Кошничка 0 x

Product

COSRX Pure Fit Cica Clear Cleansing Oil 200ml

1.790 ден 1.450 ден

Нема на залиха

Темелното чистење е клучно за здрава и негувана кожа. Според корејската рутина за нега се препорачува двојно чистење, посебно во вечерната рутина, кое вклучува маслен чистач како прв чекор и пенлив чистач како втор чекор.
 
Чистењето со масло за миење помага темелно да се отстрани нечистотијата без да се наруши бариерата на кожата.
 
 Започнете ја рутината за нега со 𝐏𝐮𝐫𝐞 𝐅𝐢𝐭 𝐂𝐢𝐜𝐚 𝐂𝐥𝐞𝐚𝐫 𝐂𝐥𝐞𝐚𝐧𝐬𝐢𝐧𝐠 𝐎𝐢𝐥, масло за миење лице. Тоа е лесно освежително масло за миење кое веднаш ја топи шминката, нечистотиите во порите и прашината, пружајќи длабинско, хидратантно чистење без мрсна завршница. Идеален за сите типови кожа, вклучително и мрсна и чувствителна.
 
Што го прави ова масло за миење лице посебно?
 
Погодно е за употреба и кај најчувствителната кожа. Има повеќекратно поволно дејство врз кожата. Составено е од природни состојки со најголема застапеност на патентираниот CICA-7 комплекс, за ефиксано смирување, хидратација и разладување на нежната и чувствителна кожа. Не само што ја чисти кожата туку ја подобрува и нејзината заштитна бариера.
 
Комплексот CICA-7 еприроден комплекс направен од 7 состојки добиени од центела.
 
CICA-7 комплексот содржи:
  • азиатикозид
  • азиатична киселина
  • мадекасинска киселина
  • мадекасозид
  • екстракт од азиска центела
  • екстракт од лист од азиска центела
  • екстракт од корен од азиска центела
 
Дејство на CICA-7 комплексот:
  • Ја смирува иритираната кожа
  • Ја штити чувствителната кожа
  • За зајакнува бариерата на кожата

Ефикасно ја отстранува и најтврдокорната шминка, ги чисти затнатите пори за да спречи појава на црнки и затворени комедони и отстранува 99% од загадувачите од околината, како што е ситната прашина која лесно може да ја оштети кожата.

Има лесна текстура која нуди освежувачко длабинско чистење што ја хидрира кожата без да остави чувство на масна и тешка завршница.
 
Сите состојки се со зелено (највисоко) ниво на безбедност според EWG. Докажано е неиритирачко со спроведување на дерматолошки тест за чувствителност на кожата.
 
Достапност: Нема залиха
Сподели на:

COSRX Pure Fit Cica Clear Cleansing Oil 200ml

1.790 ден 1.450 ден

Нема на залиха