1.410 ден 1.096 ден
Направена со 96% филтрат од слуз од полжав (муцин), оваа есенција ѝ помага на кожата да губи помалку влажност, додека ја одржува мазна и здрава.
1.410 ден 1.096 ден
Тоа е есенција позната по својата минималистичка формула. Идеална е за ексфолијација и хидратација на кожа со нерамномерна текстура и тен. Клучни состојки се ферментиран екстракт од соја, јачмен, калинка и корејска круша.
Уникатна, немрсна, лесна маслена есенција, хибрид кој ги комбинира антиоксидантното збогатено масло од семе од бодликава круша со брзо апсорбирачката есенција за хидратација и нега на кожата.
Започни ја рутината на чиста основа со Clearing Skin Prep Essence Pad, иновативни тупфери со тонер/есенција кои обезбедуваат две важни функции во едно, нежна ексфолијација и хидратација. Создадени за темелно отстранување на наталожени нечистотии, остатоци од шминка и мртви клетки, овие тупфери се првиот чекор кон здрава, избалансирана и сјајна кожа.
Поради влијанието на УВ-зраци, промени во температурата и ситна прашина, порите лесно се затнуваат, што доведува до појава на комедони, акни и губење на сјај. Clearing Skin Prep Essence Pad користи моќна комбинација на AHA, BHA и PHA киселини, дополнета со екстракт од црвено цвекло, за да обезбеди нежен пилинг без иритации, благодарение на AHA, BHA и PHA кои нежно ги отстрануваат мртвите клетки и вишокот себум. Пружаат длабинска хидратација и балансирање на себумот што ги прави совршени за кожа склона на акни или дехидрирана кожа со мрсни делови. Имаат смирувачки ефект благодаренире на екстрактот од црвено цвекло кој ја намалува иритацијата и црвенилото, дури и кај чувствителна кожа. Придонесуваат за побалансиран и рамномерен тен, редовната употреба ја подобрува текстурата на кожата и ѝ дава природен сјај.
Есенцијата од овие тупфери се апсорбира брзо и не остава лепливост, а во исто време дава чувство на освежување и смирување.
Главната состојка е црвено цвекло. Оваа суперхрана е богата со антиоксиданти и нутриенти кои го ублажуваат воспалението, го намалуваат ризикот од иритации, ја поддржуваат природната бариера на кожата.