280 ден
Тоа е ладно цедено, не рафинирано, органско масло од арган на домашниот бренд за природна козметика Данини.
Органското масло од арган ја навлажнува и регенерира кожата на лицето, исто така делува против брчки. Помага во обновување и омекнување на испукана и груба кожа. Погодно е за употреба кај изгореници за ревитализација на кожата, или испукани врвови на коса.
Тоа е ладно цедено, не рафинирано, органско масло од морков на домашниот бренд за природна козметика Данини.
Органското масло од морков содржи хранливи материи, како што се витамини А, Е и бета-каротен. Погодно е за нега на особено сува и зрела кожа на која ѝ ја враќа влажноста и свежината.
Маслото од шафран има бојни докажано погодни својства за кожата. Вметнете го во својата рутина за нега и почувствувајте го бенефитот од неговата употреба.
Маслото од шафран е моќен антиоксидант и ја штити кожата од слободните радикали кои ги создава штетното UV зрачење. Со тоа го спречува предвременото стареење на кожата. Содржи кроцин, потентна антиоксидантна состојка, која ја штити кожата од UVA и UVB зраците кои се причинители на појава на предвремени знаци на стареење.
Ова масло ефикасно ги смирува воспаленијата. Кроцинот придонесува за неговото антиинфламаторно дејство, бидејќи го спречува дејството на многу инфламаторни протеини.
Го поттикнува заздравувањето на кожата и затворањето на раните преку забрзување на процесот на создавање на нови клеки.
Ја намалува хиперпигментацијата благодарение на кроцинот и другите активни состојки кои ги содржи ова масло.