1.490 ден
1.490 ден
За помазна и почиста кожа вклучете го во својата рутина за нега подмладувачкиот тонер со гликолна киселина на 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵.
𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗚𝗹𝘆𝗰𝗼𝗹𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗙𝗮𝗰𝗶𝗮𝗹 𝗧𝗼𝗻𝗲𝗿 нежно го отстранува надворешниот слој на кожата составен од мртви клетки за да открие почист и посјаен тен за младешки изглед на кожата.
Има уникатна напредна формула која вклучува гликолна киселина, алое вера, зелен чај и екстракт од леска за да ја ревитализира кожата, да ѝ даде чувство на свежина и здрав сјај.
Бенефит:
▪️ Помага во намалување на фините линии и брчки
▪️ Ја намалува појавата на проширени пори
▪️ Помага да се изедначи тонот на кожата и да се подобри изгледот на старечките дамки
▪️ Ја зголемува хидратацијата на кожата за помазна и попрефинета текстура
Клучни состојки:
▪️ Гликолната киселина помага во ексфолијација на мртвите клетки на кожата за да се открие посвеж, помазен и посветол слој на кожата. Тоа помага да се зголеми производството на колаген за да се направи кожата поцврста, поеластична и помазна, со помалку фини линии и брчки.
▪️ Алое вера е разладувачка и навлажнувачка состојка која помага за смирување и хидратација на кожата. Ја прави кожата мека и свиленкаста.
▪️ Зелениот чај помага да се заштити и одржува кожата здрава со минимизирање на знаците на стареење. Тој е моќен антиоксидант кој ја штити од оштетувањата кои ги предизвикуваат слободните радикали.
▪️ Екстрактот од леска е состојка која ја смирува кожата.
Aromatica Orange Cleansing Sherbet е нежен, но ефикасен балзам за чистење на лицето на маслена база, кој со леснотија длабински ја отстранува нечистотијата и сите траги од шминка и прави благ пилинг на лицето отстранувајќи ги наталожените мртви клетки.
Toa е балзам со цврста текстура кој при допир со кожата веднаш се топи и лесно се нанесува. Ја чисти кожата урамнотежувајќи го создавањето на маснотии, ја навлажнува, ја прави мека и ја остава со чувство на свежина и пријатен мирис.
⠀
Содржи повеќе природни масла добиени со процес на ладно цедење, при што тие го задржуваат природниот мирис, боја и активни состојки.
Канола маслото и органското масло од бабасу овозможуваат да се расворат нечистотиите и мртвите клетки. Маслото од бабасу, исто така содржи лауринска киселина, благодарение на која делува антибактериски и антиинфламаторно. Маслото од јатки од дива кајсија содржи масни киселини, линолна киселина и витамин Е кои на кожата и даваат еластичност.
⠀
Овој производ содржи 3 вида есенцијални масла на кои се должи пријатниот мирис, а покрај тоа имаат и антибактериско дејство. Тоа се маслото од цвет на Cananga odorata, маслото од стебло на Cedrus atlantica (кедар) и маслото од кора на Citrus aurantium dulcis (портокал).
Ефикасно ја отстранува и најтврдокорната шминка, ги чисти затнатите пори за да спречи појава на црнки и затворени комедони и отстранува 99% од загадувачите од околината, како што е ситната прашина која лесно може да ја оштети кожата.