891 ден Original price was: 891 ден.713 денCurrent price is: 713 ден.
891 ден Original price was: 891 ден.713 денCurrent price is: 713 ден.
ANUA Heartleaf 70% е крем за интензивно смирување на кожата кој содржи 70% екстракт од Heartleaf. Тоа е популарен корејски хидратантен крем за нега на кожата, дизајниран да ја смири, хидрира и обнови бариерата на кожата. Идеален за чувствителна и сува кожа, овој богат крем без мирис содржи церамиди и пантенол, нудејќи немасен, хранлив финиш. Погоден е за лице, врат и деколте. Овој крем често се претпочита за смирување на иритацијата на кожата или за обновување на влагата во постудените сезони.
-Висока концентрација на екстракт од Heartleaf: Содржи 70% екстракт од Houttuynia Cordata, кој обезбедува антиинфламаторни и смирувачки придобивки за иритираната кожа.
-Обновување на бариерата: Формулиран со Ceramide NP и Panthenol (витамин B5) за зајакнување и заштита на бариерата на кожата.
-Текстура и чувство: Луксузен, густ и кадифен хидратантен крем кој лесно се впива во кожата по нанесувањето. Брзо се апсорбира и иако е хранлив, не се чувствува мрсен, восочен или леплив.
-Тип на кожа: Погоден за сите типови кожа, особено сува, чувствителна или кожа склона кон акни.
-Како да се користи? По претходно нанесувањето на тонер и серум нанесете го на кожата како хидратантен крем наутро и навечер со што ќе ја задржите влагата на кожата. Тапкајте до негова целосна апсорпција.
-Безбедна формула: Без мирис, без парабени и без тестирање на животни.
Matrigen Lipo Exosome B-Archive Complex е моќна есенција за затегнување на кожата и обнова на бариерата на кожата.
Оваа есенција (серум) пружа длабинска нега и го враќа младешкиот сјај на кожата. Овој револуционерен производ помага во интензивно производство на колаген и еластин во опуштената и слаба кожа, нудејќи брзо решение за затегнување и ревитализација.
Тоа е високо концентриран професионален серум кој ја користи најновата технологија на егзозоми и микрогранули од церамиди (ceramide beads) за да испорача витални хранливи материи и хидратација длабоко во дермисот. Неговата посебна карактеристика е комбинавијата на егзозоми и микрогранули од церамиди, која е дизајнирана да ја зајакне кожната бариера и ефикасно да спречи губење на влажноста, додека истовремено работи на намалување на брчките.
Што се Егзозоми и зошто се иднината на Anti-Age негата? Замислете ги егзозомите како интелигентни „микро-курири“ кои носат витални пораки за регенерација длабоко во вашата кожа, таму каде што обичните креми не можат да стигнат. Тие не делуваат само површински, туку директно комуницираат со вашите клетки, давајќи им сигнал да се „разбудат“ и повторно да почнат интензивно да произведуваат сопствен колаген и еластин. Оваа напредна технологија овозможува вистинско подмладување одвнатре-нанадвор, резултирајќи со кожа која е видливо позатегната, помазна и со обновен, младешки сјај.
Оваа напредна формула содржи супериорни состојки за максимална нега на зрела кожа:
За кого е наменет Matrigen Lipo Exosome B-Archive Complex? Наменет е за оние кои сакаат:
Начин на користење: Користете го Matrigen Lipo Exosome B-Archive Complex по чистење и тонирање на лицето, пред нанесување крем. Отворете го капачето. Одвртете го осигурувачот на задниот дел од контејнерот во насока на стрелките на часовникот и притиснете го копчето. Нанесете соодветна количина на критичните зони со брчки, околу очите, назолабијалните брички и брчките на вратот. Лесно тапкајте со врвовите на прстите додека серумот целосно не се апсорбира.
Со Matrigen Lipo Exosome B-Archive Complex откријте ја тајната за цврста кожна бариера и младешки сјај!