139 ден Original price was: 139 ден.97 денCurrent price is: 97 ден.
Нема на залиха
139 ден Original price was: 139 ден.97 денCurrent price is: 97 ден.
Нема на залиха
Biodance Hydro Cera-nol Real Deep Mask е хидрогел маска со висока концентрација на активни состојки која обезбедува длабинска хидратација и обновување на кожната бариера. Брзо ја смирува и разладува иритираната и вцрвенета кожа. За разлика од обичните лист маски, секоја содржи цело шише ампула, претворено во хидрогел форма, што овозможува максимално апсорбирање на формулата во кожата.
Патентираниот комплекс Hydro Cera-nol делува синергиски за смирување на иритации, намалување на црвенилото и заштита од губење на влага, додека 50.000 ppm глечерска вода богата со минерали создава чувство на свежина и подобрува апсорпција.
Придобивки:
Клучни состојки
Клинички докажано хидратацијата на кожата се зголемува за 951.31%, црвенилото се намалува за 121%, а температурата на кожата намалена за 5.1°.
Начин на употреба: Ако ја користите преку ноќ, нанесете ја маската како последен чекор од вечерната рутина за нега и оставете ја да делува во текот на ноќта додека спиете. Наутро отстранете ја. Ако ја користите преку ден, по нанесување на тонер или серум, поставете ја маската и оставете ја да делува 3–4 часа или сè додека не стане транспарентна. За разлика од класичните лис-маски, оваа хидрогел маска постепено се апсорбира и станува транспарентна, без воден остаток на површината. По препорачаниот период, извадете ја нежно. Нема потреба од миење, оставете ги активните состојки да продолжат да делуваат.
Искористeте ги деловите од маската од отворите за очи и уста и поставете ги на страните на носот, под очите, на вратот или на било кој дел од лицето каде што сакаш дополнителна хидратација и зацврстување.
FAU Shiny Pumpkin Vegan Jelly-Pad се вегански хидрогел лепенки за интензивна нега и смирување на кожата.
Овие мултифункционални хидрогелни лепенки, збогатени со екстракт од млада тиква со потекло од кореја и и екстракт од тиква ферментиран со лактобацилус, обезбедуваат длабинска нега и зајакнување на кожата. Со својата лесна, хидрогел текстура, веднаш се прилепуваат на кожата, создавајќи ефект на освежување и ладење.
Совршено се прилагодуваат за осетливите зони околу очите, усните и челото, но и за поголеми површини како образите и вратот. Благодарение на 100% растворливата формула, тие постепено ја ослободуваат својата хранлива есенција, оставајќи ја кожата еластична, мазна и ревитализирана.
Главни придобивки:
Клучни состојки:
Како да се користи:
Со помош на шпатула, поставете ги поголемите облоги околу очите, а помалите на местата кои имаат потреба од посебна нега, како што се пределот околу усните или челото. Оставете ги да делуваат 20-30 минути, а потоа нежно тапкајте за да се апсорбира преостанатата есенција.
Со Shiny Pumpkin Vegan Jelly-Pad, вашата кожа ќе биде видливо смирена, хидрирана и свежа со само еден третман!