-
Dr Colic Micelarna voda 3 u 1 200ml
690 денМицеларната вода на Dr Colic e 3 во 1 проивод кој, длабински ја чисти кожата и ја отстранува шминката од лицето и пределот околу очите без да предизвика иритација. Истовремено има функција на тонер кој ја хидрира и смирува кожата и не е потребно да се плакне од кожата.Внимателно избраните состојки придонесуваат за вашиот блескав тен. Хијалуронот ја хидрира кожата, зелениот чај смирува, а креатинот го стимулира производството на колаген и ги регенерира клетките на кожата.
Оваа мицеларна е наменета за сите типови кожа. Исто така е погодна за чувствителна кожа.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
▪️ Хијалуронската киселина продира длабоко во кожата и пружа долготрајна хидратација исто така ги намалува фините линии и длабоките брчки.▪️ Зелениот чај е антиоксидант кој ја штити кожата од слободните радикали, иато така ги смирува и ублажува воспалителните процеси на кожата.
▪️ Креатинот го стимулира производството на колаген и ги регенерира клетките на кожата.
-
Dr Colic New Skin Losion za eksfolijaciju kože 200ml
1.290 денNEW SKIN! Како што кажува самото име на производот, лосионот за ексфолијација на Dr Colic, NEW SKIN ќе ви помогне да ги намалите недостатоците на кожата и да добиете помазна, помека и посвежа кожа.
Содржи комплекс од хидрокси киселини кои помагаат да се елиминираат мртвите епидермални клетки, по што епидермисот се обновува со помлади и посилни клетки и кожата добива длабински подобрен тонус и еластичност. За време на пилингот, хидрокси киселините го претвораат кератинот од епидермисот во аминокиселини кои се основни состојки за природно навлажнување на кожата.
Покрај благиот хемиски пилинг, овој лосион го одржува балансот на pH вредноста, кој е неопходен за одржување на здравјето на кожата. Благодарение на секојдневното благо чистење, кожата се регенерира и тенот станува мат.
Се препорачува за комбинирана и мрсна кожа, како и за кожа склона кон акни.
ДЕЈСТВО:
Ги отстранува мртвите клетки
Ги намалува порите
Ги намалува оштетувањата на кожата.
Го намалува воспалението на кожата
Кожата ја прави помека и помазна
Ги намалува флеките и лузните
На кожата ѝ дава сјај
Ги намалува знаците на стареење
Ја подобрува хидратацијата
Го подобрува дејството на другите производи за нега -
Dr Colic Sun Protection Krema za lice sa zaštitnim faktorom 30
1.290 денЗаштитата на кожата на лицето од штетните UV зраци е важна како во лето, така и во зима, бидејки штетните UV зраци се присутни во текот на целата година и се главните причинители за предвременото стареење на кожата.
UVА зраците предизвикуваат стареење на кожата, додека UVB предизвикуваат изгореници. Но тука е Dr Colić Sun Protection крем за лице со уникатна комбинација на филтри и активни состојки кој обезбедува висока заштита од UVA и UVB сончеви зраци.
Dr Colić Sun Protection е водоотпорен крем за лице за заштита од сонце, со единствена комбинација на филтри и активни состојки. Обезбедува висока заштита од UVA и UVB сончеви зраци и го спречува стареењето на кожата.
Покрај филтрите кои ја штитат кожата од сонце, богат е и со активни состојки кои ги спречуваат првите знаци на стареење, интензивно ја хидрираат кожата, ја смируваат иритацијата и ја регенерираат кожата, обезбедувајќи свеж и младешки изглед на лицето.
Невидлив е на кожата и не остава бела трага, па затоа е погоден за заштита на лицето во текот на целата година.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
▪️ Хијалуронската киселина обезбедува интензивна хидратација и го спречува продлабочувањето на брчките, правејќи ја кожата мека и еластична.▪️ Витаминот Е е моќен антиоксидант, го поттикнува обновувањето на клетките преку стимулирање на метаболизмот на кислородот во клетките и на тој начин го спречува сушењето на кожата.
▪️ Хамамелисот има смирувачки ефект, има антибактериско и антиинфламаторно дејство.
▪️ Го стимулира имунолошкиот систем и видливо ја подобрува состојбата на чувствителната кожа. Има благотворно смирувачко и антиалергиско дејство и ги ублажува иритациите.
▪️ Пантенолот интензивно регенерира и ги отстранува оштетувањата на кожата.
▪️ Алантоинот ja смирува иритациjата, ја зголемува влажноста на кожата и ја прави помазна. Го стимулира отстранувањето на мртвите клетки од површината на кожата и го забрзува растот на ново и здраво ткиво. Штити од оштетување на клетките предизвикано од UV зрачењето.
-
Dr Colic Therapy Pure Krema za uklanjanje fleka na koži 40ml
1.190 денФлеките од сонце можат да исчезнат?Да, секако, Therapy Pure кремот со алфа арбутин на Dr Colic ефикасно ја отстранува хиперпигментацијата предизвикана од сонцето, ефикасен е во намалување на старечките дамки на лицето и телото, како и во отстранувањето на дамките предизвикани од бременост, терапија или акни.
ШТО Е АЛФА АРБУТИН?
Алфа арбутинот е природен антиоксидант познат по способноста да ја осветлува кожата. Природно се наоѓа во растението мечкино грозје. Го намалува формирањето на меланин и ја намалува појавата на старечки дамки, пеги, мелазма и постинфламаторна пигментација. -
-
-