1.990 ден
Нема на залиха
𝗔𝗚𝗘 𝗖𝗢𝗗𝗘 дневниот крем на 𝗗𝗿 𝗖𝗼𝗹𝗶𝗰 е крем за интензивна ревитализација на кожата на лицето, кој содржи матични клетки од арган, природна состојка благодарение на која кожата се храни, хидрира и обновува.
Ja стимулира регенерацијата на сврзното ткиво на кожата, а со тоа ја зголемува густината на кожата, ја зголемува цврстината на кожата и значително ја намалува длабочината на брчките. Помалку се забележуваат фините линии и брчките, а самата кожа станува кадифена, мазна и затегната.
Што ја прави оваа крема посебна и исклучително ефикасна?
Дневната ревитализирачка крема 𝗔𝗚𝗘 𝗖𝗢𝗗𝗘 содржи матични клетки од арган кои помагаат да го репрограмирате кодот на вашата кожа кој води кон стареење и стимулира процес на обновување на кожата преку обновување на нејзините матични клетки.
Што ги прави растителните матични клетки многу корисни за здравјето на луѓето?
Обичните клетки се „програмирани“ за една одредена функција, како на пример создавање на кожно ткиво или крвна плазма. За разлика од нив, матичните клетки се создадени „непрограмирани“ и се дизајнирани да одат секаде каде што е најпотребно. Кога се потребни за раст на ново ткиво некаде во телото, во овој случај во ткивото на кожата, тие едноставно „стануваат“ тој тип на клетка, делувајќи како замена за специфичните ткивни клетки.
И животните и растенијата создаваат матични клетки, меѓутоа, меѓу нив има една голема разлика. Животинските матични клетки природно подлежат
на процесот на стареење исто како секоја друга клетка.
Во човечката кожа, матичните клетки стануваат помалку ефикасни како што старееме, а со тоа и помалку способни да го поддржат производството на колаген.
Растителните матични клетки се ослободени од процесот на стареење. Можат да дејствуваат како млади матични клетки на човечка кожа и се способни да помогнат во зголемувањето на синтезата на колаген.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
▪️ Матични клетки од арган
▪️ Ниацинамид
▪️ Креатин
▪️ Хијалуронска киселина
▪️ Екстракт од центела
▪️ Навлажнувачки комплекс
1.990 ден
Нема на залиха
Toa е смирувачки крем кој содржи три вистински липидни компоненти кои ги содрж слојот на епидермисот благодарение на кои помага во обновување и зајакнување на бариерата на кожата. Има специфична златно жолта боја и гел текстура налик на мед но не осатава леплива трага. Брзо се впива во кожата, врзувајќи се со трите компоненти на липидниот слој на кожата за да стимулирајќи подобра апсорпција.
Покрај тоа што помага да се обнови и зајакне природната бариера на кожата, исто така помага за подолготрајно задржување на влагата во кожата. Богатите хидратантни состојки на овој крем ја оставаат кожата мазна и мека на допир.
Кремот има смирувачко дејство благодарение на неговите нежни состојки кои длабоко ја навлажнуваат и ја измазнуваат кожата.
Формулиран со церамиди, овој крем нуди совршена нега на кожата за оние кои сакаат да уживаат во посвежа, помазна кожа благодарение на способноста на церамидите да ги отстранат мртвите клетки и да ги заменат со нови клетки.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Содржи 72% екстракт од Centella asiatica со потекло од недопрената природа на Мадагаскар. Екстрактот од Centella asiatica ja смирува кожата и го надополнува нивото на хидратација.
Церамидите, масните киселини и холестерол се 3 липидни компоненти на кожата, а овој крем прави нивно надополнување и обновување на природната бариера на кожата.