1.099 ден
1.099 ден
За совршено мазен и свеж изглед на кожата користете го Satin Wear Healthy Green Cushion на 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔.
Тоа е функционален козметички производ со тројна функција:
Совршено ги покрива сите несовшености на кожата додека на кожата ѝ дава природен изглед со полу мат завршница со пригушен сатенски сјај.
Благодарение на бакучиолот кој го содржи овој крем, помага во намалување на брчките. Бакучиолот е природна и веганска алтернатива на ретинолот. Го забрзува метаболизмот на кожата и циклусот на обновување на клетките, ги репарира оштетувањата на кожата и го стимлулира создавањето на колаген во нејзината структура. Со поттикнување на создавањето на колаген, се зајакнува структурата на кожата и се враќа нејзината цврстина и еластичност. Зголемувањето на еластичноста е единствениот начин да се успори појавата на знаци на стареење, да се спречи нејзиното опуштање и појава на брчки.
Содржи 76% хидратантна есенција која ја одржува свежината на кожата во текот на целиот ден.
Благодарение на иновативниот трослоен систем за прилепување и прилагодување на кожата, составен од пигмент со сферични честички, филм и маслo, овој крем давa долготрајна покривност без бришење или згрутчување.
Дизајнот на кутивчето кај кое кремот се истиснува од контеинерот со притискање на копче, дозволува хигиенско чување и користење на производот.
Производите на 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔 се cruelty-free и вегански сертифицирани од PETA.
Holi Pop Blur Lasting Cushion ја прави кожата да изгледа беспрекорна и светла со долготрајна покривност и полу-мат завршница.
Доколку барате високо покривен балзам за вистински свеж и природен изглед, пробајте го Mizon Snail Repair Intensive BB Cream SPF 50+ PA+++ #27 со слуз од полжав кој ги покрива црвенилото и акните и дава сјаен изглед на кожата. Овој производ со нежна формула, содржи висока концентрација на слуз од полжав и природни навлажнувачки состојки, дава здрава покривност и придонесува за зголемување на хидратацијата на лицето.