-
Missha Signature Wrinkle Filler BB Cream SPF37 PA++ 23 44 ml
1.790 денOriginal price was: 1.790 ден.1.599 денCurrent price is: 1.599 ден.𝐌𝐢𝐬𝐬𝐡𝐚 𝐒𝐢𝐠𝐧𝐚𝐭𝐮𝐫𝐞 𝐖𝐫𝐢𝐧𝐤𝐥𝐞 𝐅𝐢𝐥𝐥𝐞𝐫 𝐁𝐁 𝐂𝐫𝐞𝐚𝐦 𝐒𝐏𝐅𝟑𝟕 𝐏𝐀++ е BB крем со специјален филер кој ефикасно ги пополнува брчките и ја измазнува текстурата на кожата. Има одлична моќ на покривање и подмладување.
Тоа е 2 во 1 производ, составен од BB крем со специјален комплекс за измазнување кој ефикасно ги пополнува брчките и порите, ја измазнува текстурата на кожата и ги крие несовршеностите и есенција која содржи Syn-Ake (т.н. змиски пептид) и невропептиди, кои имаат ефект на ботокс и ефикасно подмладуваат.
Клучни состојки:
▪️ Syn-Ake или змиски пептид е синтетичка супстанца која ја имитира функцијата на змиски отров, познат како неверојатен агенс против брчки. Ги релаксира мимичните мускули, што овозможува да се спречи појавата на брчки. Тој е безбедна замена за ботокс.
▪️ Фулеренот ги измазнува брчките и ја спречува појавата на нови, ја избелува пигментацијата и има антиинфламаторно дејство. Ефикасно ја навлажнува кожата и одржува оптимално ниво на влага во клетките.
▪️ Ниацинамидот го забрзува процесот на обновување на клетките, ги намалува брчкитe, ги намалува порите и ја намалува хиперпигментацијата.
▪️ Аденозинот е позната антиејџ состојка. Ги затегнува и ги измазнува брчките, го забрзува метаболизмот на клетките и ги спречува знаците на стареење.
▪️ Маслото од сладок бадем има антимикробно и антиоксидантно дејство. Ги елиминира лупењето, сувоста и иритацијата. Помага да се изедначат малите брчки, да се изедначи микрорелјефот на кожата, да се подобри волуменот на кожата и да се подобри синтезата на колаген.
▪️ Ретинолот има изразен антиоксидантен потенцијал. Ја омекнува кожата, ја зголемува нејзината еластичност, помага да се намалат брчките.
▪️ Маслото од јојоба продира длабоко во кожата, ја навлажнува и храни. Поради високата концентрација на витамин Е тој е одличен антиоксидант, регенерира и ублажува воспаленија.
▪️ Колагенот ја подобрува општата состојба на кожата. Ја измазнува, ја прави цврста и еластична, ги отстранува фините линии и освежува.
-
Mixsoon Bean Sun Stick SPF 50+ PA++++ 15g
1.590 денOriginal price was: 1.590 ден.1.390 денCurrent price is: 1.390 ден.Тоа е свиленкасто мазен стик за заштита од сонце со највисок фактор на заштита SPF50+ PA++++. Лесен е како воздух, дури и при повторно нанесување во текот на денот. Содржи порозен прав со воздушни пори за да не создава лепливост, што го прави толку лесен како да не е нанесено ништо. Овој функционален производ ја штити кожата од UV зраци, ги намалува брчките и го подобрува тенот.
-
Mixsoon Centella Sun Cream 50g
1.450 денOriginal price was: 1.450 ден.990 денCurrent price is: 990 ден. -
MIZON Inout Daily Soothing Sunscreen SPF50+ PA++++ 50ml
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.1.071 денCurrent price is: 1.071 ден. -
MIZON Inout Watery Sheer Sunscreen SPF 50 PA++++ 50ml
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.1.071 денCurrent price is: 1.071 ден. -
MIZON Snail Repair Intensive BB Cream SPF 50+ PA+++ #21 50ml
1.399 денOriginal price was: 1.399 ден.1.017 денCurrent price is: 1.017 ден.Високо покривен балзам со слуз од полжав кој ги покрива црвенлото и акните и дава свеж и сјаен изглед на кожата.
-
MIZON Snail Repair Intensive BB Cream SPF 50+ PA+++ #23 50ml
1.399 денOriginal price was: 1.399 ден.1.017 денCurrent price is: 1.017 ден.Доколку барате високо покривен балзам за вистински свеж и природен изглед, пробајте го Mizon Snail Repair Intensive BB Cream SPF 50+ PA+++ #23 со слуз од полжав кој ги покрива црвенилото и акните и дава сјаен изглед на кожата. Овој производ со нежна формула, содржи висока концентрација на слуз од полжав и природни навлажнувачки состојки, дава здрава покривност и придонесува за зголемување на хидратацијата на лицето.
-
MIZON Snail Repair Intensive BB Cream SPF 50+ PA+++ #25 50ml
1.399 денOriginal price was: 1.399 ден.1.017 денCurrent price is: 1.017 ден. -
MIZON Snail Repair Intensive BB Cream SPF 50+ PA+++ #27 50ml
1.399 денOriginal price was: 1.399 ден.1.017 денCurrent price is: 1.017 ден.Доколку барате високо покривен балзам за вистински свеж и природен изглед, пробајте го Mizon Snail Repair Intensive BB Cream SPF 50+ PA+++ #27 со слуз од полжав кој ги покрива црвенилото и акните и дава сјаен изглед на кожата. Овој производ со нежна формула, содржи висока концентрација на слуз од полжав и природни навлажнувачки состојки, дава здрава покривност и придонесува за зголемување на хидратацијата на лицето.
-
Ondo Beauty 36.5 Ceramides & CICA protective Sun Cream 50ml
1.590 денOriginal price was: 1.590 ден.1.490 денCurrent price is: 1.490 ден.Ondo Beauty 36.5 Ceramides & Cica Protective Sun Cream SPF 50+ PA++++ e крем со највисок фактор на заштита од сонце кои истовремено ѝ пружа интензивна нега на вашата кожа
Ondo Beauty 36.5 Ceramides & Cica Protective Sun Cream нуди високо ниво на заштита од сонце со формула која комбинира иновација и природна нега. Оваа крема е идеален избор за секојдневна заштита, особено за чувствителна кожа, благодарение на моќните состојки како церамиди и азиска центела (CICA).
Клучни придобивки:
- Пружа максимална заштита од сонце со највисок заштитен фактор SPF 50+ и PA++++ , со што обезбедуваацелосна заштита од штетните UVA и UVB зраци, спречувајќи изгореници и предвремено стареење на кожата.
- Не остава бел слој и бели траги. Хемиските филтри обезбедуваат транспарентен финиш кој се вклопува со сите тонови на кожа, дури и со потемни.
- Има 2 во 1 формула која ја комбинира функцијата на заштита од сонце и хидратација, што го прави овој крем одличен за секојдневна употреба.
- Има хидратантна и лесна текстура. Благодарение на хијалуронската киселина, церамиди, ниацинамидот и навлажнувачките шеќери, кожата останува хидрирана и мазна.
- Дава сјаен завршеток со природен сјај и служи како идеална подлога за шминка.
- Формулата е дерматолошки е тестирана и е погодна за чувствителна кожа. Не предизвикува иритации или чувство на тежина.
- Производот е вегански и cruelty free.
Начин на употреба: Протресете ја тубата пред употреба. Нанесете количество што одговара на една кафена лажица или користете ја техниката со два прста, рамномерно распределувајќи ја кремата на лицето, вратот и деколтето. Нанесете ја пред изложување на сонце. Повторете ја апликацијата на секои 2 часа за да ја одржите заштитата, особено по пливање, потење или бришење со пешкир.
Зошто да ја изберете Ondo Beauty 36.5 Ceramides & Cica Protective Sun Cream?
- Бидејќи тоа е производ со универзална употреба. Лесната формула е погодна за сите типови кожа, од мрсна до сува, и може да се користи како основен хидратантен производ.
- Истовремено пружа заштита од сонце и нега. Со состојки како азиска центела (CICA) која ја смирува кожата и церамиди кои ја зајакнуваат бариерата на кожата, добивате целосна нега додека софистицираните филтри пружаат највисока заштита.
- Дава иделана подлога за шминка. Благодарение на сјајниот финиш, овој крем служи како одлична основа за шминка, вклучувајќи го и пределот околу очите.
Совет за чување: Чувајте го кремот на ладно и суво место, подалеку од директна сончева светлина, за да ја задржите нејзината ефикасност.
Надградете ја вашата дневна рутина за заштита од сонце со Ondo Beauty 36.5 Ceramides & Cica Protective Sun Cream SPF 50+ PA++++.
-
Pyunkang Yul ATO Mild Sun Cream SPF 50 PA++++ 75ml
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.848 денCurrent price is: 848 ден. -
Pyunkang Yul Moisture Soothing Sun Cream SPF50+ PA++++ 75 ml
1.390 денOriginal price was: 1.390 ден.1.100 денCurrent price is: 1.100 ден. -
Round Lab Birch Juice Moisturizing Sun Cream SPF50+ PA++++ 50ml
1.799 денOriginal price was: 1.799 ден.1.547 денCurrent price is: 1.547 ден. -
Round Lab Birch Juice Moisturizing Sun Stick SPF 50+ PA++++ 19g
1.799 денOriginal price was: 1.799 ден.1.547 денCurrent price is: 1.547 ден. -
Round Lab Birch Moisturizing Mild-Up Sunscreen SPF 50+ PA++++ 50ml
1.799 денOriginal price was: 1.799 ден.1.547 денCurrent price is: 1.547 ден. -
SKIN1004 Madagascar Centella Air-Fit Suncream Light 50ml
1.188 денSKIN1004 Madagascar Centella Air-Fit Suncream Light SPF30 PA++++ е крем за заштита од сонце со ефект на измазнување на кожата.
Тоа е лесен крем со минерален филтер кој обезбедува сигурна заштита од UVA и UVB зраци (SPF30 PA++++), додека истовремено ја негува, измазнува и осветлува кожата. Со неговата уникатна Air-Fit текстура, овој корејски заштитен крем содржи физички филтри (цинк оксид) кои формираат невидлив слој кој ја рефлектира сончевата светлина, без да остави бел траг или лепливо чувство.
Она што го издвојува овој производ е неговата формула збогатена со екстракт од чиста азиска центела од Мадагаскар (во концентрација од 29,400 ppm) и ниацинамид. Оваа моќна комбинација не само што ја штити кожата од фотостареење и оштетување од сонцето, туку и активно ја смирува и балансира. Лесната, нелеплива текстура обезбедува матирачки финиш, што го прави идеален избор за секојдневна употреба, дури и за најчувствителните типови кожа. Дополнително, формулата е еколошки прифатлива и се смета за reef-safe, односно не содржат честички кои им штетат на коралите и коралните гребени.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Наменет е за сите кои бараат SPF заштита за чувствителна кожа со дополнителни придобивки за нега. Идеален е за оние со сува, комбинирана и чувствителна кожа кои сакаат да ја спречат појавата на пигментации и нерамномерен тен. Благодарение на смирувачките и антиинфламаторни својства, тој е одличен избор за секој што сака да ја зајакне природната бариера на кожата и да ја намали чувствителноста на надворешни дразби.
Клучни придобивки:
- Пружа сигурна SPF30 PA++++ заштита од UVA и UVB зраци со физички филтри.
- Има осветлувачки и матифицирачки ефект благодарение на ниацинамидот.
- Со лесна Air-Fit текстура која брзо се апсорбира и не остава бел траг.
- Има смирувачко и антиинфламаторно дејство за чувствителна кожа.
- Спречува фотостареење и појава на хиперпигментации.
- Coral-Friendly и еколошки прифатлива формула.
Клучни состојки:
- Екстрактот од Centella Asiatica (29,400 ppm) е чиста центела од Мадагаскар со исклучително висока содржина на азиатикозид, која длабински ја смирува и регенерира кожата, ја намалува иритацијата и го зајакнува васкуларниот ѕид.
- TECA комплексот (Asiaticoside, Madecassic Acid, Asiatic Acid) содржи четири деривати од центела кои активно ја поправаат оштетената кожа, ја зацврстуваат и ја хранат.
- Цинк оксидот е хипоалергенски физички УВ филтер кој обезбедува широка заштита без навлегување во кожата.
- Ниацинамидот (Витамин Б3) ја стимулира продукцијата на колаген, го осветлува и изедначува тенот, ја регулира маснотијата и ја зајакнува хидролипидната бариера.
- Екстрактот од Houttuynia Cordata го забрзува зараснувањето на микро-оштетувањата и има силни антиинфламаторни својства.
- Екстрактот од Portulaca го забрзува процесот на регенерација, ги стеснува порите и ја намалува продукцијата на себум.
- Аденозинот е моќна антиејџ состојка која ја одржува цврстината и еластичноста, стимулирајќи го проколагенот.
Начин на употреба: Добро протресете го шишето пред употреба. Како последен чекор од утринската рутина, нанесете приближно 1.2 ml (една третина од кафена лажичка) од кремот рамномерно на лицето и вратот, најмалку 15 минути пред излегување на сонце. Повторете ја апликацијата на секои 2-3 часа при подолга изложеност на сонце.