926 ден Original price was: 926 ден.602 денCurrent price is: 602 ден.
Нема на залиха
Лесен тонер за секојдневна нега кој ја освежува и хидрира кожата, помага во подобрување на нејзиниот изглед и ја подготвува за следните чекори од рутината. Формулата со ниацинамид, пантенол, хијалуронска киселина и растителни екстракти придонесува за помазна, посвежа и поизедначена кожа.
• Интензивно ја хидрира и освежува кожата
• Помага во изедначување на тенот
• Ја подготвува кожата за подобро впивање на серум и крем
• Содржи ниацинамид, пантенол и хијалуронска киселина
• Ја остава кожата мека, свежа и негувана
Нанесете на чисто лице по миење, со дланки или памук. Нежно тапкајте додека целосно не се впие, потоа продолжете со серум и крем. Може да се користи наутро и навечер.
Овој практичен мини сет од брендот FAU содржи три производи со екстракт од тиква и моќни активни состојки, дизајнирани да ја обноват, навлажнат и зацврстат кожата. Идеален за патување или пробно користење, сетот ги комбинира предностите на есенции, серуми и креми за комплетна анти-ејџ нега и интензивна хидратација.
Сетот вклучува:
Shiny Pumpkin Amino Therapy (30ml) – Ампула со екстракт од тиква, аминокиселини, соја протеин и хијалуронска киселина за смирување, еластичност и интензивна нега.
Shiny Pumpkin Repair Essence (15ml) – Хидратантна есенција со аминокиселини и тиква, која го зајакнува заштитниот слој на кожата и ѝ дава природен сјај.
Shiny Pumpkin Cera Repair Cream (10g) – Крем со 5-церамиден комплекс и ши путер кој ја обновува кожната бариера и ја зголемува цврстината и еластичноста.
Клучни придобивки:
Формула против брчки и за изедначување на тенот
Високо хидратантно и хранливо дејство
Лесно пакување, идеално за патување или како вовед во линијата
Подобрување на густината, сјајот и отпорноста на кожата
Активни состојки:
Екстракт од тиква (Cucurbita Pepo), алантоин, ниацинамид, аденозин, ши путер
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Purifying Toner e прочистувачки тонер за балансирана и чиста кожа.
Овој тонер е препорачан чекор во рутината за секој кој се бори со мрсна кожа и чести воспаленија.
Она што го прави овој тонер исклучително ефикасен е комбинацијата на БХА (салицилна киселина) и моќниот Tea-Trica комплекс, кој вклучува вода од чајно дрво и екстракт од центела од Мадагаскар. Тој дејствува директно на порите, каде го регулира создавањето на себум, ги отстранува мртвите клетки со што го спречува затнуваето на порите и го спречува создавањето на комедони и нови акни преку длабинско чистење на нечистотиите.
Мадагаскарската Centella asiatica која ја содржи овој производ се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој SKIN1004 прочистувачки тонер е клинички тестиран како хипоалерген и не-комедоген производ, што го прави совршен избор за мрсна, комбинирана и кожа склона кон акни, вклучувајќи ги и најчувствителните типови.
Клучни придобивки:
Клучни состојки
Начин на употреба: По чистење на лицето, нанесете соодветна количина од тонерот на памучен тупфер или директно на дланките. Нежно поминете преку целото лице во насока на текстурата на кожата или тапкајте со прстите додека производот целосно не се апсорбира. Се препорачува за употреба во утринската и вечерната рутина.