800 ден Original price was: 800 ден.560 денCurrent price is: 560 ден.
Нема на залиха
Содржи над 82% од ферментиран екстракт од црн чај, овој нежен тоник се справува со еластичноста и ја враќа влажноста на кожата, а исто така помага во осветлување на тенот и ја прави кожата да се чувствува мека и еластична. Овој тоник ја храни и подготвува кожата за подобро да го апсорбира следниот чекор за нега на кожата. По нанесување на тонерот, може да се аплицира серум и крема. Без парабени, бензофенон и талк.
800 ден Original price was: 800 ден.560 денCurrent price is: 560 ден.
Нема на залиха
Во потрага сте по тонер без есенцијални масла и без мирис? Дозволете да ви го претставиме Supple Preparation Unscented Toner, бестселер на популарниот корејски бренд Dear, Klairs. Тоа е тонер без мирис кој не содржи есенцијални масла, погоден за употреба кај сите типови кожа, а посебно кај чувствителната.
Овој тонер ја балансира pH вредноста на кожата и ја подобрува ефикасноста на целата рутина за нега која следува, помагајќи да го извлечете најдоброто од производите од наредните чекори, како есенции, серуми или креми и да ја постигнете посакуваната состојба на кожата.
Има нежна гел текстура, брзо се апсорбира и обезбедува целосна хидратација.
Овој хидратантен тонер е направен со мешавина од различни растителни екстракти и смирувачки состојки. Производот е vegan friendly.
Mizon Snail Repair Intensive тонерот со концентриран филтрат од слуз од полжав, ја враќа рамнотежата на вода и масти и виталноста на кожатa, го успорува процесот на појава на брчки, овозможува еластичност и обновување на кожата.
Вметнете го овој производ во својата рутина, веднаш по миењето и почувствувајте го моменталниот ефект на зголемена хидратација. Транспарентната гел текстура на водена база овозможува флексибилност со длабока хидратација, со лесна впивливост, без сушење на кожата.
Дејство:
Не содржи парабени и вештачки парфеми кои предизвикуваат иритации, така што може да се употребува и за чувствителна кожа.
Има мултифункционална формула која покрај високата концентрација на филтрат од слуз од полжав содржи и аденозин, состојка позната по своето антиејџ дејство, во намалување на фините линии и спречување на појава на нови линии и брчки, подобрување на тенот и стимулирање на производство на колаген. Содржи и екстракт од азиска центела кој ја смирува иритацијата на кожата.
Овој тонер е наменет за корисниците кои:
SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Brightening Toner е освежувачки хидратантен тонер со AHA и LHA, наменет за нежна ексфолијација и подобрување на сјајот на кожата. Формулиран е за чувствителна, нормална и сува кожа, обезбедувајќи балансирана нега која ги комбинира хидратацијата, смирувањето и регенерацијата на кожата.
Тонерот содржи 70.000 ppm вода од лист од азиска центела, богат извор на активни состојки кои го поттикнуваат создавањето колаген, го смируваат воспалението и го унапредуваат заздравувањето на кожата. Хијалуронската киселина со пет големини на молекули овозможува длабинска и долготрајна хидратација, додека церамидите ја зајакнуваат природната бариера и ја прават кожата поеластична и мазна.
Благодарение на содржината на AHA (лимонска киселина) и LHA (каприлоил салицилна киселина), овој тонер овозможува нежно отстранување на мртвите клетки и прочистување на порите без иритации. Течната формула лесно се впива, оставајќи свеж и природно сјаен финиш. Природната сина нијанса потекнува од екстракт од гарденија, а пријатниот мирис од екстракти од диња и круша.
Клучни придобивки:
Погоден за секојдневна употреба, овој тонер е одличен избор за сите кои бараат производ што истовремено хидрира, смирува и нежно ексфолира, при тоа подобрувајќи го сјајот и тонусот на кожата.
Начин на употреба: нанесете со памучен туфер или директно со дланки и тапкајте додека не се апсорбира целосно.