Тоа е смирувачки навлажнувач за длабинска хидратација, кој содржи моќна мешавина од хидратантни состојки. Не содржи обојувачи, ароми и состојки од животинско потекло.
Ви го претставуваме Full Fit Propolis Light Cream на познатиот корејски бренд COSRX. Тоа е хидратантен крем со висок процент на црн пчелин прополис и антиоксиданти.
Нема да верувате дека овој лесен крем е направен од 65,69% од прополис се додека не го пробате и дополнително ќе се изненадите кога ќе ја искусите неговата хидратантната моќ.
ШТО ГО ПРАВИ ОВОЈ КРЕМ ПОСЕБЕН?
▪️ Содржи 65.69% Full Fit Pro Complex, кој е уникатен комплекс од прополис формулиран од COSRX Lab. Тој се состои од екстрат од црн пчелин прополис, екстракт од мед и екстракт од матичен млеч познати по своите антиинфламаторни и антибактериски својства.
▪️ Тоа е крем наменет за сите типови кожа и сите временски услови. Благодарение на својата лесна гел текстура овој крем брзо и лесно се впива во кожата што овозможува да го користите во било какви временски услови, без разлика каде сте, на топло влажно време или во ладно и суво време. Без разлика на типот на кожата, овој лесен хидратантен крем лесно се впива без чувство на маснотија.
▪️ На кожата ѝ дава полн, цврст и свеж изглед, што го прави одличен последен чекор од рутината за нега. Можете да го комбинирате со останатите производи од истата линија или да го вметнете во вашата веќе постоечка рутина. Доколку се користи заедно со Full fit Propolis тонерот и ампулата неговото дејство се зголемува и дава позабележителен полн изглед на кожата. На кожата и дава сјај во текот на целиот ден и е одлична подлога за шминка.
Препорачана рутина:
1. Наполнете ја кожата со влажност со COSRX Full Fit Propolis Synergy Toner.
2. Дајте ѝ сјај со COSRX Full Fit Propolis Light Ampoule.
3. Завршете ја рутината со COSRX Full Fit Propolis Light Cream.
Чувствувајте ја кожата свежа полна и еластичната во текот на целиот ден! Тука е Hyaluronic Acid Intensive Cream на COSRX, крем богат со хијалуронска киселин за длабинска и дојготрајна хидратација
Овој интензивно хидратантен крем го зголемува количеството на влага во кожата и ја задржува внатре, заштитувајќи ја кожата од понатамошно губење на влажноста. Без чувство на маснотии или тежина, овој интензивно хидратантен крем ја прави кожата мека и нежна како свила, го намалува изгледот на брќките и фините линии и на кожата и дава полн и свеж изглед.
За кого е наменет овој крем:
За оние со сува или дехидрирана кожа, за оние кои сакаат на кожата да ѝ прожат дополнителна свежина, за оние кои сакаат да ја спречат појавата на брчки и да ги намалат постоечките.
БЕНЕФИТ:
Дава длабинска и долготрајна хидратација
На кожата и дава полн и свеж изглед
Ги намалува постоечките брчки и ја спречува појавата на нови
Има лесна, брзо впивлива текстура кое не остава тешко чувство на маснотија
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Содржи 57.8% вода од Hippophae rhamnoides (кучешки трн), која ја освежува и ѝ ја враќа виталноста на кожата
Содржи 3,000ppm натриум хијалуронат (хијалуронска киселина која ја задржува водата во кожата, ги пополнува брчките, ја спречува појавата на нови брчки и ма кожата и дава полн и свеж изглед.
Пантенолот помага во навлажнување на кожата и го спречува губењето на влажноста. Исто така има противвоспалително дејство.