1.290 ден Original price was: 1.290 ден.903 денCurrent price is: 903 ден.
1.290 ден Original price was: 1.290 ден.903 денCurrent price is: 903 ден.
Рамномерна текстура и воедначен тен е изглед на кожата посакуван од многумина, но оние што пробале многу производи знаат дека не е лесно да се постигне. Bubble Toner : Green Plum + AHA e одличен производ за таа намена, тоа е пенлив тонер кој ќе ви помогне лесно да ја постигнете целта.
Една од главните состојки на овој тонер е природно добиената АХА киселина од вода на зелена слива и екстракт од шеќерна трска. АХА гликолната киселина ги отстранува мртвите клетки од кожата за да да се добие подобра текстура на кожата и го поттикнува обновувањето на клетките што помага во измазнување на лузните и отстранување на пигментацијата.
АХА киселината е позната по својот анти-ејџ ефект. Постојаниот нежен пилинг, исто така, помага да се минимизира појавата на фини линии и брчки.
Уште една важна состојка е екстрактот од мед кој е природен антиоксиданс и ја зголемува хидратацијата и сјајот на кожата. Познато е дека го забрзува процесот на заздравување, помага при појава на акни, лузни и подобрување на тенот.
Водата од оризови трици го осветлува тенот и ја зајакнува целокупната состојба на кожата, па затоа во само неколку чекори добивате рамномерна, мека, хидрирана и зајакната кожа.
Водата пак од коренот на женшен е богата со антиоксиданси, кои се борат со знаците на предвремено стареење и стимулираат продукција на колаген.
Beauty of Joseon Glow Deep Serum: Rice + Alpha Arbutin е осветлувачки серум формулиран за изедначување на тенот и намалување на хиперпигментацијата. Со 68% оризова вода и 2% алфа-арбутин, овој серум обезбедува длабока хидратација и блескав изглед на кожата.
По нанесување на тонер, нанесете неколку капки од серумот и тапкајте нежно додека целосно не се апсорбира. Користете го во утринската и вечерната рутина за оптимални резултати.
Овој корејски серум со оризова вода и алфа-арбутин е совршен за оние што сакаат посветол, уедначен тен и природен сјај на кожата.
FAU Shiny Pumpkin Peel Care Cream е крем-ноќна маска за домашен пилинг третман за свиленкасто мазна кожа.
Toa е концентриран пилинг крем што ви овозможува салонски третман во удобноста на вашиот дом. Благодарение на тројното делување на AHA, BHA и PHA киселиниte, ефикасно ги отстранува мртвите клетки, додека истовремено ја негува кожата со есенцијални аминокиселини кои помагаат во обновување и подобрување на текстурата.
Со редовна употреба, грубата кожа станува мазна, свиленкаста и здрава, додека процесот на регенерација се забрзува, правејќи ја кожата поотпорна и ревитализирана.
Главни придобивки:
Клучни состојки:
Како да се користи:
Shiny Pumpkin Peel Care Cream е совршен избор за оние што сакаат блескава, мазна и ревитализирана кожа, без потреба од агресивни третмани!
Сакате да пробате некој од серумите на Beauty of Joseon, но не знаете кој. Ви го претставуваме Hanbang Discovery Kit, сет создаден токму за оние кои сакаат да пробуваат и да го откријат идеалниот серум за нивната кожа.
Сетот содржи 4 различни серуми во шишенца од по 10ml, кои може да ги комбинирате во својата рутина, зависно од моменталните потреби на кожата.
Сетот содржи: