-
Yeouth Glycolic Acid 30% Gel Peel 30ml
2.360 ден1.888 ден𝗚𝗹𝘆𝗰𝗼𝗹𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝟯𝟬% 𝗚𝗲𝗹 𝗣𝗲𝗲𝗹 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 е производ кој го препорачуваме за поискусните skincare корисници. Тоа е пилинг гел со 30% гликолна киселина, ретинол и зелен чај.
Пилинг гелот со 30% гликолна киселина, ретинол и зелен чај на 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 ги ексфолира мртвите клетки на кожата за да открие посветла, порамномерна и помазна површина на кожата.
Овој пилинг исто така помага да се минимизираат порите, комедоните и акните. Може да очекувате видливо подобрување на изгледот на фините линии, брчките, хиперпигментацијата и целокупната текстура на кожата.
Бенефит:
▪️ Продира во подлабоките слоеви на кожата, ги отстранува мртвите клетки и ги чисти порите за да открие почиста кожа.
▪️ Поттикнува здраво создавање на колаген.
▪️ Ги намалува фините линии и брчките.
▪️ Помага да се изедначи тонот на кожата и да се избледи хиперпигментацијата и темните дамки.
▪️ Се бори со акните и комедоните.
▪️ Ги намалува порите.
▪️ Не содржи штетни состојки.
▪️ Дава загарантирани резултати.Употреба: Навлажнете го лицето и измијте го темелно. Нанесете го пилинг гелот на памучен тупфер и нанесете на лицето, избегнувајќи ја областа околу очите, ушите и усните. Пилинг гелот треба да стои на лицето само неколку минути и НЕ го оставајте повеќе од 8 минути. Исплакнете ја и темелно исчистете ја кожата со ладна вода. Во периодот кога го користите, мора задолжително да употебувате крем со заштитен фактор во текот на денот. Пред употреба мора да го прочитате деталното упаство и строго да се придржувате до него.
-
Yeouth Glycolic Acid Facial Toner 178ml
1.950 ден1.463 денЗа помазна и почиста кожа вклучете го во својата рутина за нега подмладувачкиот тонер со гликолна киселина на 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵.
𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗚𝗹𝘆𝗰𝗼𝗹𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗙𝗮𝗰𝗶𝗮𝗹 𝗧𝗼𝗻𝗲𝗿 нежно го отстранува надворешниот слој на кожата составен од мртви клетки за да открие почист и посјаен тен за младешки изглед на кожата.
Има уникатна напредна формула која вклучува гликолна киселина, алое вера, зелен чај и екстракт од леска за да ја ревитализира кожата, да ѝ даде чувство на свежина и здрав сјај.
Бенефит:
▪️ Помага во намалување на фините линии и брчки
▪️ Ја намалува појавата на проширени пори
▪️ Помага да се изедначи тонот на кожата и да се подобри изгледот на старечките дамки
▪️ Ја зголемува хидратацијата на кожата за помазна и попрефинета текстураКлучни состојки:
▪️ Гликолната киселина помага во ексфолијација на мртвите клетки на кожата за да се открие посвеж, помазен и посветол слој на кожата. Тоа помага да се зголеми производството на колаген за да се направи кожата поцврста, поеластична и помазна, со помалку фини линии и брчки.
▪️ Алое вера е разладувачка и навлажнувачка состојка која помага за смирување и хидратација на кожата. Ја прави кожата мека и свиленкаста.
▪️ Зелениот чај помага да се заштити и одржува кожата здрава со минимизирање на знаците на стареење. Тој е моќен антиоксидант кој ја штити од оштетувањата кои ги предизвикуваат слободните радикали.
▪️ Екстрактот од леска е состојка која ја смирува кожата. -
Yeouth Hyaluronic Acid Cream 30ml
2.699 ден1.899 денПочувствувај ја разликата кај твојата кожа со 𝗛𝘆𝗮𝗹𝘂𝗿𝗼𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 .
Овој богат и интензивен ноќен ќрем за жени и мажи ќе ја ревитализира вашата кожа додека спиете.
ДЕЈСТВО:
- Интензивно ја хидрира кожата.
- Ги намалува фините линии и брчките.
- Ја враќа цврстината на кожата и ја подобрува еластичноста.
Ги намалува темните дамки и го воедначува нерамномерниот тен.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
- Хијалуронската киселина интензивно хидрира и ја задржува влажноста во кожата. Кожата ја прави помазна и пополна и ја спречува појавата на брчки.
- Витаминот Ц го подобрува тенот и ја намалува хиперпигментацијата. Ја штити кожата од слободните радикали.
- Ферулинската киселина ја зголемува ефикасноста на витаминот ц и ја штити кожата од слободните радикали.
- Трипептидите ги подобруваат тонот и текстурата. Ја подобруваат еластичноста на кожата и ја спреќуваат појавата на брчки.
- Шиа путерот ја навлажнува и негува кожата.
-
YEOUTH Hyaluronic Acid Plus 30ml
2.740 ден1.970 денYeouth Hyaluronic Acid Plus на американскиот бренд Yeouth e серум со хијалуронска киселина, збогатен со витамин Ц и трипептиди.
ДЕЈСТВО:
- Ја подобрува хидратацијата.
- Ги намалува фините линии и брчките.
- Ја прави кожата помазна и пополна.
Ја подобрува еластичноста на кожата.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
- Хијалуронската киселина ја подобрува хидратацијата на кожата и ја прави пополна, посвежа и помазна. Ги намалува постоечките брчки и ја спречува појавата на нови.
- Витаминот Ц го подобрува тенот и ја намалува хиперпигментацијата. Тој е моќен антиоксидант и ја штити кожата од слободните радикали.
- Трипептид 31 е пептид со сличен ефект на ретинолот. Ги подобрува текстурата, тонот, цврстината и еластичноста на кожата, додека ги намалува фините линии и брчките.
Не содржи парфем, сликони и вештачки бои. Не содржи парабени, сулфати, минерални масла и било какви штетни или контроверзни состојки.
-
Yeouth Hydrating Self Tanning Lotion For Face And Body 222ml
2.813 ден2.250 денYEOUTH, Self Tanning Lotion for Face and Body, за блескав исончан тен на вашето лице и тело без изложување на UV зрачење, по само 6 часа по нанесувањето.
Составен од чисти вегански состојки, без парабени, овој хидратантен лосион за самопотемнување е погодни за сите типови кожа. Го подобруваат изгледот на кожата и помагаат да постигнете повооедначен тен, додека ја негуваат кожата.
Лосионот е некомедоген и може да се користи кај сите типови кожа, на лице и тело.
Дава исончан тен со природен изглед, без портокалова нијанса и без линии. Нема непријатен мирис и не содржат вештачки мириси. Лесно се впива во кожата.
Има хидратантна формула која кожата ја прави кадифено мека.
Хидратантната формула на овие капки вклучува:
- Хијалуронска киселина
- Шиа путер
- Какао путер
- Масло од јојоба
- Екстракт од центела
-
Yeouth Hydrating Self-Tanning Drops For Face And Body 30ml
2.813 ден2.250 денПостигнете блескав исончан тен на вашето лице и тело без изложување на UV зрачење со YEOUTH, Self Tanning Drops for Face and Body. Уживајте во летниот тен со природен изглед по само 6 часа од нанесувањето.
Составени од чисти вегански состојки, без парабени, овие хидратантни капки за самопотемнување се погодни за сите типови кожа. Го подобруваат изгледот на кожата и помагаат да постигнете повооедначен тен, додека ја негуваат кожата.
Даваат исончан тен со природен изглед, без портокалова нијанса и без линии. Немаат непријатен мирис и не содржат вештачки мириси. Лесно се впиваат во кожата.
Едноставно додадете неколку капки во вашиот вообичаен навлажнувач за нега на лицето или телото. Со додавање повеќе капки ќе постигнете потемен тен.
2-5 КАПКИ:
Како нежен допир од сонцето6-8 КАПКИ:
Златест тен9-12 КАПКИ:
Длабок бронзен тенХидратантната формула на овие капкивклучува:
- Екстракт од невен кој ја смирува кожата.
- Екстракт од зелен чај кој има антиоксидантно дејство
- Екстракт од краставица кој има хидрататни својства
- Eкстракт од алое за длабинска хидратација
-
Yeouth Neck Firming Cream 60ml
2.450 ден1.990 денПружете ѝ љубов на кожата на вратот и деколтето!
За совршена нега за зацврстување на вратот и деколтето ви го препорачуваме 𝗡𝗲𝗰𝗸 𝗙𝗶𝗿𝗺𝗶𝗻𝗴 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵.
Бенефит:
▪️ Ја намалува збчканоста на кожата
▪️ Ја зголемуа еластичноста
▪️ Видливо ги намалува вертикалните линии
▪️ Ги намалува брчките
▪️ Ги намалува старечките дамки
▪️ Ја прави кожата пополна и помазна
▪️ Ја зацврстува кожата
▪️ Ја подобрува линијата на вилицатаСовет: За повпечатливи резултати практикувајте и вежби за зацврстување на вратот.
Клучни состојки:
▪️ Опелин
▪️ Витамин Ц
▪️ Зелен чај -
Yeouth Niacinamide Serum 10% 30ml
1.685 ден𝗡𝗶𝗮𝗰𝗶𝗻𝗮𝗺𝗶𝗱𝗲 𝗦𝗲𝗿𝘂𝗺 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 е мултифункционален серум кој ќе ви помогне да таргетирате неколку разични прблеми на кожата наеднаш. Тој ќе ви помогне да постигнете помалку мрсна, помазна кожа, со помалку видливи пори и порамномерен тен.
Таргетира:
▪️ Прекумерно лачење маснотии
▪️ Проширени пори
▪️ Пигментирани дамкиToa e најноватa формулација на 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵, серум со 10% ниацинамид кој дејствува за постигнување здрава хидратација на кожата и тен кој е мазен, свеж и без пори!
Овој моќен серум комбинира 10% ниацинамид со хијалуронска киселина, алое вера, зелен чај и екстракт од сладок корен за да делува на балансирање на мастите кои ги создава кожата за да ѝ даде почист, посвеж и помладешки изглед.
Од овој серум посебно имаат бенефит оние кои имаат потреба од регулирање на балансот на маснотиите кои ги создава кожата, односно да го намалат прекумерното лачење на себум и да ги намалат проширените пори. Исто така ја намалува хиперпигментацијата и го подобрува тенот. Длабински ја хидрира кожата и ги намалува брчките и фините линии.
Дејство:
▪️ Го балансира прекумерното лачење маснотии.
▪️ Ги намалува зголемените пори
▪️ Го изедначува тенот
▪️ Ja подобрува хидратацијата
▪️ Ги намалува фините линии и брчкитеКлучни состојки:
▪️ 10% ниацинамид
▪️ хијалуронска киселина
▪️ екстракт од сладок корен
▪️ екстракт од зелен чај
▪️ алое вераОдлично се комбинира со серумите со витамин Ц, ретинол или хијалуронска киселина.
-
Yeouth Pure Hyaluronic Acid 30ml
1.590 ден1.399 денХидрираната кожа е среќна кожа! Хидрирајте ја кожата со моќниот, а сепак нежен серум 𝗣𝘂𝗿𝗲 𝗛𝘆𝗮𝗹𝘂𝗿𝗼𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 на 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 и спречете ја појавата на брчки.
Направен од 100% медицински чиста хијалуронска киселина, овој серум длабински ќе ја хидрира кожата за да го врати здравото ниво на влажност и еластичност.
Тоа е серум кој дава загарантирани резултати:
▪️ Ги пополнува брчките и фините линии
▪️ Ги одржува и зачувува еластичноста и цврстината на кожата
▪️ Ја прави кожата полна и свежа
▪️ Го стимулира создавањето на колаген
▪️ Ја спречува појавата на нови брчкиХијалуронската киселна е состојка природно присутна во кожата и таа ја задржува водата во кожата со што и дава полн и свеж изглед на кожата. Со текот на годините содржината на хијалуронска киселина во кожата се намалува и кожата го губи полниот изглед и свежината. Овој серум помага да се врати влажноста во сите слоеви на кожата. Тој го одржува природното ниво на влажност во кожата. Тоа помага за брз ефект на полн изглед на кожата, свежина и сјај.
-
Yeouth Radiance Eye Gel 30ml
2.360 ден1.799 денБез оглед на возраста, водете добра грижа за кожата во пределот околу очите бидејќи тоа е најделикатната кожа на телото. Таа е десет пати потенка од oстанатата кожа на лицето. Таа е воедно и едно од најекспонираните области на надворешни влијанија. Кожата околу очите е првата што покажува знаци на стареење како фини линии и брчки. Исто така е подложна на опуштање, подуеност и потемнување кога е многу изложена на сонце и не е соодветно негувана.
𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗥𝗮𝗱𝗶𝗮𝗻𝗰𝗲 𝗘𝘆𝗲 𝗚𝗲𝗹 е ултра хидратантен гел збогатен со хијалуронска киселина и трипептиди кој нуди решение за повеќе проблеми со кожата околу очите.
Таргетира:
▪️ Подуеност под очите
▪️ Темни кругови
▪️ Длабоки брчки и фини линииБенефит:
▪️ Интензивно ја хидрира нежната кожа во пределот околу очите за да ја одржува мека, мазна и полна
▪️ Го поттикнува создавањето на колаген и ја затегнува кожата околу очите
▪️ Помага во обновувањето и зајакнувањето на кожата за да се намали изгледот на брчките, линиите и подуените кесички
▪️ Ја штити кожата од оштетувањето кое го предизвикуваат слободните радикали
▪️ Ги намалува темните кругови околу очитеКлучни состојки:
▪️ Хијалуронската киселина интензивно ја хидрира кожата, така што таа станува видливо помазна и поцврста. Фините линии и брчки се омекнуваат преку повеќестепена хидратација на кожата и така се намалуваат.
▪️ Трипептидите се амино киселини кои продираат во нежната кожа на пределот околу очите за да го поттикнат создавањето на колаген и да го намалат изгледот на темните кругови. Имаат ефект на затегнување што помага да се подобри изгледот на опуштена и подуени кожа.
▪️ Дипептид-2 е состојка која ја поттикнува циркулацијата во лимфните садови со што ја намалува подуеноста под очите. -
Yeouth Retinol Eye Cream 30ml
1.795 ден1.499 денКажете им збогум на брчките, подуеноста и темните кругови околу очите.
Ви го препорачуваме моќниот 𝗥𝗲𝘁𝗶𝗻𝗼𝗹 𝗘𝘆𝗲 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵. Содржи 2,5% енкапсулиран ретинол, за моќно продолжено дејство без иритација.
Не содржи парфем и сликони. Не содржи парабени, сулфати, минерални масла и било какви штетни или контроверзни состојки.
Ретинолот припаѓа на семејството на витамини А. Тој е познат по својата способност да отстрани бројни недостатоци на кожата како фини линии, брчки, акни, лузни од акни, пигментирани дамки итн. Ја поттикнува синтезата на колаген и го забрзува циклусот на обновување на клетките.
-
Yeouth Retinol Moisturizer 30ml
1.950 ден1.690 денToa е специјален хидратантен крем формулиран да ги таргетира знаците на стареење, како што се фините линии и брчките. Ретинолот е облик на витамин А за кој се покажало дека го подобрува изгледот на кожата. Овој хидратантен крем содржи и хијалуронска киселина која помага да се одржи кожата хидрирана и полна, што може да го минимизира појавувањето на фини линии и брчки, женшен за да осветли и да ѝ даде на кожата позатегнат изглед. Зелениот чај ја ревитализира и навлажнува кожата. Тој е богат со антиоксиданти, кои можат да помогнат да се заштити кожата од оштетување предизвикано од стресот од околината.