95 ден Original price was: 95 ден.62 денCurrent price is: 62 ден.
95 ден Original price was: 95 ден.62 денCurrent price is: 62 ден.
SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Quick Clay Stick Mask е веганска маска од глина во практичен формат на стик, дизајнирана за брзо и лесно прочистување на порите и контрола на себумот. Оваа корејска маска комбинира моќни состојки за чистење со смирувачка нега, што ја прави идеална за сите типови кожа, вклучително и чувствителна. Форматот на стик овозможува прецизно нанесување без неред и контакт со рацете.
Маската содржи 5 видови глина (вклучувајќи 18% каолин и бентонит) кои делуваат како сунѓер за себумот, ефикасно апсорбирајќи го вишокот себум, нечистотии и комедоните. Клучна состојка за ексфолијација е правта од црвен грав (Phaseolus Angularis), кој нежно ги отстранува мртвите клетки на кожата за помазна текстура. Истовремено, хималајската розова сол, екстрактот од азиска центела (4,9%) и екстрактот од алое вера ја смируваат чувствителната кожа и обезбедуваат хидратација, со 30% хидратантна есенција во формулата.
Екстрактот од центела кој го содржи овој производ е екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој Clay Stick е наменет за мрсна, комбинирана и нормална кожа која бара ефикасно, но неиритирачко решение за стеснување на порите и отстранување на комедоните и намалување на видливоста на себацеозните филаменти. Себацеозните филаменти се составени од мешавина на себум и мртви клетки на кожата кои природно се собираат околу фоликулот на влакното. Тие не се „блокада“ на порите како комедонитте, туку дел од нормалната структура на порите, но нивната видливост може да се намали. Маската делуваза да ги направи порите почисти и помалку видливи.
Формулата е без вештачки мириси и бои и е безбедна за дневна употреба.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: По миењето на лицето, нанесете ја маската директно од стикот на суво лице, избегнувајќи ги пределот околу очите и устата. Оставете ја да делува 3 до 5 минути. Исплакнете темелно со млака вода.
Beauty of Joseon Ginseng Essence Water е богата есенција со 80% женшен вода, создадена за интензивна хидратација, подмладување и изедначување на тенот на кожата. Женшенот, познат во корејската традиција како “билка од боговите” , е клучна состојка за здрава и негувана кожа.
Нанесете мала количина на есенцијата на чисто лице по тонерот и нежно тапкајте додека не се апсорбира. Може да се користи и како хидратантен чекор во утринската и вечерната рутина.
Оваа есенција е идеална за сите типови кожа, особено за оние што бараат длабока хидратација, подмладување и подобрување на текстурата на кожата.