферментиран екстракт од Centella Asiatica (вклучувајќи TECA) и церамиди (Ceramide NP) за да ја зајакне и обнови оштетената заштитна бариера на кожата.
Текстурата на ампулата е млечна и густа, но неверојатно брзо се апсорбира во кожата, оставајќи свиленкаст и сјаен финиш без леплив остаток. Формулата содржи церамиди, фитостероли и масни киселини формулирани во златен сооднос 3:1:1, што е оптимален однос за ефективно заклучување на влагата во кожата. Ферментираниот екстракт од центела од Мадагаскар има и пробиотско и антибактериско дејство кое ја намалува иритацијата и ја одржува здравата микробиома на кожата.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Оваа ампула е наменета за сува, нормална и комбинирана кожа, а особено е корисна за кожа која е чувствителна, иритирана или има потреба од зајакнување на еластичноста и регенерација. Таа е идеална за постигнување здрава, сјајна и мека кожа.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од ампулата со помош на пипетата директно на чисто лице. Рамномерно нанесете ја на кожата и нежно тапкајте со дланките за да ја поттикнете апсорпцијата. Користете по тонер, а пред хидратантен крем.