1.995 ден 1.397 ден
Нема на залиха
Започнете ја вечерната рутина за нега на кожата со темелно чистење со лесното и освежувачко масло 𝗚𝗿𝗲𝗲𝗻𝗳𝘂𝗹 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗶𝗻𝗴 𝗢𝗶𝗹 на корејскиот бренд 𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻.
Toa e oдлично масло за миење на лицето кое ефикасно ги чисти остатоците од шминка и вишокот маснотии, ги отстранува мртвите клетки и нечистотиите од кожата. Покрај тоа, екстрактот од мунго грав помага да се зајакне бариерата на кожата и помага да се подобри нејзиниот тон, еластичност и текстура.
Освои 1-во место на Hwahae Beauty Awards 2021 за најдобар нов производ во категоријата на масла, за втората половина на 2021 и 1-во место на Hwahae Beauty Awards 2022 за најдобар производ во категоријата на масла.
Екстрактот од мунго грав помага во чистење на остатоците од шминка, нечистотии од порите и вишокот на себум.
Екстрактот од никулци на мунго грав помага во подобрување на тонот на кожата и текстурата на кожата.
Маслото од семе од зелен чај ја зголемува еластичноста на кожата и ја зајакнува бариерата на кожата.
Не предизвикува иритација и црвенило на кожата. Не остава леплива трага. Завршен е тест за сензитивност на кожата и докажано е дека производот е погоден за употреба кај чувствителна кожа. Производот е сертифицирано вегански.
1.995 ден 1.397 ден
Нема на залиха
Aromatica Orange Cleansing Sherbet е нежен, но ефикасен балзам за чистење на лицето на маслена база, кој со леснотија длабински ја отстранува нечистотијата и сите траги од шминка и прави благ пилинг на лицето отстранувајќи ги наталожените мртви клетки.
Toa е балзам со цврста текстура кој при допир со кожата веднаш се топи и лесно се нанесува. Ја чисти кожата урамнотежувајќи го создавањето на маснотии, ја навлажнува, ја прави мека и ја остава со чувство на свежина и пријатен мирис.
⠀
Содржи повеќе природни масла добиени со процес на ладно цедење, при што тие го задржуваат природниот мирис, боја и активни состојки.
Канола маслото и органското масло од бабасу овозможуваат да се расворат нечистотиите и мртвите клетки. Маслото од бабасу, исто така содржи лауринска киселина, благодарение на која делува антибактериски и антиинфламаторно. Маслото од јатки од дива кајсија содржи масни киселини, линолна киселина и витамин Е кои на кожата и даваат еластичност.
⠀
Овој производ содржи 3 вида есенцијални масла на кои се должи пријатниот мирис, а покрај тоа имаат и антибактериско дејство. Тоа се маслото од цвет на Cananga odorata, маслото од стебло на Cedrus atlantica (кедар) и маслото од кора на Citrus aurantium dulcis (портокал).