-
DEAR, KLAIRS Supple Preparation Toner 30ml
430 денOriginal price was: 430 ден.323 денCurrent price is: 323 ден.Подгответе ја, хидрирајте ја и вратете ја еластичноста на вашата кожа со Supple Preparation Facial Toner. Jа балансира pH вредноста на кожата и ја подобрува ефикасноста на рутината за нега која следува, помагајќи да го извлечете најдоброто од производите од наредните чекори, како есенции, серуми или креми и да ја постигнете посакуваната состојба на кожата.
Содржи неколку клучни состојки како Phyto-Oligo кои ѝ обезбедуваат длабинска хидратација на кожата, како и пченични аминокиселини кои помогаат во намалување на воспалението на кожата.Брзо се апсорбира и обезбедува целосна хидратација продолжена за повеќе од 20% од вообичаените тонери со хијалуронска киселина и бета-глукан.
Направен со мешавина од различни растителни екстракти и смирувачки состојки, овој не иритирачки, хидратантен тонер е погоден за сите типови кожа, дури и за најчувствителните.
Нанесете од тонерот на чисто лице. Нежно тапкајте со дланките по целото лице додека не се впие целосно остатокот од производот.
-
DEAR, KLAIRS Supple Preparation Unscented Toner 150ml
1.110 денOriginal price was: 1.110 ден.833 денCurrent price is: 833 ден.Во потрага сте по тонер без есенцијални масла и без мирис? Дозволете да ви го претставиме Supple Preparation Unscented Toner, бестселер на популарниот корејски бренд Dear, Klairs. Тоа е тонер без мирис кој не содржи есенцијални масла, погоден за употреба кај сите типови кожа, а посебно кај чувствителната.
Овој тонер ја балансира pH вредноста на кожата и ја подобрува ефикасноста на целата рутина за нега која следува, помагајќи да го извлечете најдоброто од производите од наредните чекори, како есенции, серуми или креми и да ја постигнете посакуваната состојба на кожата.
Има нежна гел текстура, брзо се апсорбира и обезбедува целосна хидратација.
Овој хидратантен тонер е направен со мешавина од различни растителни екстракти и смирувачки состојки. Производот е vegan friendly.
-
DEAR, KLAIRS Supple Preparation Unscented Toner 30ml
430 денOriginal price was: 430 ден.323 денCurrent price is: 323 ден.Dear,Klairs Supple Preparation Unscented Toner е тонер без есенцијални масла чија формула има основа од различни растителни екстракти кои помагаат во балансирање на pH вредноста и на кожата ѝ пружаат потполна нега.
Клучни сосојки: натриум хијалуронат, бета-глукан, екстракт од Centella asiatica, Lipidure.
Употреба: Нанесете од тонерот на чисто лице. Нежно тапкајте со дланките по це- лото лице додека не се впие целосно остатокот од производот.
Состав: вода, бутилен гликол, диметил сулфон, бетаин, каприлен/капрински триглицерид, нато гума, натриум хијалуронат, динатриум EDTA, екстракт од Centella asiatica, екстракт од корен од Glycyrrhiza glabra (сладок корен), поликватерниум-51, хлорофенесин, токоферил ацетат, карбомер, пантенол, аргинин, екстракт од плод/лист/стебло од Luffa cylindrica, бета-глукан, екстракт од цвет од Althea rosea, екстракт од лист од Aloe barbadensis, хидроксиетилцелулоза, екстракт од Portulaca oleracea, лизин HCL, пролин, натриум аскорбил фосфат, ацетил метионин, теанин, бакар трипептид-1.
-
DEAR, KLEARS Fundamental Nourishing Eye Butter 20g
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.968 денCurrent price is: 968 ден.Фундаменталниот хранлив путер за очи на корејскиот бренд Dear, Klairs е дизајниран да ја обнови еластичноста и радијантноста на кожата околу очите, благодарение на мешавината на четири пептиди и богатиот антиоксидантен ориентален чаен комплекс. Од нежната, налик на путер формула, произлегува здрав изглед. Овој хидратантен путер за очи, содржи масло од сончогледово семе кое е богато со витамин А и витамин Е за заштита на тенката кожа околу вашите очи, а исто така, пептидите кои ги содржи (ацетил хексапептид-8, бакар трипептид-1, олигопептид-29, олигопептид-32), ги подобруваат фините линии. Овој вегански производ е наменет за сите видови на кожа, а меката текстура налик на путер, помага за производот брзо да се апсорбира. Доволно е богат, без да остави мрсна трага, па исто така се препорачува и за мрсна кожа. Не содржи вештачки бои и ароми, етанол или силиконски масла. Употреба: Нанесете соодветна количина од путерот и нежно тапкајте околу горната и долната очна област со прстите наутро и навечер, по нанесувањето на тонер. Може да се нанесе и по нанесувањето на фундаменталниот гел за очи. Совет: Путерот за очи, може да се нанесе и на други делови како вратот, назолабијалните набори итн. со цел подобрување на еластичноста на кожата и фините линии. -
DERMAGARDEN 3D Cell Repair Boost 50ml
2.490 денOriginal price was: 2.490 ден.1.868 денCurrent price is: 1.868 ден.Dermagarden 3D Cell Repair Boost е иновативен двокомпонентен серум кој ги комбинира моќта на серумот и исхраната на кремот. Благодарение на напредната 3D F-Modeling™ технологија, оваа формула овозможува симултано впивање на двете фази, обезбедувајќи интензивна хидратација, подобрување на еластичноста и обновување на кожната бариера без лепливо или масно чувство.
Кремот содржи високоактивни состојки како бакучиол, EGF и полинуклеотиди (PDRN / ДНК од лосос), кои нудат вистински резултати во борбата против брчките и губењето на еластичноста.
Клучни состојки:
- Бакучиолот (Bakuchiol) го стимулира производството на колаген и клеточната регенерација, ги намалува фините линии и брчки, ја зголемува еластичноста, ги редуцира пигментираните дамки и има моќно антиоксидантно и антиејџ дејство.
- EGF (Епидермален фактор на раст) го поттикнува брзото заздравување и регенерацијата на кожата.
- Sodium DNA (ДНК од лосос / PDRN) помага во обновувањето на клеттките, го поттикнува создавањето колаген и ја зголемува густината и еластичноста на кожата.
- Полиглутаминска киселина (Polyglutamic Acid) и хијалуронската киселина (Sodium Hyaluronate) обезбедуваат долготрајна, интензивна и длабинска хидратација.
- Хидрогенираниот лецитин (Hydrogenated Lecithin) му помага на ткивото подобро да ги апсорбира и задржи масните компоненти, брзо заштитувајќи ја сувата кожа.
- Екстрактите од алое (Aloe Barbadensis Leaf Extract) и тушт (Portulaca Oleracea Extract) моќно ја смируваат изритираната кожа и ѝ пружаат дополнителна влага.
- Вода од зелен чај (Camellia Sinensis Leaf Water) делува прочистувачки и антиоксидативно.
- Аденозин (Adenosine) ги измазнува брчките, го смирува црвенилото и ја зацврстува кожата.
За каков тип на кожа е наменет?
Производот е идеален за сите типови кожа, а посебно се препорачува за, зрела кожа со изразени брчки, фини линии и намалена еластичност, сува и дехидрирана кожа на која ѝ е потребно длабинско хранење и спречување на загубата на влага, чувствителна и иритирана кожа со склоност кон црвенила и потреба од брза обнова, кожа со нерамномерен тен која има потреба од измазнувачки ефект и намалување на темните дамки.
Начин на употреба: Наутро и навечер, по чистењето и тонирањето на лицето, нанесете соодветна количина од производот. Нежно вмасирајте го по целото лице до п целосно впивање.
-
DERMAGARDEN Aqua Cream 60g
1.390 денOriginal price was: 1.390 ден.1.043 денCurrent price is: 1.043 ден.Овој интензивно хидрирачки и смирувачки крем е специјално креиран за длабинско хидрирање, подобрување на еластичноста и подобрување на текстурата на кожата. Формулиран со моќни растителни екстракти и природни овлажнувачи, овој лесен кремаст гел ја зајакнува заштитната кожна бариера и обезбедува долготрајна хидратација без да остава масен или тежок слој.
Брзо се апсорбира во кожата, го решава проблемот со внатрешната сувост и ги смирува иритациите, враќајќи го балансот и природниот, мек и свеж сјај на лицето. Покрај тоа, кремот нуди ефикасно дејство за подобрување на тенот и измазнување на брчките.
Клучни состојки:
- Екстрактот од камилица (Chamomilla Recutita Flower/Leaf Extract) ги смирува иритациите, го намалува црвенилото и ѝ дава чувство на удобност на кожата.
- Екстрактот од мускатна жалфија (Salvia Sclarea Extract) го балансира лачењето на себум и го подобрува квалитетот на тенот.
- Водата од лаванда (Lavandula Angustifolia Flower Water) обезбедува смирувачки и прочистувачки својства.
- Екстрактот од хиацинт (Hyacinthus Orientalis Extract) ја хидрира и ја ревитализира уморната кожа со дехидриран изглед.
- Екстрактот од Borago Officinalis е богат со есенцијални масни киселини кои ја зајакнуваат кожната бариера и ја одржуваат еластичноста.
- Екстрактот од модрика (Centaurea Cyanus Flower Extract) нуди антиоксидантни придобивки кои ја посветлуваат и смируваат чувствителната кожа.
- Ниацинамидот (Niacinamide) и Аденозинот (Adenosine) го изедначуваат тенот, ги ублажуваат брчките и ја зацврстуваат површината на кожата.
- Хијалуронската кисечина (Sodium Hyaluronate) и алантоинот (Allantoin) овозможуваат длабинско навлажнување и задржување на влагата во текот на целиот ден.
Овој крем е идеален за сите типови кожа, а посебно за дехидрирана, сува, чувствителна и уморна кожа која има потреба од брзо освежување и влага.
Начин на употреба: Наутро и навечер, на чиста и сува кожа по нанесувањето на тонер (и серум), нанесете мала количина од кремот. Нежно вмасирајте ги лицето и вратот додека целосно не се впие. Во утринската рутина, по кремот нанесете и заштитен фактор (SPF).
Совет за максимален ефект: За уште подлабока хидратација и максимален ефект, користете го кремот во комбинација со Aqua серумот од истата линија.
-
DERMAGARDEN Aqua Serum 60ml
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.968 денCurrent price is: 968 ден.Овој интензивен хидратантен серум испорачува моментален бран на влажност, истовремено подобрувајќи ги тонот, текстурата и природниот сјај на кожата. Неговата лесна, брзоапсорбирачка и освежителна текстура длабински ја надополнува влагата во внатрешните слоеви и ја зајакнува заштитната бариера за да спречи дехидратација. Дизајниран да одржува здрав баланс помеѓу водата и маснотиите, овој серум нуди долготрајно чувство на удобност и заштита, оставајќи ја кожата кадифено мека, еластична и освежена.
Со редовно користење, серумот значително ќе ја подобри состојбата на вашата кожа, така што успешно ќе ја редуцира внатрешната сувост, ќе ја ублажи затегнатоста и ќе овозможи за затегната и мазна површина. Наместо груб, безживотен и уморен изглед, овој производ овозможува природна сјајност и подобрена флексибилност. Тој активно работи на смирување на иритациите и редуцирање на благите пигментации.
Дополнително, производот значително ќе ја зајакне заштитната кожна бариера, правејќи го епидермисот поотпорен на надворешни штетни влијанија и губење влага. Неговите моќни антиоксидативни и регенерирачки состојки нудат континуирана исхрана и поддршка на клетките. Крајниот резултат е видливо изедначен, длабоко навлажнет, смирен и подмладен тен.
Клучни состојки:
- Натриум хијалуронатот (Sodium Hyaluronate) длабински испорачува влага во подлабоките слоеви на кожата, создава хидратантен заштитен слој, ја зголемува еластичноста и ја зајакнува кожната бариера.
- Екстрактот од корен од бела дудинка (Morus Alba Root Extract) нуди моќна антиоксидативна заштита, го просветлува тенот, ги неутрализира надворешните иритации и ја смирува чувствителната кожа.
- Ниацинамидот (Niacinamide / Vitamin B3) го изедначува тонот на лицето, помага во намалување на хиперпигментациите, ги редуцира порите и ја подобрува заштитната кожна бариера за долготрајна влажност.
- Екстрактот од птичје гнездо (Swiftlet Nest Extract) е богат извор на протеини и фактори на раст кои ја подобруваат еластичноста, ја обновуваат текстурата и му даваат на лицето младешки сјај.
- Екстрактот од тушт (Portulaca Oleracea Extract) обезбедува длабоко смирувачко дејство, ги ублажува црвенилата и ги заштитува клетките од оксидативен стрес.
Овој серум е соодветен за сите типови кожа, а посебно за дехидрирана, сува, уморна или чувствителна кожа на која и е потребна интензивна хидратација и обнова на кожната бариера.
Начин на употреба: Наутро и навечер, по чистењето на лицето и нанесувањето тонер, нанесете соодветна количина од серумот на целото лице. Нежно вмасирајте со движења одвнатре кон надвор додека производот целосно не се впие.
Совет за ноќна нега: Во вечерната рутина, нанесете дополнителни 2 до 3 слоја на сувите или оштетените зони за интензивен хидратантен и смирувачки ефект во текот на ноќта.
-
DERMAGARDEN Bingha Soothing Cooling Mist 99ml
1.490 денOriginal price was: 1.490 ден.1.118 денCurrent price is: 1.118 ден.Овој иновативен мист-спреј кој има цврста гел-форма (Solid Ampoule Technology™), а при прскање се претвора во течност, пружа инстантно ладење, интензивна 72-часовна хидратација и моќно смирување на изритираната кожа. Формулиран со канадска глечерска вода и екстракт од француска спирулина, тој ја намалува температурата на кожата, го балансира односот на масло и вода и ја зајакнува кожната бариера до 350%.
Клучни состојки:
- Канадската глечерска вода (Canadian Glacier Water 850,000ppm) овозможува брзо впивање благодарение на нискомолекуларната структура, го намалува чувството на топлина и одржува 72-часовна хидратација во длабоките слоеви на кожата.
- Екстрактот од спирулина (French Spirulina / Ice Spirulina Complex™) е богат со фикоцијанин, протеини, аминокиселини и антиоксиданси кои ја регенерираат кожата и ја штитат од надворешни стресови.
- Еритритолот (Erythritol) пружа моментален разладувачки ефект, го спречува испарувањето на влагата и помага во стеснување на порите.
- Ниацинамидот (Niacinamide) го изедначува тенот, ја подобрува заштитната бариера и спречува појава на темни дамки.
- Аденозинот (Adenosine) делува против брчки и ја подобрува еластичноста и цврстината на кожата.
За каков тип на кожа е наменет?
Производот е соодветен за сите типови кожа, а посебно е идеален за загреана и изритирана кожа, бидејќи брзо ја намалува температурата и ги смирува црвенилата, дехидрирана и сува кожа, бидејќи задржува долготрајна влага до 72 часа без чувство на тежина, чувствителна и оштетена кожа, бидејќи ја зајакнува кожната бариера и штити од надворешни иританти, кожа склона кон прекумерно лачење себум, бидејќи обезбедува свежина и баланс на водата и маснотиите без да ги затвора порите.
Начин на употреба: Наутро и навечер, како прв чекор (наместо тонер) или како последен чекор од негата, испрскајте соодветна количина директно на лицето. Нежно втапкајте со дланките за подобро впивање. Може да се користи во текот на целиот ден преку шминка за инстант хидратација, фиксирање и дополнителен сјај.
-
DERMAGARDEN Clear Cream 50g
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.968 денCurrent price is: 968 ден.Овој балансирачки и смирувачки крем е специјално креиран за нега на проблематична, мрсна и чувствителна кожа. Неговата лесна текстура брзо се впива без да остава масен или леплив слој, овозможувајќи контрола на себумот и интензивна хидратација. Формулиран со чист екстракт од од алoe вера и моќни растителни состојки, кремот ефикасно ги намалува иритациите, ги отстранува црвенила и ја зајакнува заштитната кожна бариера од надворешни штетни влијанија.
Клучни состојки:
- Екстрактот од чист лист од алое (Aloe Barbadensis Leaf Extract) е богато со полисахариди, витамини и минерали кои брзо ја ладат и смируваат изритираната кожа и ја задржуваат влагата.
- Скваланот (Squalane) формира заштитен слој кој спречува испарување на влагата и ја обновува оштетената бариера без да ги затвора порите.
- Екстрактот од камилица (Chamomilla Recutita Flower Extract) ги намалува воспаленијата, црвенилото и чешањето, правејќи го тенот изедначен и светол.
- Маслото од семе од зелен чај (Camellia Sinensis Seed Oil) дејствува како моќен антиоксиданс кој ја зајакнува кожната бариера.
- Екстрактот од тушт (Portulaca Oleracea Extract) нуди противвоспалителни и антиоксидантни придобивки за чувствителна кожа.
- Маслото од еукалиптус (Eucalyptus Globulus Leaf Oil) дејствува прочистувачки и освежувачки врз масната и акнична кожа.
- Хијалуронската киселина (Sodium Hyaluronate) овозможува длабока и долготрајна хидратација за одржување на оптимален баланс на влага.
Начин на употреба: Наутро и навечер, како последен чекор од основната нега, нанесете соодветна количина од кремот рамномерно на целото лице. Нежно разнесете од внатрешниот кон надворешниот дел на лицето и тапкајте додека целосно не се впие.
Совет за максимален ефект: При вечерната рутина, нанесете 2 до 3 слоја директно на иритираните или оштетените делови од кожата за уште поефикасно смирување. За оптимални резултати, се препорачува комбинација со Clear серумот од истата линија.
-
DERMAGARDEN Clear Serum 60ml
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.968 денCurrent price is: 968 ден.Овој серум е формулиран за прочистување и смирување на мрсна, чувствителна и проблематична кожа склона на акни. Неговата лесна, брзоделувачка растителна формула помага во намалување на црвенилото, регулирање на порите и регулирање на вишокот себум, овозможувајќи оптимална хидратација без тежина. Со редовно користење, овој производ го врати нарушениот баланс помеѓу водата и маснотиите, овозможувајќи чист, здрав и уреден тен.
Серумот брзо се впива длабоко во епидермисот и ги намалува честите иритации. Наместо мрсен сјај и неправилности, оваа формула овозможува измазнување на текстурата, ублажување на воспаленијата и спречување на сувоста. Во исто време, ја зајакнува заштитната бариера и обезбедува долготрајно чувство на удобност.
Дополнително, неговите моќни растителни екстракти и антиоксиднтни состојки нудат континуирана нега и заштита од надворешни агресори. Крајниот резултат е видливо почиста, мазна, смирена и заштитена кожа.
Клучни состојки:
- Екстрактот од лист од јапонскo јаболкo (Diospyros Kaki Leaf Extract) е богат со антиоксиданси, ги стега порите, ги ублажува зацрвувањата и го подобрува тонот на лицето.
- Екстрактот од кинески сумак (Rhus Semialata Gall Extract) поседува природни антибактериски и астрингентни својства кои помагаат во контролата на маснотиите и спречувањето на нови неправилности.
- Екстрактот од тушт (Portulaca Oleracea Extract) обезбедува длабоко смирувачко и противвоспалително дејство, ги намалува иритациите и ја штити кожата од оксидативен стрес.
- Екстрактот од кора од бела бреза (Betula Platyphylla Japonica Bark Extract) ја детоксицира кожата, ја поддржува хидратацијата и ја зајакнува нејзината структура.
- Салицилната киселина (Salicylic Acid / BHA) ги чисти порите во длабочина, го отстранува вишокот себум и ја усовршува текстурата на кожата.
Овој серум е соодветен за сите типови кожа, а посебно за масна, комбинирана, чувствителна и проблематична кожа склона кон акни, црвенила и проширенипори.
Начин на употреба: Наутро и навечер, по чистењето на лицето и нанесувањето тонер, нанесете соодветна количина од серумот на целото лице. Нежно вмасирајте со движења одвнатре кон надвор додека производот целосно не се впие.
Совет за ноќна нега: Во вечерната рутина, нанесете дополнителни 2 до 3 слоја на оштетените, иритираните или проблематичните зони за интензивен смирувачки ефект во текот на ноќта.
-
DERMAGARDEN Enzyme Powder Cleanser 60g
1.590 денOriginal price was: 1.590 ден.1.193 денCurrent price is: 1.193 ден.Овој иновативен чистач во прав претставува моќно и исклучително нежно решение за секојдневно чистење и ексфолијација на кожата, специјално дизајниран да одговори на потребите на сите типови кожа. Неговата примарна улога е длабински да ги отстрани нечистотиите, вишокот себум и наталожените мртви клетки со помош на природни растителни ензими. Формулата се активира во контакт со вода, создавајќи луксузна и богата пена која овозможува темелно чистење без да предизвика ниту најмала иритација или сувост.
Со редовно користење, производот значително ќе ја подобри состојбата на вашата кожа, така што успешно ќе го раствори стврднатиот кератин и маснотиите кои ги затнуваат порите и предизвикуваат безживотен изглед. Наместо агресивно триење, овој ензимски прашок го измазнува релјефот на лицето и ја стимулира природната обнова на клетките. Кожата ја задржува својата оптимална хидратација, а збогатениот состав со смирувачки состојки помага во смирување на сите потенцијални црвенила.
Дополнително, производот значително ќе ја подобри мекоста и еластичноста на кожата, правејќи ја кадифено мазна и чиста на допир. Тој работи на прочистување и ревитализација на уморниот епидермис, што директно се одразува на целокупната свежина и сјај на кожата. Крајниот резултат е видливо посветол, изедначен и природно сјаен тен кој зрачи со здравје по секое миење.
Клучни состојки:
- Папаинот (Papain) е природен растителен ензим кој прави нежна ексфолијација, ефикасно ги отстранува мртвите клетки и го елиминира вишокот себум за постигнување на чист и мазен тен.
- Праводот од ориз (Oryза Sativa Rice Powder) ја негува кожата, нежно ги отстранува нечистотиите и помага во природното просветлување и изедначување на тенот.
- Хидролизираниот колаген (Hydrolyzed Collagen) длабински ја хидрира кожата и помага во одржувањето на нејзината еластичност, цврстина и младешка текстура.
- Трехалозата (Trehalose) делува како моќна заштита на влажниот слој кој спречува дехидратација и ја одржува кожата мека и заштитена за време на чистењето.
- Салицилната киселина (Salicylic Acid) навлегува подлабоко во порите, помага во нивно прочистување од митесери и го регулира лачењето на маснотии.
- Екстрактот од саликорнија (Salicornia Herbacea Extract) обезбедува силно антиоксидативно дејство, ја зајакнува кожната бариера и интензивно ја хидрира кожата.
Овој ензимски чистач во прав е соодветна за сите типови кожа.
Начин на употреба: Нанесете мала количина од прашокот на вашите дланки. Додадете малку млака вода и протријте ги рацете за да се развие богата и густа пена. Нежно масирајте ја пената на лицето со кружни движења, обрнувајќи посебно внимание на Т-зоната каде што порите се поизразени. Исплакнете темелно со млака топла вода и нежно исушете го лицето со тапкање со чиста крпа.
-
DERMAGARDEN Glutathione Cream 60g
1.490 денOriginal price was: 1.490 ден.1.118 денCurrent price is: 1.118 ден.Овој крем за обновување на кожата, намалување на хиперпигментацијата и уедначување на тенот содржи комбинација од 99% чист глутатион и екстракт од спирулина (Glu-Spirulina 38,500ppm). Кремот нуди моќна антиоксидантна заштита, го изедначува тенот и ја регенерира оштетената кожна бариера. Со помош на специјалната R-липозом технологија, активните состојки брзо и длабоко се впиваат во кожата без да остават лепливост, обезбедувајќи интензивна хидратација, затегнување и природен сјај.
Клучни состојки:
- Чистиот 99% глутатион (Glutathione 19,800ppm) го инхибира создавањето на меланин, ги намалува хиперпигментациите и флеките и има 100 пати посилно антиоксидантно дејство од витаминот Ц.
- Екстрактот од спирулина (Spirulina Platensis Extract 18,700ppm) ја ревитализира оштетената кожа, обезбедува длабинска антиоксидантна заштита и го забрзува процесот на смирување.
- Ниацинамидот (Niacinamide) делува синергиски со глутатионот за дополнително осветлување на тенот и зајакнување на заштитната бариера.
- Аденозинот (Adenosine) ги ублажува фините линии и брчки, враќајќи ѝ ја еластичноста и цврстината на кожата.
- Екстрактот од азиска центела (Centella Asiatica Extract) ги намалува црвенилaта, ги смирува иритациите и помага во брза регенерација на оштетените делови.
- Витаминот Ц (Ascorbic Acid) го стимулира производството на колаген и му дава младешка свежина и сјај на лицето.
- 10 Hydro Complex овозможува брза и брзоинфузна хидратација која спречува губење на влагата.
Кремот е соодветен за сите типови кожа, а посебно се препорачува за уморна кожа без сјај (дехидрирана кожа), за лица кои сакаат да му го вратат природниот сјај, свежината и виталноста на лицето, за кожа со хиперпигментација и темни дамки, бидејќи делува на изедначување на тенот, намалување на флеките од сонце, акни или старечки пеги, за оштетена и чувствителна кожа, бидејќи помага за регенерација, смирување на иритациите и зајакнување на ослабената кожна бариера, за зрела кожа (превенција и нега против брчки) на која ѝ е потребна подобрена еластичност, цврстина и намалување на фините линии.
Начин на употреба: Наутро и навечер, по чистењето и нанесувањето тоник и серум, како последен чекор од основната нега, нанесете соодветна количина од кремот на целото лице и вратот. Нежно разнесете од внатрешниот кон надворешниот дел на лицето и Tap-кајте додека целосно не се впие.
Совет за максимален ефект: При вечерната рутина, нанесете 2 до 3 слоја директно на засегнатите делови. За најдобри резултати, користете го во комбинација со Glutathione серумот од истата линија.