-
SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Clear Toner 210ml
1.550 денSKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Clear Toner е освежителен тонер кој ефикасно помага во намалување на видливоста на проширените пори и ја подобрува текстурата на кожата.
Овој корејски тонер содржи моќна комбинација од состојки за прочистување на порите и смирување на кожата, што го прави идеален за мрсна и комбинирана кожа. Тој има водена текстура која освежува и ефикасно ги отстранува преостанатите нечистотии по чистењето. Може да се анесува со дланки и со нежно тапкање или со пребришување со памучен тупфер за нежна механичка ексфолијација. Формулата е збогатена со хималајска розова сол, која е богата со преку 80 видови минерали и помага во длабинско отстранување на нечистотиите од порите. Клучна компонента е и 4-НА комплексот од киселини (AHA, BHA, PHA, LHA), кој овозможува нежна ексфолијација на повеќе нивоа, отстранувајќи ги мртвите клетки и спречувајќи затнување.
Присуството на екстракт од азиска центела од Мадагаскар гарантира смирувачки ефект, спречувајќи ја иритацијата. Тонерот е богат со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој тонер е наменет за мрсна, комбинирана и нормална кожа, особено за оние кои имаат проблеми со проширени пори, вишок себум и нерамна текстура. Тој е совршен за секој што бара производ за контрола на маснотијата и прочистување на порите, истовремено одржувајќи ја кожата хидрирана и смирена.
Клучни придобивки:
- Ефикасно помага во стеснување на проширените пори и ја измазнува текстурата.
- Длабински ги чисти порите и ги отстранува нечистотиите со хималајска розова сол.
- Обезбедува нежна ексфолијација и отстранување на мртви клетки со 4-НА комплексот од киселини (AHA, BHA, PHA, LHA).
- Ја контролира маснотијата и го балансира себумот.
- Има смирувачко дејство благодарение на Centella Asiatica.
Клучни состојки:
- Centella Asiatica Extract е чист екстракт од центела од Мадагаскар која ја смирува кожата и обезбедува антиинфламаторна нега.
- Mineral Salts (хималајска розова сол) се богати со 80 минерали кои помагаат во прочистувањето на порите и отстранувањето на длабоките нечистотии.
- 4-HA Complex (Citric Acid (AHA), Salicylic Acid (BHA), Gluconolactone (PHA), Capryloyl Salicylic Acid (LHA)) е комплексот од киселини кој овозможува нежна ексфолијација на повеќе нивоа.
- Salix Alba (Willow) Bark Extract е екстракт од кора од бела врба кој е природен извор на салицилна киселина и помага во чистење на порите.
- Алантоинот, пантенолот (Провитамин Б5) и хијалуронската киселина обезбедуваат смирување, хидратација и заштита на бариерата.
Начин на употреба: По чистењето на лицето, нанесете соодветна количина од тонерот на памучна подлога или директно на дланките. Нежно поминете преку лицето, избегнувајќи го пределот околу очите, за да ги отстраните преостанатите нечистотии и мртвите клетки. Продолжете со серум и хидратантен крем.
- Ефикасно помага во стеснување на проширените пори и ја измазнува текстурата.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Probio-Cica Essence Toner 210ml
1.302 денSKIN1004 Madagascar Centella Probio-Cica Essence Toner 210ml е тонер за зајакнување на бариерата на кожата.
Тоа е е богат тонер со конзистенција на есенција кој е дизајниран да ја смири и длабински да ја хидрира кожата, истовремено зајакнувајќи ја нејзината природна бариера. Овој корејски тонер комбинира иновативна Probio-Cica формула со ферментиран екстракт од Centella Asiatica од Мадагаскар што содржи пробиотици и церамиди за да обезбеди комплетна обновувачка нега. Тој има текстура која брзо се апсорбира, нудејќи ја хранливоста на есенција без чувство на лепливост.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Формулата содржи патентиран комплекс кој е одговорен за одржување на правилен микробиом и pH баланс на кожата, со што се зголемува отпорноста кон надворешните фактори. Содржи хијалуронска киселина со р различни молекуларни тежини кои продираат до различните слоеви на кожата за да обезбедат хидратација од подлабоките слоеи до површината. Содржи и Ceramide NP и фитостероли кои ја зајакнуваат и ја обновуваат оштетената кожна бариера. Ферментираната центела има и антибактериско дејство и го намалува воспалението.
Овој тонер е наменет за сува, нормална и комбинирана кожа, особено за оние кои имаат осетлива, иритирана или ослабена бариера. Тој е идеален за секој што бара производ со моќно хидрирачко и регенерирачко дејство кое истовремено делува и антиејџ.
Клучни придобивки:
- Интензивно ја смирува и ја регенерира кожата со ферментирана Centella Asiatica (од Мадагаскар).
- Ја зајакнува кожната бариера и ја зголемува отпорноста на надворешни фактори (со церамиди и пробиотици).
- Обезбедува длабинска хидратација со 5 типа на хијалуронска киселина со различна молекуларна тежина.
- Одржува правилен микробиом и pH баланс на кожата.
- Има антиејџ и регенеративен ефект.
Клучни состојки:
- Lactobacillus/Centella Asiatica Extract Ferment Filtrate е филтрат од ферментиран екстракт од центела која обезбедува максимален смирувачки ефект, ја одржува здравата бариера и има антибактериско дејство.
- Церамид NP, сукроза дистеарат и фитосфингозин се состојки кои ја зајакнуваат кожната бариера и спречуваат губење на влагата.
- Комплексот од 5 типа хијалуронска киселини кој обезбедува повеќеслојна хидратација одвнатре кон надвор благодарение на различната молекуларна тежина и способност за различно продирање низ слоевите на кожата.
- Мадекасинската киселина, азиатикозидот и азиатичната киселина се клучни деривати од центела кои имаат антиоксидантни и регенеративни својства.
- Ниацинамидот (витамин Б3) ја подобрува еластичноста и го осветлува тенот.
- Пантенолот (провитамин Б5) и трехалозата дополнително ја хидрираат и ја смируваат кожата.
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од тонерот директно на дланката или на памучен тупфер и нанесете го производот. Ако го нанесувате со дланки нежно тапкајте или втријте го на лицето и вратот за да се апсорбира целосно. Може да го нанесувате со прбришување со памучен тупфер, што помага за нежна механичка ексфолијација. Користете како прв чекор по чистењето, наутро и навечер.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Quick Calming Pad (70 pads) 130g
1.290 денОткријте го брзиот и ефикасен начин за смирување на иритирана кожа со SKIN1004 Centella Quick Calming Pad, интензивно навлажнувачки и смирувачки тонер тупфери натопени со богата есенција од мадагаскарска азиска центела, пантенол и хијалурон. Дизајнирани за чувствителна, нормална и комбинирана кожа, овие практични подлоги обезбедуваат моментален ефект за само неколку минути.
Богати се со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Клучни придобивки:
- Ја смируваат и навлажнуваат кожата за само 3–5 минути.
- Тупферите со три слоја подобро ја задржуваат и рамномерно ја распоредуваат есенцијата.
- Имаат погодна форма на полумесечина за лесно нанесување околу очите и носот.
- Нудат алтернатива на лист-маските, но со многу поедноставна и побрза примена.
- Формулата содржи само 10 безбедни состојки (EWG зелена оценка) што ја прави идеална за чувствителна кожа.
Клучни состојки:
- Екстрактот од азиска центела (Centella asiatica extract 15,000 ppm) го поттикнува создавањето на колаген, ја обновува и смирува кожата, а воедно делува и антиоксидативно.
- Пантенолот (5,000 ppm) длабински ја навлажнува кожата и ја зајакнува нејзината бариера.
- Натриум хијалуронатот (1,000 ppm) е нискомолекуларна хијалуронска киселина која овозможува долготрајна хидратација и подобрување на еластичноста на кожата.
Погодни за типови на кожа, чувствителна, нормална и комбинирана кожа.
Начин на употреба: Ставете тупфери на образите, челото или на посебни проблематични зони и оставете ги да делуваат 3 до 5 минути. Потоа отстранете ги и тапкајте ја преостанатата есенција за подобра апсорпција. По отворање, чувајте ги внатрешното капаче и пинцетата во пакувањето за лесна и хигиенска употреба. Исто така со овие тупфери може да го пребришувате лицето.
Совршено решение за секојдневна нега, SKIN1004 Centella Quick Calming Pad е идеален избор за оние кои сакаат брзо освежување на кожата без комплицирани чекори, совршен додаток во секоја рутина за нега.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Purifying Toner 210ml
1.390 денSKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Purifying Toner e прочистувачки тонер за балансирана и чиста кожа.
Овој тонер е препорачан чекор во рутината за секој кој се бори со мрсна кожа и чести воспаленија.
Овој корејски тонер е специјално креиран за да ја прочисти кожата, да го отстрани вишокот себум и да го изедначи тенот без да предизвика иритација. Неговата водена и лесна текстура се апсорбира речиси моментално, оставајќи го лицето свежо, хидрирано и подготвено за следните чекори од негата. Она што го прави овој тонер исклучително ефикасен е комбинацијата на БХА (салицилна киселина) и моќниот Tea-Trica комплекс, кој вклучува вода од чајно дрво и екстракт од центела од Мадагаскар. Тој дејствува директно на порите, каде го регулира создавањето на себум, ги отстранува мртвите клетки со што го спречува затнуваето на порите и го спречува создавањето на комедони и нови акни преку длабинско чистење на нечистотиите.
Со редовна употреба, овој тонер помага во воспоставување на идеална рамнотежа помеѓу мастите и влагата во кожата, што резултира со посветол и помазен изглед на лицето. Мадагаскарската Centella asiatica која ја содржи овој производ се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој SKIN1004 прочистувачки тонер е клинички тестиран како хипоалерген и не-комедоген производ, што го прави совршен избор за мрсна, комбинирана и кожа склона кон акни, вклучувајќи ги и најчувствителните типови.
Клучни придобивки:
- Овој тонер ефикасно ги отстранува мртвите клетки и вишокот себум, со што ја прави кожата помазна и помалку масна.
- БХА киселината во составот помага во темелно одзатнување на порите и спречува акумулација на нови нечистотии.
- Tea-Trica комплексот кој вклучува вода од чајно дрво и екстракт од центела од Мадагаскар овозможува брзо смирување на иритациите и ги намалува воспалителните процеси.
- Специјалниот CS-Sebum cleaner комплекс го регулира лачењето на маснотии во текот на денот за поздрав изглед на тенот.
- Лесната водена формула обезбедува освежувачка завршница без никаква лепливост или чувство на тежина на лицето.
Клучни состојки
- Водата од лист на чајно дрво (126,900 ppm) делува како моќен природен антисептик кој ги третира воспаленијата и помага во отстранување на акните.
- Екстрактот од Centella Asiatica од Мадагаскар е клучен за смирување на чувствителната кожа и за зајакнување на нејзината природна бариера.
- Pine Tree комплексот (екстракт од бор и вода од чемпрес) има силни антиинфламаторни својства кои го намалуваат црвенилото на кожата.
- Салицилната киселина (BHA) овозможува нежна хемиска ексфолијација која е клучна за кожа склона кон митесери и неправилности.
- Екстрактот од лаванда и костен (CS-Sebum cleaner) помагаат во природно контролирање на себумот и ги затегнуваат проширените пори.
- Лимонската киселина (Citric Acid) придонесува за балансирање на pH вредноста и дополнително го осветлува тенот.
Начин на употреба: По чистење на лицето, нанесете соодветна количина од тонерот на памучен тупфер или директно на дланките. Нежно поминете преку целото лице во насока на текстурата на кожата или тапкајте со прстите додека производот целосно не се апсорбира. Се препорачува за употреба во утринската и вечерната рутина.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tone Brightening Boosting Toner 210ml
1.424 денSKIN1004 Madagascar Centella Tone Brightening Boosting Toner е лесен, но моќен тонер на водена база кој интензивно го хидрира, обновува и ја изедначува бојата на кожата. Формулиран со прочистен екстракт од Centella Asiatica од Мадагаскар, овој тонер обезбедува длабинско смирување и поддршка на кожната бариера, правејќи го идеален за чувствителна и комбинирана кожа.
Тонерот го содржи патентираниот MADEWHITE™, природна состојка која докажано го изедначува тенот и ја осветлува кожата со природен сјај. Комбинацијата од ниацинамид и 3-O-Ethyl Ascorbic Acid (стабилна форма на витамин Ц) помага во намалување на темните дамки и подобрување на тонусот на кожата, додека Tranexamic Acid спречува нова хиперпигментација.
Богат е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
SINGREEN комплексот, со екстракти од 4 овошја како Prunus mume (јапонска слива) и Pyrus malus (јаболко), нежно ги ексфолира мртвите клетки и ја подобрува апсорпцијата на активните состојки. Текстурата е водена и лесна, оставајќи чувство на свежина без лепливост.
Погоден за нормална, чувствителна и комбинирана кожа.
Клучни состојки:
- Екстрактот од азиска центела ја смирува и регенерира кожата.
- MADEWHITE™ патентираниот комплекс помага во изедначување на тенот.
- Екстрактот од плод од јапонска слива и екстрактот од јаболко пружаат природна ексфолијација.
- Ниацинамидот помага за осветлување и корекција на пигментацијата.
- 3-O-Ethyl Ascorbic Acid е стабилен дериват на витамин Ц. Го подобрува тенот и пружа антиоксидантна нега без иритации.
Начин на употреба: Нанеси со памучен тупфер или директно на дланките и нежно тапкај по кожата за подобра апсорпција.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tone Brightening Dark Spot Ampoule Pad 60pads 130ml
1.450 денSKIN1004 Madagascar Centella Tone Brightening Dark Spot Ampoule Pad се тупфери потопени во ампула за интензивна нега против темни дамки.
Тоа се иновативни тупфери потопени со ампула кои истовремено хидрираат, вршат нежна ексфолијација и го осветлуваат тенот. Ампулата со која се потопени е со висока концентрација и ги таргетира видливите и скриените флеки, мелазма и нерамномерен тон на кожата. Дизајнирани се со специфична големина од 7cm и форма на полумесечина (half-moon), форма за совршено прилагодување на контурите на лицето.
Овие ампулски тупфери нудат сеопфатно решение за меланинот, главниот предизвикувач на темни дамки, делувајќи од површината на кожата па се до длабоките слоеви на дермисот. Клинички е докажано дека по 4 недели употреба, сјајот на кожата се подобрува за 33.1%, а целокупниот тон станува посветол и порамномерен.
Збогатени се со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Соодветни се за сите типови на кожа, особено за кожа на која ѝ е потребно видливо осветлување на тенот и третман на тврдокорна хиперпигментација,
Клучни придобивки:
- Двостраниот дизајн овозможува двојна функција, памучната „gauze“ страна ги отстранува мртвите клетки, додека гел страната испорачува интензивна хидратација и осветлување.
- Високата концентрација од 5% ниацинамид помага во подобрување на тенот и ги намалува дисколорациите.
- Производот ефикасно ги таргетира тврдокорните дамки и трагите од акни, оставајќи ја кожата проѕирна и луминозна.
- Формулата е нежна за чувствителна кожа и не остава лепливо чувство по нанесувањето.
Клучни состојки:
- MADEWHITE™ е патентирана состојка добиена од Centella Asiatica која таргетира темни дамки и дамки од несовршености без да иритира.
- Чистиот витамин Ц и неговите деривати го ревитализираат сивиот и уморен тен, враќајќи му го природниот сјај.
- Коична киселина (Kojic Acid) помага во отстранување на флеките.
- Глутатион и ферулична киселина се моќни антиоксиданси кои ги чистат трагите од хиперпигментација и го штитат тенот.
- Мадагаскарска центела овозможува моќна смирувачка нега и ја зајакнува кожата за долготрајна отпорност.
Начин на употреба:
-
За секојдневна нега (тонирање), по чистењето, користете ја памучната страна („gauze“) за нежно бришење на целото лице (избегнувајќи ги очите) за блага ексфолијација и помазен тен..
-
За интензивно дејство (мини маска), поставете јагел страната на критичните места (каде имате дамки) 3-5 минути, а потоа отстранете го тупферот у нежно тапкајте ја преостанатата есенција за да се впие целосно
-
SKIN1004 Madagascar Centella Toning Toner 210ml
1.207 денSKIN1004 Madagascar Centella Toning Toner e нежен пилинг тонер со екстракт од азиска центела и PHA за чувствителна кожа.
Тоа е секојдневен тонер за лице со нежен ексфолирачки ефект, формулиран со екстракт од Centella asiatica од Мадагаскар и PHA (глуконолактон). Со својата лесна текстура, тој брзо се апсорбира без лепливост, притоа смирувајќи ја кожата и подобрувајќи ја нејзината текстура.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој нежен тонер со пилинг ефект е наменет за нормална и чувствителна кожа, а е докажано безбеден и за кожа склона кон акни (не-комедоген). Благодарение на внимателно избраните состојки, тонерот го намалува вишокот себум, ги отстранува мртвите клетки, го подобрува сјајот и ја зголемува еластичноста на кожата.
Клучни состојки:
- Екстрактот од азиска центела (Centella аsiatica 22.143 ppm) содржи активни состојки како мадекасинска киселина и азиатикозид кои стимулираат синтеза на колаген, ја забрзуваат регенерацијата на кожата и делуваат смирувачки.
- Глуконолактонот или PHA (1.000 ppm) е нежен ексфолијант кој постепено се активира на кожата, ја изедначува текстурата и задржува влага.
- Бетаинот (100 ppm) го регулира балансот на влага и ја штити кожата од дехидрирање.
Предности:
- Не ја иритира кожата и идеален за секојдневна употреба.
- Поддржува природна регенерација и хидратација.
- Помага во изедначување на тенот и подобрување на текстурата.
- Сертифицирани својства за осветлување и антиејџ ефект.
Начин на употреба: По миењето на лицето, ставете соодветна количина на памучен тупфер или на дланките. Нежно нанесете го на лицето и лесно тапкајте за да се впие во кожата.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Toning Toner 30ml
596 денSKIN1004 Madagascar Centella Toning Toner e нежен пилинг тонер со екстракт од азиска центела и PHA за чувствителна кожа.
Тоа е секојдневен тонер за лице со нежен ексфолирачки ефект, формулиран со екстракт од Centella asiatica од Мадагаскар и PHA (глуконолактон). Со својата лесна текстура, тој брзо се апсорбира без лепливост, притоа смирувајќи ја кожата и подобрувајќи ја нејзината текстура.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој нежен тонер со пилинг ефект е наменет за нормална и чувствителна кожа, а е докажано безбеден и за кожа склона кон акни (не-комедоген). Благодарение на внимателно избраните состојки, тонерот го намалува вишокот себум, ги отстранува мртвите клетки, го подобрува сјајот и ја зголемува еластичноста на кожата.
Клучни состојки:
- Екстрактот од азиска центела (Centella аsiatica 22.143 ppm) содржи активни состојки како мадекасинска киселина и азиатикозид кои стимулираат синтеза на колаген, ја забрзуваат регенерацијата на кожата и делуваат смирувачки.
- Глуконолактонот или PHA (1.000 ppm) е нежен ексфолијант кој постепено се активира на кожата, ја изедначува текстурата и задржува влага.
- Бетаинот (100 ppm) го регулира балансот на влага и ја штити кожата од дехидрирање.
Предности:
- Не ја иритира кожата и идеален за секојдневна употреба.
- Поддржува природна регенерација и хидратација.
- Помага во изедначување на тенот и подобрување на текстурата.
- Сертифицирани својства за осветлување и антиејџ ефект.
Начин на употреба: По миењето на лицето, ставете соодветна количина на памучен тупфер или на дланките. Нежно нанесете го на лицето и лесно тапкајте за да се впие во кожата.
-
SOME BY MI AHA BHA PHA 30 Days Miracle Toner 150ml
1.190 денOriginal price was: 1.190 ден.952 денCurrent price is: 952 ден. -
Synergy Therm Exfoliate Toner (with 5% glycolic acid and gluconolactone) 100ml
676 денAHA/PHA Exfoliating Toner - тонер за пилинг со гликолна киселина и глуконолактон, е дизајниран да обезбеди ефективен и нежен пилинг на кожата, длабински чистејќи ги порите. Гликолна киселина, природна АХА, ја подобрува текстурата на кожата и видливо ја намалува хиперпигментацијата, додека Глуконолактонот, PHA, обезбедува антиоксидантни и анти-ејџинг придобивки. Овој тонер го стимулира производството на колаген, ги измазнува ситните брчки и ја максимизира ефикасноста на последователните производи за нега на кожа. Погоден за сите типови кожа, освен за чувствителна кожа, тонерот за ексфолијација ја трансформира кожата, давајќи и посветол, порамномерен изглед. Редовната употреба, заедно со соодветна заштита од сонце, може да доведе до значително подобрување на состојбата на кожата. СОСТОЈКИ: АКВА/ТЕРМИЛНА ВОДА, ГЛИКОЛНА КИСЕЛИНА, СОК од ЛИСТОТ ALOE BARBADENSIS, ГЛИЦЕРИН, ПРОПИЛЕН ГЛИКОЛ, УРЕА, НАТРИУМ ХИДРОКСИД, ФЕНОКСИЕТАНОЛ, ПАНТЕНОЛ, КСИЛИТОЛ, ТРИЕТАНОЛАМИН, ГЛУКОНОЛАКТОН, PPG-26-BUTETH-26, ЕТИЛХЕКСИЛГЛИЦЕРИН, PEG-40 ХИДРОГЕНИЗИРАНО РИЦИНУСОВО МАСЛО, ЛИМОНСКА КИСЕЛИНА, ЕКСТРАКТ НА ЛИСТ ОД CAMELLIA SINENSIS, НАТРИУМ БЕНЗОАТ, КАЛИУМ СОРБАТ -
-
-