-
SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Quick Clay Stick Mask 27g
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.968 денCurrent price is: 968 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Quick Clay Stick Mask е веганска маска од глина во практичен формат на стик, дизајнирана за брзо и лесно прочистување на порите и контрола на себумот. Оваа корејска маска комбинира моќни состојки за чистење со смирувачка нега, што ја прави идеална за сите типови кожа, вклучително и чувствителна. Форматот на стик овозможува прецизно нанесување без неред и контакт со рацете.
Маската содржи 5 видови глина (вклучувајќи 18% каолин и бентонит) кои делуваат како сунѓер за себумот, ефикасно апсорбирајќи го вишокот себум, нечистотии и комедоните. Клучна состојка за ексфолијација е правта од црвен грав (Phaseolus Angularis), кој нежно ги отстранува мртвите клетки на кожата за помазна текстура. Истовремено, хималајската розова сол, екстрактот од азиска центела (4,9%) и екстрактот од алое вера ја смируваат чувствителната кожа и обезбедуваат хидратација, со 30% хидратантна есенција во формулата.
Екстрактот од центела кој го содржи овој производ е екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој Clay Stick е наменет за мрсна, комбинирана и нормална кожа која бара ефикасно, но неиритирачко решение за стеснување на порите и отстранување на комедоните и намалување на видливоста на себацеозните филаменти. Себацеозните филаменти се составени од мешавина на себум и мртви клетки на кожата кои природно се собираат околу фоликулот на влакното. Тие не се „блокада“ на порите како комедонитте, туку дел од нормалната структура на порите, но нивната видливост може да се намали. Маската делуваза да ги направи порите почисти и помалку видливи.
Формулата е без вештачки мириси и бои и е безбедна за дневна употреба.
Клучни придобивки:
- Лесно и чисто нанесување благодарение на форматот на стик.
- Длабински ги чисти порите и ги апсорбира себумот и комедоните (со 5 типа глина).
- Ја намалува видливоста на себацеозните филаменти.
- Обезбедува блага физичка ексфолијација со прав од црвен грав.
- Ја смирува чувствителната кожа со екстрактите од азиска центела од Мадагаскар и алое вера.
- Го задржува нивото на влажност со 30% хидратантна есенција.
Клучни состојки:
- Centella Asiatica Extract (4,9%) е чист екстракт од центела од Мадагаскар која ја смирува и регенерира чувствителната кожа.
- Каолинот (8%), бентонитот, илитот, минтморилонитот и каламино се 5 видови глина кои ефикасно ги чистат затнатите пори и го апсорбираат вишокот себум.
- Phaseolus Angularis Seed Powder е прав од црвен грав кој служи како фин, нежен ексфолијант за отстранување на мртвите клетки.
- Хималајска розова сол која содржи 80 минерали помага во прочистување на порите.
- Aloe Barbadensis Leaf Extract е екстракт од алое вера кој дополнително ја хидрира и ја смирува кожата за време на чистењето.
- Каламинот е состојка која помага во смирување на иритацијата.
Начин на употреба: По миењето на лицето, нанесете ја маската директно од стикот на суво лице, избегнувајќи ги пределот околу очите и устата. Оставете ја да делува 3 до 5 минути. Исплакнете темелно со млака вода.
-
Sungboon Editor Deep Collagen Power Boosting Mask 37g
440 денOriginal price was: 440 ден.330 денCurrent price is: 330 ден. -
Synergy Therm Blemish Fight Routine (Exfoliate toner 100ml + Purifying Face Mask 50ml + Revive Serum 30ml)
1.900 денOriginal price was: 1.900 ден.1.425 денCurrent price is: 1.425 ден. -
Synergy Therm Purifying Face Mask (with salicylic acid, green clay and colloidal silver) 50ml
699 денOriginal price was: 699 ден.524 денCurrent price is: 524 ден. -
VT Cosmetics Collagen Reedle Shot EX Modelling Pack 25g
290 денOriginal price was: 290 ден.218 денCurrent price is: 218 ден.Земја на производство: Република Кореја -
Yeouth Dead Sea Mud Mask 240ml
1.950 денOriginal price was: 1.950 ден.1.463 денCurrent price is: 1.463 ден.Маската со кал од Мртво Море прави детоксификација на кожата со извлекување на токсините и нечистотиите заробени длабоко во порите на кожата. Во комбинација со хранливи витамини и минерали со хијалуронска киселина, алое, овесна каша и масло од авокадо, прави хидратација, смирување и балансирање на кожата. Длабински ги чисти затнатите пори, го намалува изгледот на фините линии и брчките, ја минимизира појавата на порите, ја подобрува текстурата на кожата. Резултатот е чист, свеж и тен.