-
Torriden Dive In Low Molecular Hyaluronic Acid Serum 50ml
1.880 денOriginal price was: 1.880 ден.1.200 денCurrent price is: 1.200 ден. -
VT Cosmetics Reedle Shot 100 50ml
2.790 денOriginal price was: 2.790 ден.2.590 денCurrent price is: 2.590 ден.VT Cosmetics Reedle Shot 100 Essence користи иновативна дерма технологија наречена Cica Reedle™, која вклучува микро-честички и природни состојки за подобра апсорпција и нежно стимулирање на кожата. Овој производ обезбедува лесен пилинг кој помага да се смири и измазни текстурираната и груба кожа, оставајќи ја мека и добро хидрирана. Екстракт од Centella Asiatica, три различни видови хијалуронска киселина и зелен прополис се комбинирани за да обезбедат длабинска хидратација и смирување. Дополнително, комплексот на аминокиселини ја зајакнува и штити кожната бариера. При апликација, може да се почувствува лесно пецкање.
-
VT Cosmetics Reedle Shot 1000 15ml
3.990 денOriginal price was: 3.990 ден.2.903 денCurrent price is: 2.903 ден.VT Cosmetics Reedle Shot 1000 е иновативен третман (серум) за нега на кожата кој го имитира ефектот на микронедлинг, овозможувајќи продлабочено продирање на активните состојки со ниска молекуларна тежина. Обогатен со микро-големински CICA REEDLE, керамид NP и комплекс на аминокиселини, овој серум ја зајакнува кожната бариера, ја подобрува хидратацијата и ја враќа природната сјајност.
Формулиран со ниацинамид за изедначување на тенот, мадеказосид за смирување и антиоксидантна заштита, како и прополис со антимикробни својства, Reedle Shot 1000 е совршен за чувствителна кожа која има потреба од длабинска регенерација.
Како се користи:
- Нанесете на чиста кожа како прв чекор по чистењето
- Лесно тапкајте со дланките или врвовите на прстите за подобра апсорпција
- Користете еднаш неделно, во вечерна рутина
- Избегнувајте комбинирање со други Reedle Shot производи освен верзијата 50
Благото пецкање по нанесувањето е нормално и укажува на активното дејство на формулата. За оптимални резултати, препорачуваме постепено воведување со користење на послабите верзии, како Reedle Shot 50 или 100, пред да преминете на оваа напредна формула.
-
VT Cosmetics Reedle Shot 300 50ml
3.500 денOriginal price was: 3.500 ден.2.790 денCurrent price is: 2.790 ден.Земја на производство: Република Кореја -
VT Cosmetics Reedle Shot 50 50ml
2.490 денOriginal price was: 2.490 ден.2.390 денCurrent price is: 2.390 ден.Оваа ампула е збогатена со патентираната состојка Cicahyalon™, која вклучува екстракт од Centella Asiatica, тројна хијалуронска киселина, Centella 4X комплекс и зелен прополис, нудејќи ефикасно смирување и интензивна хидратација на кожата. Благодарение на технологијата Cica Reedle™ со микро игли, активните состојки лесно продираат длабоко во кожата, овозможувајќи оптимални резултати. Во составот се вклучени ниацинамид и аденозин, кои ја подобруваат осветленоста и еластичноста на кожата, оставајќи ја мазна и полна.
Овој производ е безбеден за употреба на чувствителна кожа и е идеален за утринска рутина. CICA REEDLE технологијата помага во подобрување на апсорпцијата и ја активира кожата за одржување на здрав ритам. Ампулата е инфузирана со аквапорин, астаксантин и екстракт од алое вера, кои обезбедуваат длабока хидратација, смирување и енергија на кожата. Благодарение на смирувачките својства на CICA, производот ја поддржува апсорпцијата на активните состојки и ја разбудува кожата за свеж и здрав изглед.
Производот е огоден за употреба на чувствителна кожа и во утринската рутина.
-
Yeouth Anti-Aging Super Serum 30ml
2.699 денOriginal price was: 2.699 ден.1.899 денCurrent price is: 1.899 ден.Овој серум е формулиран за да помогне во борбата против знаците на стареење и да го подобри изгледот на кожата. Богат со моќна мешавина на хранливи состојки, овој серум помага во хидратација и зајакнување на кожата, додека ја намалува појавата на фини линии и брчки. Богат е со хијалуронска киселина, која помага да се хидрира кожата, правејќи ја пополна и посјајна. Витаминот Ц и Е, ферулинската киселина и шиа путер дејствуваат заедно за да ја заштитат кожата од оштетување, да помогнат да се изедначи тонот на кожата и да се подобри целокупниот изглед на текстурата и цврстината на кожата. Трипептид-31 придонесува кожата да изгледа поеластично со помалку појава на фини линии и брчки.
-
YEOUTH Hyaluronic Acid Plus 30ml
2.740 денOriginal price was: 2.740 ден.1.970 денCurrent price is: 1.970 ден.Yeouth Hyaluronic Acid Plus на американскиот бренд Yeouth e серум со хијалуронска киселина, збогатен со витамин Ц и трипептиди.
ДЕЈСТВО:
- Ја подобрува хидратацијата.
- Ги намалува фините линии и брчките.
- Ја прави кожата помазна и пополна.
Ја подобрува еластичноста на кожата.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
- Хијалуронската киселина ја подобрува хидратацијата на кожата и ја прави пополна, посвежа и помазна. Ги намалува постоечките брчки и ја спречува појавата на нови.
- Витаминот Ц го подобрува тенот и ја намалува хиперпигментацијата. Тој е моќен антиоксидант и ја штити кожата од слободните радикали.
- Трипептид 31 е пептид со сличен ефект на ретинолот. Ги подобрува текстурата, тонот, цврстината и еластичноста на кожата, додека ги намалува фините линии и брчките.
Не содржи парфем, сликони и вештачки бои. Не содржи парабени, сулфати, минерални масла и било какви штетни или контроверзни состојки.
-
Yeouth Niacinamide Serum 10% 30ml
1.685 ден𝗡𝗶𝗮𝗰𝗶𝗻𝗮𝗺𝗶𝗱𝗲 𝗦𝗲𝗿𝘂𝗺 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 е мултифункционален серум кој ќе ви помогне да таргетирате неколку разични прблеми на кожата наеднаш. Тој ќе ви помогне да постигнете помалку мрсна, помазна кожа, со помалку видливи пори и порамномерен тен.
Таргетира:
▪️ Прекумерно лачење маснотии
▪️ Проширени пори
▪️ Пигментирани дамкиToa e најноватa формулација на 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵, серум со 10% ниацинамид кој дејствува за постигнување здрава хидратација на кожата и тен кој е мазен, свеж и без пори!
Овој моќен серум комбинира 10% ниацинамид со хијалуронска киселина, алое вера, зелен чај и екстракт од сладок корен за да делува на балансирање на мастите кои ги создава кожата за да ѝ даде почист, посвеж и помладешки изглед.
Од овој серум посебно имаат бенефит оние кои имаат потреба од регулирање на балансот на маснотиите кои ги создава кожата, односно да го намалат прекумерното лачење на себум и да ги намалат проширените пори. Исто така ја намалува хиперпигментацијата и го подобрува тенот. Длабински ја хидрира кожата и ги намалува брчките и фините линии.
Дејство:
▪️ Го балансира прекумерното лачење маснотии.
▪️ Ги намалува зголемените пори
▪️ Го изедначува тенот
▪️ Ja подобрува хидратацијата
▪️ Ги намалува фините линии и брчкитеКлучни состојки:
▪️ 10% ниацинамид
▪️ хијалуронска киселина
▪️ екстракт од сладок корен
▪️ екстракт од зелен чај
▪️ алое вераОдлично се комбинира со серумите со витамин Ц, ретинол или хијалуронска киселина.
-
Yeouth Pure Hyaluronic Acid 30ml
1.590 денOriginal price was: 1.590 ден.1.399 денCurrent price is: 1.399 ден.Хидрираната кожа е среќна кожа! Хидрирајте ја кожата со моќниот, а сепак нежен серум 𝗣𝘂𝗿𝗲 𝗛𝘆𝗮𝗹𝘂𝗿𝗼𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 на 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 и спречете ја појавата на брчки.
Направен од 100% медицински чиста хијалуронска киселина, овој серум длабински ќе ја хидрира кожата за да го врати здравото ниво на влажност и еластичност.
Тоа е серум кој дава загарантирани резултати:
▪️ Ги пополнува брчките и фините линии
▪️ Ги одржува и зачувува еластичноста и цврстината на кожата
▪️ Ја прави кожата полна и свежа
▪️ Го стимулира создавањето на колаген
▪️ Ја спречува појавата на нови брчкиХијалуронската киселна е состојка природно присутна во кожата и таа ја задржува водата во кожата со што и дава полн и свеж изглед на кожата. Со текот на годините содржината на хијалуронска киселина во кожата се намалува и кожата го губи полниот изглед и свежината. Овој серум помага да се врати влажноста во сите слоеви на кожата. Тој го одржува природното ниво на влажност во кожата. Тоа помага за брз ефект на полн изглед на кожата, свежина и сјај.
-
Yeouth Retinol Serum 30ml
1.990 денOriginal price was: 1.990 ден.1.890 денCurrent price is: 1.890 ден.Што го прави посебен ретинол серумот на 𝗬𝗘𝗢𝗨𝗧𝗛?
Тоа е моќен серум за борба против брчките, кој не само што ја спречува појавата на нови брчки, туку ДАВА ВПЕЧАТЛИВО ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ во намалување на постоечките брчки.
За разлика од најголемиот број ретинол серуми на пазарот, ретинол серумот на 𝗬𝗘𝗢𝗨𝗧𝗛 НЕ СОДРЖИ МАСЛА, што го прави погоден за сите типови кожа, вклучително и за комбинирана и мрсна кожа. Тоа е најдобар избор на серум за сите оние кои преферираат производи без масла.
Содржи 2.5% енкапсулиран ретинол, која е најпрепорачаната варијанта на ретинол денес за да се избегне иритација. Кај енкапсулираниот ретинол, активната состојка е обвиткана во заштитна материја или капсула, која е навлажнувачка материја и има способност да продре подлабоко низ слоевите на кожата пред да се ослободи активната состојка и да почне да делува. На овој начин ретинолот се ослободува подлабоко во кожата и постепено со текот на времето без да предизвика иритација, а со голема ефикасност.
Има едноставна формула од само 12 состојки, која ги исклучува сите непотребни состојки, со што се намалува ризикот од иритација и појава на алергија.
Не содржи парфем, масла и сликони. Не содржи парабени, сулфати, минерални масла и било какви штетни или контроверзни состојки.
Клучни состојки:
▪️ ретинол
▪️ хијалуронска киселина
▪️ витамин Е
▪️ алое вера -
Yeouth Salicylic Acid Gel Peel 30ml
2.360 денOriginal price was: 2.360 ден.1.888 денCurrent price is: 1.888 ден. -
Yeouth Vitamin C&E Serum 30ml
1.610 денOriginal price was: 1.610 ден.1.390 денCurrent price is: 1.390 ден.Вратете го младешкиот сјај на вашата кожа со серумот со витамин Ц, витамин Е и хијалуронска киселина на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵.
𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗩𝗶𝘁𝗮𝗺𝗶𝗻 𝗖&𝗘 𝗦𝗲𝗿𝘂𝗺 ги подобрува тонот и текстурата на кожата додека длабински ја хидрира дехидрираната кожа, ја враќа еластичноста на кожата, ја спречува појавата на брчки, ги неутрализира слободните радикали и ги спречува оштетувањата кои тие ги предизвикуваат.
Направен е со витамин Ц со медицински степен на чистота, што е гаранција за неговата поголема ефикасност.
Има уникатна мултифункционална формула која комбинира Витамин Ц, Витамин Е и хијалуронска киселина за подобрување на кожата од повеќе аспекти и зголемување на дејството а витаминот Ц и витаминот Е.
Познато е синергетското дејство на витаминот Ц и витаминот Е. Кога се употребуваат заедно нивната ефикасност се зголемува. Антиоксидантното дејство на витаминот Е може да се надоплони со витаминот Ц. Витаминот Ц го ослободува оксидираниот витамин Е и го враќа во неговата првобитна состојба, со тоа ја враќа неговата моќ да го спречува дејството на слободните радикали. На тој начин го превенира оштетувањето на клетките и стареењето на кожата. Кога кожата е ослободена од слободните радикали, се зголемува способноста на витаминот Ц за делување, односно во поефикасно осветлување на кожата и подобрување на тенот.
▪️ Витаминот Ц помага во избледување на хиперпигментацијата и темните дамки, ја ревитализира кожата, ја спречува појавата на брчки и ѝ ја враќа еластичноста.
▪️ Витаминот Е е моќен антиоксидант кој ја штити кожата од штетните влијанија на агресорите од околината.
▪️ Хијалуронската киселина навлегува длабоко во кожата за да ја хидрира кожата и да ѝ ја врати еластичноста. Таа ја одржува кожата полна и свежа и ја спречува појавата на брчки.
Безбеден е за секојдневна употреба.
-
Your Vegan The Rice Bran Ampoule 45ml
970 денOriginal price was: 970 ден.890 денCurrent price is: 890 ден.The Rice Bran Ampoule на корејскиот бренд Your Vegan е тука за да ги задоволи комплексните потреби на вашата кожа и таа да заблеска во право светло.
Тоа е производ кој:
- Го подобрува и воедначува тенот
- Ги прочистува и одржува порите
- Ја спречува појавата на комедони и акни
- Ја хидрира кожата
- Ѝ дава свежина и сјај на кожата
- Ја смирува иритацијата и црвенилото
- Ги отстранува мртвите клетки од кожата
- Ја подобрува текстурата
Клучни состојки:
- Вода од оризови трици содржи голема количина на висококвалитетни протеини и витамини. Уште од античко време, водата од оризовите трици се користелаза зајакнување на кожата, особено за осветлување и подобрување на еластичност. Оваа состојка е позната по тоа што го осветлува тонот на кожата и помагаат во справувањето со флеките како што се старечки флеки, траги од акни и нерамномерен тен. Ја прави кожата повоедначена, почиста и посјајна, ја подобрува нејзината хидратација и помага во обновување на кожната бариера.
- AHA и PHA нежно ги отстрануваат мртвите клетки од кожата со што ја подобруваат текстурата, го подобруваат тенот и го спречуваат затнувањето на порите.
- Екстрактот од азиска центела, мадекасозидот и азиатикозидот ги смируваат иритацијата и црвенилото.
- Екстрактот од тушт има антивоспалително, смирувачко, хидратантно и антиоксидантно дејство, а исто така го подобрува тенот.
- Екстрактот од гранче на бреза има прочистувачко, смирувачко и хидратантно дејство.
- Бета-глуканот ја подобрува хидратацијата.
- Церамидите ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата.
-
Your Vegan The Tea Tree Moisture Glow Ampoule 45ml
1.150 денOriginal price was: 1.150 ден.950 денCurrent price is: 950 ден.Хидратација, смирување и грижа за порите во еденa моќна ампула.
Откријте го врвното решение за смирување и хидратација на кожата со оваа лесна, но моќна ампула. Формулирана со 71% вода од чајно дрво, ја чисти, освежува и смирува кожата, го намалува црвенилото и стимулира чиста и здрава текстура. Дизајнирана за балансирање на лачењето на себум, минимизирање на порите и длабинска хидратација, оваа ампула е совршена за масна, чувствителна и сите типови кожа.
Главни придобивки
- Смирување и хидратација – Ги намалува иритациите и ја задржува влагата во кожата
- Грижа за порите – Ги прочистува и минимизира порите
- Намалување на црвенилото – Ја смирува и балансира кожата
Одговара за
- Масна кожа
- Чувствителна кожа
- Сите типови кожа
Клучни состојки
- Вода од чајно дрво (71%) – Ја прочистува кожата и создава чист и смирен тен
- Глицерин – Ја хидрира кожата, ја одржува нејзината еластичност и помага во намалување на фините брчки и сувоста
- Мадекасозид – Го спречува задебелувањето на кожата и затнувањето на порите
- Ниацинамид – Ја подобрува текстурата на кожата и ја намалува појавата на проширени пори
Дополнителни карактеристики
- Сертифицирано од Англиското веганско здружение
- Безбедносно и хипоалергиско тестирано
- Без тестирање на животни
Начин на употреба
Нанесете соодветна количина на целото лице наутро и навечер, како дел од вашата рутина за нега на кожа. Нежно тапкајте за подобра апсорпција.
Обезбедете ѝ на вашата кожа совршен баланс на хидратација, грижа за порите и смирување со оваа веганска, нежна и високо ефикасна ампула.
-
Your VeganSpot Correcting Serum (Niacinamide 10%) 30ml
1.390 денOriginal price was: 1.390 ден.949 денCurrent price is: 949 ден.Серум со 10% ниацинамид за изедначување на тенот и сјајна кожа
Your Vegan Niacinamide Glow Serum е високо концентриран серум со 10% ниацинамид кој ефикасно се грижи за лузните од акни, темните дамки и нерамномерниот тен. Формулиран со вегански состојки, овој серум ја враќа природната свежина и сјај на кожата.
Придобивки
- Ги коригира лузните од акни, темните дамки и несовршеностите
- Го изедначува тенот и ја намалува хиперпигментацијата
- Обезбедува хидратација за мека и здрава кожа
Тип на кожа
- Кожа склона кон акни
- Чувствителна кожа
- Сите типови кожа
Клучни состојки
- Ниацинамид 71% – Помага во корекција на темните дамки, подобрување на пигментацијата и изедначување на тенот.
- Глицерин – Ја хидрира кожата, одржувајќи ја здрава и ја подобрува еластичноста, спречувајќи сувост и фини линии.
- Аденозин – Ја намалува појавата на брчки, ја подобрува мазноста на кожата и ја стимулира продукцијата на колаген.
Сертификати и безбедност
- Вегански производ
- Клинички тестиран
- Без тестирање на животни
Како да го користите
По чистење и тонирање на кожата, нанесете неколку капки серум и нежно тапкајте за подобро впивање. Завршете со хидратантен крем.
Изедначете го тенот и вратете ѝ ја природната свежина на вашата кожа.