1.538 ден
Исчистете ја и нахранете ја кожата со чистачот во прав! Формулиран со растителни ензими, центела и каламин, формулата за тројно чистење ги елиминира мртвите клетки и остатоците од кожата додека ја навлажнува и смирува кожата. Се препорачува за сува, чувствителна и комбинирана кожа. Centella и активните состојки помагаат да се смири црвенилото на кожата.
Благодарение на растителните ензими, центелата и каламинот, оваа формула за тројно чистење темелно ја чисти кожата и ги прочистува порите додека прави физичка и хемиска ексфолијација. Благодарение на растителните сурфактанти кои се нежни со кожата прави нежна пена и ја чисти кожата без да предизвика иритација.
Производот нема додадени вештачки бои и мириси, а неговата бледо розова боја се должи на природните состојки.
KOJA E ПРЕДНОСТА НА КЛЕНЗЕР ВО ПРАВ?
Содржи само 5% прочистена вода за мешање на состојките, а со редучирање на количеството на вода се интензивира функцијата на главните состојки.
КАКО СЕ КОРИСТИ?
По навлажнување на лицето се зема соодветна количина (количина што се истура при при едно превртување на шишето) од производот на дланка, се меша со малку вода и се трие за да се создаде пена. Пената се нанесува на лицето и нежно се масира. На крај се измива со млака вода
Клучни состојки:
– Екстракт од азиска центела кој го смирува црвенилото и иритацијата.
– Каламин кој ја смирува и штити чувствителната кожа.
– Морска сол и прав од азиска центела кои прават физичко отстранување на мртвите клетки од кожата кои се причина за појава на црвенило.
– Два типа на растителни ензими (протеаза и бромелин) кои прават хемиски пилинг односно отстранување на мртвите клетки.
– Хијалуронска киселина која на кожата ѝ дава хидратација.
Се препорачува кај:
– Кожа со црвенило
– Иритирана кожа
– Чувствителна кожа
– Кожа на која и е потребен нежен клензер за утринска и вечерна нега.
– Кожа без баланс на водата и мастите
1.538 ден
Oдржувајте ја кожата беспрекорно чиста и навлажнета со 𝗖𝗢𝗦𝗥𝗫 𝗣𝘂𝗿𝗲 𝗙𝗶𝘁 𝗖𝗶𝗰𝗮 𝗦𝗺𝗼𝗼𝘁𝗵𝗶𝗻𝗴 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗶𝗻𝗴 𝗕𝗮𝗹𝗺, мек балзам за миење на лицето кој при употреба се топи во свиленкасто масло.
Со леснотија ќе ја растопи и комплетно ќе ја отсрани и најтврдокорната шминка. Совршен производ за оние со чувствителна кожа кои бараат неиритирачко и смирувачко средств за отстранување на шминката и чистење на кожата. Темелно ги чисти затнатите пори за да спречи појава на црнки и затворени комедони и ги отстранува загадувачите од околината.
Овој балзам за миење го комбинира смирувачкиот комплекс Pure Fit Cica-7 со шиа путер не само за да ја смири чувствителната кожа, туку и да ја одржува свежа и добро навлажнета. Исто така содржи екстракт од кокос, природна состојка која нежно ги отстранува сите траги од шминка во еден лесен чекор.
Комплексот Pure Fit CICA-7 еприроден комплекс направен од 7 состојки добиени од центела.
CICA-7 комплексот содржи:
Дејство на CICA-7 комплексот:
Направен е со безбедни состојки со зелено (највисоко) ниво на безбедност според EWG. Докажано е неиритирачко со спроведување на дерматолошки тест за чувствителност на кожата.
Употреба: Нанесе од балзамот на суво лице и масирајте нежно за да се растопи. Потоа додадете малку вода и масирајте уште 30 секунди за да емулгира, на крај исплакнете темелно со млака вода.