1.295 ден
Нема на залиха
1.295 ден
Нема на залиха
Кажете им збогум на брчките, подуеноста и темните кругови околу очите.
Ви го препорачуваме моќниот 𝗥𝗲𝘁𝗶𝗻𝗼𝗹 𝗘𝘆𝗲 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵. Содржи 2,5% енкапсулиран ретинол, за моќно продолжено дејство без иритација.
Не содржи парфем и сликони. Не содржи парабени, сулфати, минерални масла и било какви штетни или контроверзни состојки.
Ретинолот припаѓа на семејството на витамини А. Тој е познат по својата способност да отстрани бројни недостатоци на кожата како фини линии, брчки, акни, лузни од акни, пигментирани дамки итн. Ја поттикнува синтезата на колаген и го забрзува циклусот на обновување на клетките.
Ondo Beauty 36.5 Niacinamide & Green Tea Eye Serum е серум за совршена нега за пределот околу очите.
Тој ќе биде вашиот таен сојузник за свеж и младешки изглед и очи со одморен иглед. Овој иновативен серум е специјално дизајниран да ги таргетира најчестите проблеми околу очите како темни кругови, брчки и сувост, истовремено обезбедувајќи долготрајна хидратација и заштита.
Овој серум има напредна формула која ја комбинира моќта на чистиот ретинол со иновативниот SYN-AKE пептид (Dipeptide Diaminobutyroyl Benzylamide Diacetate), за двоен анти-ејџ ефект. Додека ретинолот работи на клеточно ниво за да ја забрза обновата на кожата и да ја подобри нејзината текстура, SYN-AKE делува како „нежен релаксатор“ на мимичките мускули, слично на ефектот на змискиот отров, со цел видливо да ги измазни фините линии и да спречи појава на нови брчки. Оваа синергија овозможува интензивно подмладување оставајќи ја кожата неверојатно мазна и затегната .
Клучни придобивки:
Начин на употреба: Нанесете мала капка од серумот на пределот под очите. Со нежни движења, распределете тенок слој користејќи го домалиот прст. Почекајте целосно да се апсорбира пред да продолжите со следните чекори од вашата рутина. Поради содржината на ретинол, најдобро е да се користи навечер. Ако го користите преку ден, задолжително нанесете заштита од сонце (SPF).
Зошто да го одберете Ondo Beauty 36.5 Niacinаmide & Green Tea Eye Serum?
Главни состојки:
• Ниацинамидот ја зајакнува бариерата на кожата и ја осветлува.
• Зелениот чај е природен антиоксидант кој ја смирува кожата и го намалува стресот предизвикан од слободните радикали.
• Витамините А, Ц и Е ја подобруваат еластичноста и нудат длабинска нега.
• Ретинолот поттикнува обновување на клетките и ја намалува видливоста на фините линии.
• Совршениот спој на Retinol за обнова на текстурата и Syn-Ake за релаксација на мускулите овозможува инстант измазнување на брчките и подмладување на кожата без иритации.
Складирање: Чувајте го производот на ладно и суво место, подалеку од директна сончева светлина за да ја зачувате ефикасноста на активните состојки.
Вратете ја свежината и младешкиот изглед на вашата кожа и одморниот изглед на очите со Ondo Beauty 36.5 Niacinamide & Green Tea Eye Serum.
Женшенот и ретиналот создаваат моќна комбинација за ефикасно намалување на брчките околу очите. Оваа извонредна синергија на состојки е содржана во новиот серум за очи на Beauty of Joseon, Revive Eye Serum: Ginseng + Retinal. Формулиран за подобрување на состојбата на кожата околу очите, овој серум комбинира 2% ретинал липозом и 10% екстракт од корен од женшен за подмладувачки ефект.
Ретиналот е дериват на витаминот А кој директно се претвора во ретиноична киселина, овозможувајќи побрзо и поефикасно дејство од ретинолот. Оваа активна состојка:
Формулата содржи стабилизиран ретинал липозом во комбинација со липиди, масла, ниацинамид и холестерол, што овозможува максимална ефикасност со минимална иритација.
Екстрактот од женшен е богат со сапонини кои помагаат во длабинска хидратација и ја штитат кожата од предвремено стареење. Оваа состојка традиционално се користи во корејската нега за подобрување на цврстината и регенерацијата на кожата. Благодарение на способноста за долготрајно задржување на влагата, кожата останува освежена, здрава и еластична.
Овој серум има лесна свиленкаста текстура што брзо се впива во кожата без да остава леплив слој. Наменет е за:
Клиничките тестирања покажале:
Совршен за оние кои бараат ефективна нега против стареење, Beauty of Joseon Revive Eye Serum нуди напредна формула за посветлен, цврст и младешки изглед на кожата околу очите.
Начин на употреба: Нанесете 1-2 испумпувања од серумот со лесен притисок на апликаторот. Со врвот на прстот, нежно тапкајте го серумот околу пределот под очите и по контурата на очите, без триење. Се препорачува само за вечерна употреба.