1.870 ден 1.496 ден
Нема на залиха
За сите оние кои сакаат едноставна, а сеопфатна и ефикасна рутина за нега на лицето го препорачуваме Ceramide Hydra Fluid на корејскиот бренд Lapothicell. Toa e 3 во 1 производ, кој е тонер, навлажнувач и есенција во исто време. По утринското или вечерното миење на лицето можете да го нанесувате само овој производ, без дополнителни чекори во рутината за нега.
Содржи природни церамиди со високо ниво на чистота од 95% и хијалуронската киселина со мали молекули кои со продолжено дејство на кожата ѝ ја даваат потребната влажност и формираат заштитен влажен слој, а хидратацијата е клучен чекор во спречување на многу несакани појави на кожата како што се појавата на фини линии и брчки, перутање, дехидрирана и затегната кожа и др.
Клучни состојки:
Се препорачува за:
Содржи комплекс Bio-Hydra-F™. Тоа е хидро филм формула со мешавина од био ферментирани состојки која помага во одржување на влажност на кожата и спречѕвање на дехидратација. Има интензивен навлажнувачки ефект благодарение на хијалуронска кислина со мали молекули. Ферментираното масло од камелија помага во оздавање хидратациски штит. Ферментирани церамиди ја подобруваат кожната бариера.
Начин на употреба: Нанесете на лицето наутро и навечер по нанесувањето на тонер и серум.
1.870 ден 1.496 ден
Нема на залиха
Ќе ви ја откриеме тјната на беспрекорната кожа што зрачи со посебен сјај. Тоа е Anti-Aging Moisturizer L-22, навлажнувач на популрниот американски бренд YEOUTH.
Формулиран е со патентираниот липиден комплекс L22 кој интензивно ја подобрува заштитната бариера на кожата, кожата ја штити од надворешните штетни влијанија, исто така помага да се спречи губењето на влажноста и да се задржи хидратацијата. Помага видливо да се подобри изгледот на фините линии, брчките и да се подобри цврстината и еластичноста на кожата. Ја прави кожата свежа, полна, поцврста и затегната.
Формулата на овој навлажнувач е надополнета со измазнувачки и омекнувачки состојки како што се шиа путер, масло од јојоба и масло од макадамија.
Што го прави овој навлажнувач посебен?
▪️ Интензивно ja навлажнува и храни кожата
▪️ Го изедначува тенот и ја измазнува текстурата на кожата
▪️ Ја спречува појавата на фини линии и брчки
▪️ Одржува оптимално ниво на влажност во текот на целиот ден
▪️ Целокупно го подобрува изгледот на кожата и допринесува за помладешки изглед
▪️ Безбеден е за сите типови кожа, а посебно се препорачува за сува кожа
▪️ Не содржи никакви штетни или контроверзни состојки
▪️ Дава загарантирани резултати
Клучни состојки:
▪️ Шеа путерот има навлажнувачкo и заздравувачко дејство врз кожата. Природните масни киселини кои ги содржи помагаат да се постигне помазна текстура и порамномерен тен на кожата, истовремено помагаат да се намалат хиперпигментацијата и лузните.
▪️ Маслото од јојоба и маслото од макадамија се богати со хранливи материи и ја навлажнуваат кожата. Тие обезбедуваат долготрајна, длабинска хидратација додека ја негуваат и заштитуваат кожата. Поради нивните интензивни навлажнувачки својства брзо ја враќаат еластичноста на кожата и ги намалуваат фините линии и брчките.
Тоа е сет од четири производи со колаген за сеопфатна нега на лицето. Пмага за хидратација, зацврснување и лифтинг на кожата. Сетот содржи тонер, емулзија, ампула и крем.