Земја на производство: Република Кореја
590 ден Original price was: 590 ден.490 денCurrent price is: 490 ден.
Земја на производство: Република Кореја
590 ден Original price was: 590 ден.490 денCurrent price is: 490 ден.
Skin1004 Poremizing Fresh Ampoule е идеалното решение за масна, комбинирана и чувствителна кожа склона кон проширени пори и заглавени нечистотии. Формулирана со хималајска розева сол богата со 80 минерали и 9 пептиди, оваа ампула нежно ги прочистува порите и ја подобрува еластичноста на кожата.
Ампулата има лесна текстура со минимално присуство на масла, што овозможува брза апсорпција без лепливост и со освежувачки финиш.
Богата е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Погодна е за мрсна, нормална и комбинирана кожа.
Придобивки:
Главни состојки:
Начин на употреба: Нанесете со капалка соодветна количина на чиста кожа и нежно тапкајте за подобра апсорпција.
Skin1004 Madagascar Centella Retinol 0.2 Boosting Shot Ampoule е интензивна K-Beauty ампула формулирана за борба против брчки, губење на еластичност и нерамна текстура на кожата. Содржи прецизно балансирана концентрација од 0.2% ретинол и ретинал кои заедно со сквалан работат на обновување на цврстината, мазноста и густината на кожата. Интегрираниот Boosting Shot систем со спикули односно микроиглички со мадагарсарска центела и пантенол овозможува длабока апсорпција и брзо дејство токму таму каде што кожата најмногу има потреба.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Ампулата содржи пантенол кој ја смирува и хидрира кожата, притоа минимизирајќи го ризикот од иритации. Клинички е докажано дека Skin1004 Retinol 0.2 Boosting Shot овозможува 132.8% подобра апсорпција на активни состојки, подобрување на еластичноста веднаш по една употреба и видливо намалување на брчките и фините линии по две недели користење.
Овој производ е идеален за:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете навечер, по чистење и тонирање. Со пипета нанесете мала количина рамномерно на целото лице, избегнувајќи ја областа околу очите и усните. Почнете со употреба 2-3 пати неделно, а потоа постепено зголемувајте ја фреквенцијата според толеранцијата на вашата кожа. Продолжете со хидратантен крем. Во текот на денот задолжително користете SPF заштита за да ја заштитите кожата од сончевите зраци додека трае третманот со ретинол.
Matrigen E.S.R PDRN Ampoule e револуционерен професионален производ за подмладување и регенерација на кожата.
Оваа ампула е тајната за беспрекорна, младешка кожа. Формулирана со иновативна технологија и моќни состојки, оваа ампула е вашиот клуч за еластична, хидрирана и сјајна кожа, совршено прилагодена на потребите на модерната нега. Ампулата делува длабински, поттикнувајќи природна регенерација на клетките, помагајќи ѝ на кожата побрзо да се обнови по изложеност на стрес и надворешни фактори. Ја подобрува еластичноста и цврстината на кожата со што се намалува појавата на фини линии и брчки, оставајќи ја кожата мазна и затегната.
Содржи висока концентрација на PDRN дури 50,000 ppm. PDRN (полидезоксирибонуклеотид), фрагмент екстрахиран од ДНК од лосос. Оваа биоактивна состојка е позната по своите извонредни својства за регенерација на кожата. PDRN активно ја зајакнува кожната бариера, го стимулира обновувањето на клетките и ефикасно го ублажува воспалението. Заборавете на опуштената и уморна кожа, Matrigen ESR PDRN ампулата работи длабински за да ја врати виталноста и здравјето на вашата кожа, нудејќи ревитализација одвнатре.
Зошто да ја изберете MATRIGEN E.S.R PDRN Ampoule?
Оваа ампула е дел од професионалната козметичка линија на MATRIGEN, наменета за напредна нега и регенерација на кожата. PDRN молекулите делуваат на клеточно ниво, помагајќи во обновување на оштетената кожа, подобрување на метаболизмот на клетките и зајакнување на бариерата на кожата. Со редовна употреба, кожата станува поеластична, помазна и со видливо подобрен тонус и сјај.
Има тројно дејство, пружа интензивна хидратација, анти-ејџинг ефект и осветлување на хиперпигментацијата и благодарение на нејзината богата текстура може да се користи и како ампула и како крем. Бидејќи за разлика од традиционалните проѕирни ампули, Matrigen ESR PDRN Ампулата е кремаста серумска формула која содржи висока концентрација на хидратантни и маслени компоненти. Оваа уникатна комбинација овозможува долготрајна хидратација, задржувајќи ја влагата во кожата како крем и давајќи и природен, здрав сјај.
Комплекс од моќни состојки за целосна нега:
Ова е идеален производ за оние кои:
Начин на употреба: Свртете го белото капаче на страната „Off“ за да ја отворите ампулата. Вметнете го шприцот во знакот крст (+) во центарот на гуменото капаче и повлечете го шприцот за да ја наполните ампулата. Нанесете ја ампулата на кожата и нежно масирајте додека целосно не се апсорбира. За најдобри резултати, користете редовно како дел од вашата дневна и ноќна рутина.
Со Matrigen E.S.R PDRN Ампулата, вашата кожа ќе биде подмладена, хидрирана и ќе зрачи со здрав сјај, подготвена да се соочи со предизвиците на секојдневното живеење!