Кошничка 9 x

Product

FAEBEY WHITE DROPS Facial Ampoules / NIACINAMIDE 7x2ml

1.150 ден

Toa  се концентрирани ампули за топикална апликација кои содржат витамин B3 и обезбедуваат широк спектар на придобивки за кожата. Наменети се за секојдневна нега со фокус на осветлување на тенот, намалување на хиперпигментација, балансирање на себум и подобрување на текстурата на кожата.

Со редовна употреба, ниацинамидот делува на намалување на темни дамки и пеги, придонесувајќи за порамномерен и посветлен тен. Активната состојка делува и на регулирање на лачењето себум, што го прави овој производ особено погоден за кожа склона кон акни или вишок мрснотија.

Дополнително, ампулите го зајакнуваат заштитниот слој на кожата, подобрувајќи ја нејзината способност за задржување на влага и заштита од надворешни влијанија. Со своите антиинфламаторни својства, ниацинамидот помага во смирување на црвенило и иритации, што го прави погоден и за чувствителна кожа.

Формулата е лесна, немасна и брзо се апсорбира, оставајќи ја кожата освежена и мека. Ампулите може да се користат самостојно или во комбинација со други серуми и третмани во вашата рутина.

Редовната употреба на ниацинамид ампули носи видливи резултати за неколку недели, со подобрен изглед на кожата, изедначен тен, намалени пори и зголемена хидратација.

Начин на употреба:

  • Нежно протресете ја ампулата.

  • Ставете го апликаторот на врвот од ампулата за да ја скршите.

  • Вметнете го апликаторот.

  • Истурете ја содржината во дланката и нанесете ја на чиста кожа на лицето, вратот и деколтето.

  • Масирајте со врвовите на прстите сè додека целосно не се апсорбира, потоа нанесете ја вообичаената или препорачана крема.

 

Мерки на претпазливост:

  • За ваша безбедност, користете го приложениот апликатор за отворање на ампулите.

  • Никогаш не отворајте со непокриени раце.

  • Производот не е за инјектирање.

  • Избегнувајте контакт со очи и слузници.

  • Чувајте го подалеку од дофат на деца.

Достапност: Има залиха
Сподели на:

Земја на производство: Шпанија

Состав: Aqua (Water), Niacinamide, Sodium Chloride, Sodium Hydroxide.

Сет од седум ампули Faebey White Drops со ниацинамид за лице, прикажани до светловиолетова кутија со лого FB и натпис „Facial Ampoules – Niacinamide“. Производот е поставен на бела позадина. Set of seven Faebey White Drops facial ampoules with niacinamide, shown next to a light purple box featuring the FB logo and the label “Facial Ampoules – Niacinamide”. Product displayed on a white background.

FAEBEY WHITE DROPS Facial Ampoules / NIACINAMIDE 7x2ml

1.150 ден