1.432 ден Original price was: 1.432 ден.931 денCurrent price is: 931 ден.
Нема на залиха
1.432 ден Original price was: 1.432 ден.931 денCurrent price is: 931 ден.
Нема на залиха
Faebey Mighty Guard Concentrate 30ml е интензивен ноќен серум со ретинол и млечна киселина, формулиран за да ја осветли кожата, да ја намали хиперпигментацијата и да го забави процесот на стареење. Благодарение на нежниот ексфолирачки ефект, серумот ги отстранува мртвите клетки, ја подобрува текстурата и го стимулира производството на колаген за поцврста и поеластична кожа.
Со редовна употреба, овој серум видливо ги намалува фините линии, ги намалува темните дамки и го изедначува тениот. Моќната комбинација од антиоксиданти и активни состојки го прави идеален за вечерна нега на сите типови кожа, особено за оние со знаци на фото-стареење, нерамномерен тен или груба текстура.
Клучни придобивки:
Ја осветлува и хидрира кожата
Ја намалува појавата на фини линии и брчки
Ја подобрува еластичноста и цврстината
Го изедначува тениот
Помага во борбата против хиперпигментација
Начин на употреба: Нанесете неколку капки од серумот навечер на чисто лице, врат и деколте. Масирајте со кружни движења додека целосно не се апсорбира. Избегнувајте контакт со очи. Преку ден задолжително нанесете крема со заштитен фактор (SPF).
Yeouth Hyaluronic Acid Plus на американскиот бренд Yeouth e серум со хијалуронска киселина, збогатен со витамин Ц и трипептиди.
ДЕЈСТВО:
Ја подобрува еластичноста на кожата.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Не содржи парфем, сликони и вештачки бои. Не содржи парабени, сулфати, минерални масла и било какви штетни или контроверзни состојки.
AC7 Spot Serum е серум на корејскиот бренд Tisha ефикасен во отстранување на различните видови акни, со кој корисниците забележуваат значително подобрување по само една недела, до целосно отстранување на акните по 3 месеци употреба.
Погледнете ги на вториот слајд резултатите кај момче тинејџер кое го користеше Tisha AC7 Spot Serum секоја вечер во текот на 3 месеци.
На што се должи ефикасностa на Tisha AC7 Spot Serum?
Содржи комплекс од 11 клучни внимателно одбрани состојки ефикасни во борбата против акните, како салицилна, масло од чајно дрво, ниацинамид и екстракт од центела. Но тоа не е се, она што го прави овој производ уникатен и исклучително ефикасен во борбата против акните е употребата на новата патентирана технологија – Phytosilica микроигли.
Phytosilica е нов биоматеријал од природно потекло составен од микроиглички со должина од 250µm и дијаметар од 50µm.
Вообичаените козметички производи остануваат над и во површинскиот слој на кожата. Phytosilica микроигличките помагаат лесно да се надмине бариерата на кожата која ја создаваат лузните или инфекциите и ги доставуваат активните состојки преку површинскиот слој на кожата до најдлабоките слоеви на епидермисот.
Кога козметичките производи со Phytosilica се нанесуваат и се втриваат во кожата, микроигличките прават микропроцепи во кожата и ги доставуваат активните состојки до најдлабоките слоеви на епидермисот со што повеќекратно се зголемува нивната ефикасност.
Слично на третманите со дермапен и дермаролер, производите со Phytosilica микроиглички го стимулираат природниот механизам на обновување на кожата.
Phytosilica микроигличките се невидливи за човечкото око. Благодарение на нивната мала димензија, козметичките производи на база на овој биоматеријал не предизвикуваат непријатно чувство при употребата.
Оваа технологија е регистрирана како безбедна во повеќе земји во светот, вклучително и EU и е одобрена од повеќе национални задравствени организации, како и американската FDA.