Кошничка 0 x

Product

MATRIGEN E.S.R. Gluta Complex Ampoule 50ml

2.190 ден Original price was: 2.190 ден.1.752 денCurrent price is: 1.752 ден.

Matrigen Gluta Complex Ampoule е идеално решение за блескав и изедначен тен.

Тоа е револуционерен професионален производ за осветлување и изедначување на тенот на кожата. Оваа ампула е тајната за беспрекорна, блескава кожа. Формулирана со иновативна технологија и моќни состојки, оваа ампула е вашиот клуч за беспрекорен, хидриран и сјаен тен, совршено прилагоден на потребите на модерната нега. Ампулата делува длабински, насочувајќи се кон хиперпигментациите и нерамномерниот тен, помагајќи ѝ на кожата да го врати својот природен сјај и да се заштити од надворешни фактори.

Клучните состојки на оваа ампула се глутатион, арбутинот и ниацинамид состојки препознаени по нивните својства за извонредно осветлување. Овие состојки се познати по своите извонредни својства за осветлување и ревитализација на кожата. Тие активно ја инхибираат продукцијата на меланин, го подобруваат тонот на кожата и ефикасно ги намалуваат темните дамки. Заборавете на досадната и уморна кожа, Matrigen Gluta Complex Ampoule работи длабински за да ја врати виталноста и здравјето на вашата кожа, нудејќи ревитализација одвнатре. За поголема ефикасност може да се користи со дерма пен или дерма ролер.

Зошто да ја изберете Matrigen Gluta Complex Ampoule?

Оваа ампула е дел од професионалната козметичка линија на MATRIGEN, наменета за напредна нега и осветлување на кожата. Активните состојки делуваат на клеточно ниво, помагајќи во блокирање на создавање на меланинот, подобрување на имунитетот на кожата и зајакнување на нејзината заштитна бариера. Со редовна употреба, кожата станува поеластична, помазна и со видливо подобрен тонус и сјај.

Има тројно дејство, пружа интензивно осветлување, подобрување на текстурата и хидратација. За разлика од другите ампули, Matrigen Gluta Complex Ampoule користи оризова вода (Oryza Sativa (Rice) Bran Water) како основа наместо прочистена вода, што дополнително го зајакнува ефектот на осветлување и ја прави кожата да свети како светлина. Оваа уникатна комбинација овозможува долготрајна хидратација, задржувајќи ја влагата во кожата и давајќи и природен, здрав сјај.

Комплекс од моќни состојки за целосна нега:

  • Глутатионот е состојка репознаена по своите извонредни својства за избелување, глутатионот е моќен антиоксиданс кој има силно детоксифицирачко дејство. Тој помага во подобрување на виталноста на кожата и метаболичката активност, што резултира со посветол и поздрав тен.
  • Ниацинамидот како активна форма на витамин Б3, е есенцијален за постигнување на рамномерен и блескав тен. Тој ефикасно ја осветлува хиперпигментацијата, ги минимизира порите, ја подобрува текстурата на кожата и ја регулира продукцијата на себум, правејќи ја кожата почиста и видливо посјајна.
  • Оризовата вода е употребена наместо обична вода, како база. Позната е по своите способности за подобрување на тонот и сјајот на кожата. Ја подобрува влажноста и помага во намалување на флеките и знаците на стареење.
  • Арбутинот е природна состојка која ефикасно ја инхибира продукцијата на меланин, што директно го спречува појавувањето на пигментација. Обезбедува нега на кожата за изедначен тон.
  • Екстрактот од корен на рехманија (Rehmannia Chinensis Root Extract) помага во подобрување на имунитетот на кожата и обезбедува заштита. Има смирувачки својства, ја хидрира кожата и ги блокира реакциите на преосетливост.
  • Хидроксиетил уреата (Hydroxyethyl Urea) обезбедува длабинска хидратација, привлекувајќи и задржувајќи ја влагата во кожата, со што ја подобрува нејзината еластичност.
  • Глицеринот моќен хумектант кој ја привлекува и задржуваат влагата во кожата, обезбедувајќи долготрајна хидратација.
  • Екстракт од Coptis Japonica познат по своите антиоксидантни и антиинфламаторни својства, помага во смирување и заштита на кожата.

Ова е идеален производ за оние кои:

  • Имаат уморна кожа без сјај.
  • Имаат појава на флеки од сонце и хиперпигментација.
  • Сакаат нивната кожа да добие здрав тон и сјај.

Начин на употреба: Свртете го белото капаче на страната „Off“ за да ја отворите ампулата. Вметнете го шприцот во знакот крст (+) во центарот на гуменото капаче и повлечете го шприцот за да ја наполните ампулата. Нанесете ја ампулата на кожата и нежно масирајте додека целосно не се апсорбира. За најдобри резултати, користете редовно како дел од вашата дневна и ноќна рутина. Може да се нанесува локално, со апликатор (tok stick), дерма пен или дерма ролер.

Со Matrigen Gluta Complex Ampoule, вашата кожа ќе биде подмладена, хидрирана и ќе зрачи со здрав сјај, подготвена да се соочи со предизвиците на секојдневното живеење!

Достапност: Има залиха
Сподели на:

Земја на производство: Република Кореја

Состав: Oryza Sativa (Rice) Bran Water, Water, Hydroxyethyl Urea Niacinamide, Bis-PEG-18 Methyl Ether Dimethyl Silane, Glycerin, Arbutin, Glutathione, Butylene Glycol, Coptis Ja ponica Extract, Rehmannia Chinensis Root Extract, Olive Oil Glycereth-8 Esters, Hydroxyethy Icelllose, Carbomer, Arginine, Disodium EDTA, Caprylyl Glycol, 1,2-Hexanediol, Propanediol, Polyglyceryl-10 Laurate, Fragrance, Chlorphenesin.

MATRIGEN Gluta Complex Ampoule 50ml – професионална ампула за избелување и осветлување на кожата. Го подобрува тенот, ја намалува пигментацијата и ѝ дава сјај на кожата. Прикажано е пакувањето со шишенце, кутија и апликатор.

MATRIGEN E.S.R. Gluta Complex Ampoule 50ml

2.190 ден Original price was: 2.190 ден.1.752 денCurrent price is: 1.752 ден.