1.200 ден Original price was: 1.200 ден.840 денCurrent price is: 840 ден.
Нема на залиха
Формулиран со негувачки церамиди, делуваат длабоко во кожата за долготрајна хидратација и трансформативни резултати, коие се одговорни за заштитната бариера на кожата. Витаминот Б и хијалуронска киселина обезбедуваат дополнителна хидратација, така што кожата изгледа посилна и поздрава со секоја употреба.
Како да се користи? – Нашиот тонер Wonder Ceramide Mochi може да се користи на повеќе начини, во зависност од потребите на кожата.
За нормална кожа: По чистење на кожата, натопете памучна подлога со тонерот и избришете го лицето за да ги отстраните преостанатите токсини и нечистотии од кожата. Нежно тапкајте го преостанатиот тонер додека не се апсорбира целосно.
За сува, дехидрирана кожа: По методот 7 Skin, нанесете од тонерот со чисти раце. Нежно тапкајте во кожата додека не се апсорбира целосно. Повторете 7 пати. Продолжете со преостанатата рутина за нега на кожа.
За многу сува или комбинирана кожа: Натопете неколку памучни туфери со овој тонер. Оставете ги околу лицето како маска или нанесете ги туферите на одредени области на лицето кои се суви (т.е. образи, чело, нос, итн.) Облогите се отстрануваат по 10 минути. Нежно тапкајте го преостанатиот тонер додека не се апсорбира целосно.
1.200 ден Original price was: 1.200 ден.840 денCurrent price is: 840 ден.
Нема на залиха
Beauty of Joseon Ginseng Essence Water е богата есенција со 80% гинсенг вода, создадена за интензивна хидратација, подмладување и изедначување на тенот на кожата. Гинсенгот, познат како “билка од боговите” во корејската традиција, е клучна состојка за здрава и негувана кожа.
Нанесете мала количина на есенцијата на чисто лице по тонерот и нежно тапкајте додека не се апсорбира. Може да се користи и како хидратантен чекор во утринската и вечерната рутина.
Оваа есенција е идеална за сите типови кожа, особено за оние што бараат длабока хидратација, подмладување и подобрување на текстурата на кожата.
Рамномерна текстура и воедначен тен е изглед на кожата посакуван од многумина, но оние што пробале многу производи знаат дека не е лесно да се постигне. Bubble Toner : Green Plum + AHA e одличен производ за таа намена, тоа е пенлив тонер кој ќе ви помогне лесно да ја постигнете целта.
Една од главните состојки на овој тонер е природно добиената АХА киселина од вода на зелена слива и екстракт од шеќерна трска. АХА гликолната киселина ги отстранува мртвите клетки од кожата за да да се добие подобра текстура на кожата и го поттикнува обновувањето на клетките што помага во измазнување на лузните и отстранување на пигментацијата.
АХА киселината е позната по својот анти-ејџ ефект. Постојаниот нежен пилинг, исто така, помага да се минимизира појавата на фини линии и брчки.
Уште една важна состојка е екстрактот од мед кој е природен антиоксиданс и ја зголемува хидратацијата и сјајот на кожата. Познато е дека го забрзува процесот на заздравување, помага при појава на акни, лузни и подобрување на тенот.
Водата од оризови трици го осветлува тенот и ја зајакнува целокупната состојба на кожата, па затоа во само неколку чекори добивате рамномерна, мека, хидрирана и зајакната кожа.
Водата пак од коренот на женшен е богата со антиоксиданси, кои се борат со знаците на предвремено стареење и стимулираат продукција на колаген.