1.290 ден Original price was: 1.290 ден.1.071 денCurrent price is: 1.071 ден.
Нема на залиха
1.290 ден Original price was: 1.290 ден.1.071 денCurrent price is: 1.071 ден.
Нема на залиха
Beauty of Joseon Matte Sun Stick: Mugwort + Camellia SPF50+ PA++++ е практичен сончев стик кој обезбедува висока заштита од УВ зраци без лепливост или тежина на кожата. Благодарение на силика пудрата, контролира вишок себум и остава долготраен мат финиш, што го прави идеален за комбинирана и мрсна кожа.
Нанесете на последниот чекор од рутината за нега, лесно повлекувајќи го стикот врз областите изложени на сонце. Повторувајте апликација во текот на денот за оптимална заштита.
Овој сончев стик со мат ефект е совршен за оние што сакаат брза, лесна и ефективна заштита од сонце без тежина на кожата.
Уживајте безгрижно во дневното сoнце, тука е новиот All-day Airy Sunscreen на Dear, Klairs.
All-day Airy Sunscreen е производ за нега на кожата со силна UV заштита, SPF50+ PA++++ UV заштита, потврдена со повеќе клинички испитувања.
Пред сè, има чист финиш без лепливост по нанесувањето, бидејќи Dear, Klairs користеше природен систем на специјална емулзија за да создаде лесен, но сепак силен крем за сончање. Кремот за сончање се прилагопдува на кожата како лосион или есенција и не остава бела трага или масен сјај. Може исто така да го користите на телото или пред нанесување шминка.
Овој крем не предизвикува иритација и е погоден за чувствителна кожа, бидејќи наместо емулгаторите кои се користат вообичаено во кремите за заштита од сонце, користи емулгатори од растително потекло кои го прават овој крем лесно прилагодлив на кожата и не предизвикуваат иритација.
Може да се нанесува на областа околу очите, без страв од иритација, за да ѝ ја пружи потребната заштита на нежната кожа во оваа област.
Никогаш не заборавајте да ја заштитите кожата од сонце. Штетните UV зраци, иако со рзличен интензитет, се присутни во текот на целата година и се причинител за предвремено стареење на кожата. Затоа заштитата од сонце е неопходна во сите годишни времиња.
COSRX, Aloe Soothing Sun Cream е совршено решение за секојдневна заштита на кожата од штетните UV зраци, бидејќи не предизвикува иритација на чувствителната кожа на лицето и не ги затвора порите.
Има нежна текстура и лесно се впива во кожата без да остави бела или мрсна трага. Тоа е производ кој не предизвикува иритација и погоден е за употреба кај чувствителна кожа.
Формулата со екстракт од алое е нежна со кожата, ја негува и ѝ ја дава потребната хидратација, додека ѝ пружа ефикасна заштита од UVA и UVB зраците истовремено.