1.290 ден
Со изобилство од природни и органски состојки, Feel So Fresh Toner од корејскиот бренд Sioris, и помага на кожата да ја врати рамнотежата, истовремено додававајќи и хидратација и подобрувајќи ја текстурата на кожата.
Органскиот екстракт од цитрус од Џеџу е преполн со витамин Ц, кој помага во осветлувањето на кожата, додека екстрактот од брокула додава хидратација на чувствителната кожа. Екстрактот од кора од црна врба нежно ја ексфолира кожата, помага да се елиминираат црните точки и мртвите клетки, како и во контролата на себумот.
Овој природен тонер е направен со 90% органски сезонски состојки од Јужна Кореја, за оптимална свежина и ефикасност. Клинички тестиран, не иритирачки, овој тонер е совршен за оние со мрсна, комбинирана и чувствителна кожа. Со ниска pH вредност и антимикробен, овој тонер не содржи парабени, вештачки мирис, адитиви или штетни хемикалии.
УПОТРЕБА: По чистењето, нанесете го тонерот на памучна подлога и со кружни движења, нежно поминете низ целото лице.
Со ефект на измазнување и зајакнување на кожата, Enriched By Nature Cream на корејскиот бренд Sioris, крем со мека, брзо апсорбирачка налик на путер текстура, користи уникатна мешавина од хранливи состојки за да формира заштитен слој и да го зголеми задржувањето на хидратацијата. Органскиот шеа путер (8%) ја хидрира кожата со богата концентрација на антиоксиданти, меѓу кои Витамин Е и каротин, додека природно светлата комбинација од Алфа-бисаболол и екстракт од цвет од Rosa multiflora го дава ефектот на светла и сјајна кожа со изедначен тон.
Маслото од семе од златната Adansonia digitata извлечено од дрвото баобаб, додава дополнителни витамини А, Д, Е и Ф во овој комплекс за измазнување на грубата кожа. Органската вода од зелен чај (28,5%), дополнително ја хидрира и смирува секоја иритација.
Природните есенцијални масла кои се доволно нежни за чувствителна кожа, обезбедуваат лесен цветен мирис. Ова е 100% природен производ, формулиран без парабени, вештачки мирис, адитиви или штетни хемикалии, од овластено органско производство од COSMetics Organic and Natural Standard Certification.
Овој крем е совршен за сува или зрела кожа, идеален и за оние со многу чувствителна, иритирана кожа.
Употреба: Во последниот чекор од рутината за нега на кожата, нанесете соодветна количина од кремот и масирајте на лицето и вратот со дланките за подобра апсорпција.
Time Is Running Out Mist на корејскиот бренд Sioris е иновативна три во еден формула за нега на кожата. Овој спреј со ниска ph вредност, кој функционира како тонер, спреј-ампула или серум и дава на дехидрираната кожа освежувачко зајакнување со хранлива хидратација.
Содржи 78% органска овошна вода (сезонска зелена слива), која е преполна со хранливи материи и минерали со која обезбедува непосредна хидратација. Трите масла, корисни за кожата, масло од макадамија, масло од јојоба и сончогледово масло, обезбедуваат долготрајна хранливост и влажност на кожата. Сите состојки се набавуваат во Кореја и се собираат сезонски, за оптимална свежина и ефикасност. Овој производ не содржи парабени, вештачки мириси, адитиви или штетни хемикалии. Се препорачува за сите типови на кожа, особено за оние со сува и дехидрирана кожа.
Употреба: Протресете го шишето за да ги измешате маслото и водата темелно и прскајте два до три пати од дистанца. Нежно тапкајте за подобра апсорпција.