1.160 ден
1.160 ден
Заштитата на кожата на лицето од штетните UV зраци е важна како во лето, така и во зима, бидејки штетните UV зраци се присутни во текот на целата година и се главните причинители за предвременото стареење на кожата.
UVА зраците предизвикуваат стареење на кожата, додека UVB предизвикуваат изгореници. Но тука е Dr Colić Sun Protection крем за лице со уникатна комбинација на филтри и активни состојки кој обезбедува висока заштита од UVA и UVB сончеви зраци.
Dr Colić Sun Protection е водоотпорен крем за лице за заштита од сонце, со единствена комбинација на филтри и активни состојки. Обезбедува висока заштита од UVA и UVB сончеви зраци и го спречува стареењето на кожата.
Покрај филтрите кои ја штитат кожата од сонце, богат е и со активни состојки кои ги спречуваат првите знаци на стареење, интензивно ја хидрираат кожата, ја смируваат иритацијата и ја регенерираат кожата, обезбедувајќи свеж и младешки изглед на лицето.
Невидлив е на кожата и не остава бела трага, па затоа е погоден за заштита на лицето во текот на целата година.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
▪️ Хијалуронската киселина обезбедува интензивна хидратација и го спречува продлабочувањето на брчките, правејќи ја кожата мека и еластична.
▪️ Витаминот Е е моќен антиоксидант, го поттикнува обновувањето на клетките преку стимулирање на метаболизмот на кислородот во клетките и на тој начин го спречува сушењето на кожата.
▪️ Хамамелисот има смирувачки ефект, има антибактериско и антиинфламаторно дејство.
▪️ Го стимулира имунолошкиот систем и видливо ја подобрува состојбата на чувствителната кожа. Има благотворно смирувачко и антиалергиско дејство и ги ублажува иритациите.
▪️ Пантенолот интензивно регенерира и ги отстранува оштетувањата на кожата.
▪️ Алантоинот ja смирува иритациjата, ја зголемува влажноста на кожата и ја прави помазна. Го стимулира отстранувањето на мртвите клетки од површината на кожата и го забрзува растот на ново и здраво ткиво. Штити од оштетување на клетките предизвикано од UV зрачењето.