Кошничка 2 x

Product

SKIN1004 Madagascar Centella Light Cleansing Oil 200ml

1.391 ден

Нема на залиха

SKIN1004 Madagascar Centella Light Cleansing Oil е ултра-лесно, мултифункционално масло за чистење кое е првиот и најважен чекор во вашата вечерна рутина за нега. Овој корејски чистач на база на масло е формулиран да ги раствори и темелно да ги отстрани сите нечистотии растворливи во масло, како шминката, водоотпорниот крем за сонце, вишокот себум и загадувачите, без да ја исуши кожата.

Содржи екстракт од мадагаскарска Centella Asiatica во комбинација со неколку природни масла. Овие состојки обезбедуваат освежителен и смирувачки финиш, а истовремено делуваат некомедогено и помагаат во отстранувањето на себумот за спречување на затнати пори. Неговата лесна текстура го прави идеален дури и за оние кои првпат користат маслен чистач, без да предизвика иритација на очите. Затоа може да се користи за отстранување на шминка од шчите, бидејќи н предизвикува иритација и црвенило на очите.

Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.

Овој SKIN1004 маслен чистач е совршен за сите типови кожа, вклучувајќи ги нормална, сува и чувствителна кожа. Наменет е за секој што сака ефикасен маслен чистач или практикува двојно чистење и бара нежен, но ефикасен производ кој ја смирува кожата, ја хидрира и ја остава свежа, со чисти и стеснети пори.

Клучни придобивки:

  • Темелно ги отстранува шминката, кремот за сонце и себумот.
  • Некомедогена формула која спречува затнување на порите.
  • Смирувачко и хидратантно дејство благодарение на Centella Asiatica.
  • Лесна текстура која лесно се емулгира и не остава мрсни остатоци.
  • Идеален прв чекор за ефикасно двојно чистење.

Клучни состојки:

  • Centella Asiatica Extract е екстракт од центела од Мадагаскар, кој ја смирува кожата, ја хидрира и ја штити од иритација.
  • Содржи шест видови на растителни масла кои нежно ја чистат кожата, ја хранат и обезбедуваат освежителен финиш.
  • Citrus Aurantium Bergamia (Bergamot) Fruit Oil е масло од бергамот кое дава природен мирис и има својства за прочистување на кожата.

Начин на употреба: Нанесете умерена количина од маслото на суви раце. Масирајте го маслото на суво лице со нежни кружни движења за да ги растворите шминката и нечистотиите. Потоа намокрете ги рацете, додадете малку вода на лицето и продолжете со масажата, при што маслото ќе се емулгира и ќе стане млечно. На крајот, темелно исплакнете го лицето со млака вода. Доколку практикувате двојно чистење (се препорачува кај комбинираната и мрсна кожа по чистењето со маслен чистач) продолжете со втор чекор на чистење со пенливо средство на база на вода (како SKIN1004 Madagascar Centella Ampoule Foam).

Достапност: Нема залиха
Сподели на:

Земја на производство: Република Кореја

Состав: Ethylhexyl Stearate, Cetyl Ethylhexanoate, Sorbeth-30 Tetraoleate, Caprylic/Capric Triglyceride, Citrus Aurantium Bergamia (Bergamot) Fruit Oil, Centella Asiatica Extract, Simmondsia Chinensis (Jojoba) Seed Oil, Olea Europaea (Olive) Fruit Oil, Helianthus Annuus (Sunflower) Seed Oil, Ethylhexylglycerin, Pelargonium Graveolens Flower Oil, Rosa Damascena Flower Oil, Limonene, Linalool.

SKIN1004 Madagascar Centella Light Cleansing Oil 200ml

1.391 ден

Нема на залиха