Земја на производство: Северна Македонија
Состав (INCI): Lanolin, Glycerin, Petrolatum, Aqua, Paraffinum Liquidum, Zinc Oxide, Xylitol, Potassium Sorbate.
Активни состојки: Цинк оксид, глицерин, ксилитол, ланолин, вазелин и течен парафин.
1.280 ден Original price was: 1.280 ден.1.152 денCurrent price is: 1.152 ден.
S05 Zinc SOS е нежна заштитна маст наменета за нега на иритирана, чувствителна и испукана кожа. Формулата со цинк оксид создава физичка бариера на површината на кожата, која ја заштитува од надворешни влијанија и понатамошна иритација.
Глицеринот и ксилитолот помагаат во задржување на влагата, додека ланолинот, вазелинот и течниот парафин ја омекнуваат кожата и го намалуваат нејзиното сушење. Богатата текстура обезбедува хранлива нега и придонесува за смирување и обновување на оштетената кожна бариера. Производот не содржи додаден мирис.
Придобивки:
Начин на употреба:
Нанесете мала количина на чиста и сува кожа и нежно распоредете. Само за надворешна употреба. Избегнувајте контакт со очите. Доколку се појави иритација, прекинете со употреба. Да се чува подалеку од дофат на деца.
Земја на производство: Северна Македонија
Состав (INCI): Lanolin, Glycerin, Petrolatum, Aqua, Paraffinum Liquidum, Zinc Oxide, Xylitol, Potassium Sorbate.
Активни состојки: Цинк оксид, глицерин, ксилитол, ланолин, вазелин и течен парафин.
1.280 ден Original price was: 1.280 ден.1.152 денCurrent price is: 1.152 ден.
За производот
Snail Bee High Content Steam Cream е висококонцентриран крем произведен со пареа. Технологијата на производство со помош на пареа ја зачувува ефикасноста на најмоќните состојки за нега кои ги содржи овој крем. Погоден е за сите типови на кожа, а особено за чувствителна кожа и кожа склона на акни. Ако имате многу чувствителна кожа, овој крем ќе биде Вашиот сојузник бр. 1.
Тој е богат со коктел од здрави и ефикасни состојки. Филтратот од слуз од полжав кој има регенеративни својства, пчелиниот отров кој е природен антисептик, пептидот sh-олигопептид-1, хиалуронската киселина, и различни растителни екстракти кои се дел од неговата формула прават чуда за кожа и помагаат за подобрување на тенот. Благодарение на оваа природна и здрава формула, ја навлажнува, негува и обновува оштетената кожа за само неколку дена, ја смирува надразнетата кожа и иритацијата предизвикана од акни.
Во согласност со филозофијата и праксата на самиот бренд, овој производ Ви нуди здрава формула без штетни состојки. Кремот не содржи парабени, силикони, сулфати, минерални масла, испарлив алкохол, вештачки ароми и бои.
Snail Bee High Content Steam кремот е дерматолошки тестиран.
Употреба:
Нанесете соодветна количина од кремот на чисто лице и нежно тапкајте додека целосно се апсорбира. Се препорачува како последен чекор од рутината за нега на лице, по нанесувањето на тонер, есенција/серум и лосион.
За најдобри резултати Benton препорачува овој крем да се употребува заедно со останатите производи од Snail Bee High Content линијата. Производите се употребуваат по следниот редослед: чистење → Snail Bee High Content Skin → Snail Bee High Content Essence → Snail Bee High Content Lotion → Snail Bee High Content Steam Cream.
Клучни состојки:
Против акни: Ниацинамид, лауринска киселина
Антиоксиданси: Филтрат од секрет од полжав, масло од јатка од Argania Spinosa, токоферил ацетат
Состојки за комуникација на клетките: Ниацинамид, Sh-Олигопептид-1, Аденозин
Осветлување на кожата: Ниацинамид
Состојки идентични со кожата: Глицерин, натриум хијалуронат, уреа, аргинин
Смирувачки: Екстракт од кора од Salix Alba (врба)
Toa е специјален хидратантен крем формулиран да ги таргетира знаците на стареење, како што се фините линии и брчките. Ретинолот е облик на витамин А за кој се покажало дека го подобрува изгледот на кожата. Овој хидратантен крем содржи и хијалуронска киселина која помага да се одржи кожата хидрирана и полна, што може да го минимизира појавувањето на фини линии и брчки, женшен за да осветли и да ѝ даде на кожата позатегнат изглед. Зелениот чај ја ревитализира и навлажнува кожата. Тој е богат со антиоксиданти, кои можат да помогнат да се заштити кожата од оштетување предизвикано од стресот од околината.
SKIN1004 Madagascar Centella Soothing Cream е интензивен смирувачки крем кој ја зајакнува бариерата на кожата и содржи 72% екстракт од Centella Asiatica со потекло од недопрената природа на Мадагаскар. Овој крем е специјално формулиран да го надополни нивото на хидратација и да ја смири иритацијата на кожата. Она што го прави уникатен е присуството на три клучни липидни компоненти, церамиди, холестерол и масни киселини, кои природно се наоѓаат во слојот на епидермисот и се неопходни за обновување и зајакнување на бариерата на кожата.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Кремот има специфична златно жолта боја и лесна гел текстура налик на мед која се лизга мазно на кожата и обезбедува пријатно чувство на ладење. Иако е богат крем, тој не остава леплива трага и брзо се впива, врзувајќи се со липидниот слој на кожата за да поттикне подобра апсорпција на активните материи. Со редовна употреба, овој крем помага за долготрајно задржување на влагата и ја остава кожата мазна, мека и освежена.
Овој SKIN1004 смирувачки крем е идеален за секојдневна нега, особено за кожа со нарушен хидролипиден слој на која и е потребна регенерација и заштита од штетните влијанија на околината. Соодветен е за нормална, комбинирана и чувствителна кожа/
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на uпотреба: Нанесете соодветна количина од кремот на лицето како последен чекор од вашата рутина за нега на кожа. Нежно масирајте со кружни движења и тапкајте со дланките додека производот не се апсорбира целосно во кожата.