744 ден 521 ден
Нема на залиха
Подобрете ја ефикасноста на вашите призводи за нега со вклучување на тонер во рутината за нага на лицето.
Доколку имате комбинирана или мрсна кожа, или ви е потребна нежна ексфолијација, вметнете го 𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗚𝗿𝗲𝗲𝗻𝗳𝘂𝗹 𝗕𝗮𝗹𝗮𝗻𝗰𝗶𝗻𝗴 𝗧𝗼𝗻𝗲𝗿 во вашата рутина за нега на лицето и несомнено ќе почувствувате голем бенефит и подобрено дејство на целата рутина.
Тоа е нежен, но многу ефикасен балансирачки тонер за нежна ексфолијација, со лесна, освежителна завршница.
Содржи 42,6% екстракт од мунго грав кој помага да се отстрани нечистотојата од порите, со што помага во отстранување на црнките. Богат е со протени и ја подобрува хидратацијата на кожата со што ја прави помека и поеластична.
Ја балансира кожата до нејзината идеална pH вредност, што е многу важно за одржување на здрава кожа.
Ја подрбрува хидратацијата со што помага да се одржи кожата свежа и добро хидрирана во текот на целиот ден. Со тоа ја подобрува моќта на кожата да ги апсорбира корисните состојки од производите од следните чекори и да го подобри нивното дејство.
Содржи PHA, состојка која нежно ги отстранува мртвите клетки од површината на кожата без да направи иритација, за да го стимулира обновувањето на поврѓшината на кожата и да ја направи помазна и почиста. Природно го регулира балансот на вода и масти во кожата и има способност да хидрира.
Патентираниот комплекс AQUAXYL™ дава моќна длабинска и долготрајна хидратација и ја штити кожата од губење на влажноста.
Производот е вегански и cruelty-free. Дерматолошки е тестиран и не предизвикува иритација кај чувствителната кожа.
744 ден 521 ден
Нема на залиха
Mizon Snail Repair Intensive тонерот со концентриран филтрат од слуз од полжав, ја враќа рамнотежата на вода и масти и виталноста на кожатa, го успорува процесот на појава на брчки, овозможува еластичност и обновување на кожата.
Вметнете го овој производ во својата рутина, веднаш по миењето и почувствувајте го моменталниот ефект на зголемена хидратација. Транспарентната гел текстура на водена база овозможува флексибилност со длабока хидратација, со лесна впивливост, без сушење на кожата.
Дејство:
Не содржи парабени и вештачки парфеми кои предизвикуваат иритации, така што може да се употребува и за чувствителна кожа.
Има мултифункционална формула која покрај високата концентрација на филтрат од слуз од полжав содржи и аденозин, состојка позната по своето антиејџ дејство, во намалување на фините линии и спречување на појава на нови линии и брчки, подобрување на тенот и стимулирање на производство на колаген. Содржи и екстракт од азиска центела кој ја смирува иритацијата на кожата.
Овој тонер е наменет за корисниците кои:
Отстранете ги мртвите клетки од кожата, за совршено мазно и чисто лице сo Benton PHA Peeling Тoner.
PHA киселина се користи наместо AHA и за разлика од AHA не предизвикува фотосензитивност. Има минимални ефекти за фотосензитивност со PHA. Ги отстранува нечистотиите на кожата додека формира водена бариера, оставајќи ја кожата мазна и чиста.