1.649 ден Original price was: 1.649 ден.1.319 денCurrent price is: 1.319 ден.
Нема на залиха
Lapothicell Panthenol 10% Soothing Cream е моќен хидратантен смирувачки крем со 10% пантенол со ефект на ладење и навлажнувачко дејство. Наменет е за груба кожа оштетена од надворешните штетни влијанија и иритации (хемиски или физички).
Со својата впивлива и свиленкаста текстура, со формула која ја заштитува кожата од губење на влажноста, ја подобрува состојбата на оштетената кожа три пати побрзо и целосно ја обновува, правејќи ја сјајна.
Пантенолот застапен со висока концентрација (100,000ppm) е значајна состојка која има својство да ја привлече и задржи влагата, карактеристична по тоа што се претвора во витамин B5 кога се апсорбира во кожата.
Со ваквите благотворни ефекти, директно ја снабдува кожата со влажност и може значително да ја подобри и смири кожата, отстранувајќи ги мртвите клетки и чешањето, зголемувајќи ја влажната содржина на кожата.
Екстрактот од лист од Hamamelis virginiana, алантоинот и екстракт од прополис значително ја смируваат оштетената кожа од надворешните влијанија. Состојките со природно потекло како екстракт од Camellia, зелен чај и чајно дрво нудат хидратантно ревитализирачко дејство. Екстрактот од лист од Agrimonia eupatoria може да помогне во контролата на прекумерното испуштање на себумот и помага во одржување на балансот на мастите и водата.
Овој хипоалерген производ се препорачува за чувствителна и оштетена кожа склона на надворешни иритации на која и е потребно моментална хидратација, кожа на која и недостига баланс на водата и мастите, кожа на која и е потребен хидрататнтен крем без лепливост и со долготраен навлажнувачки ефект.
По чистењето на лицето, нанесете соодветна количина од кремата на кожата секое утро и вечер. Тапкајте нежно за подобар резултат.
За да уживате во најдобрите резултати за Вашата кожа, Lapothicell препорачува овој крем да се употребува заедно со следните производи: AC Daily Calming Calamine Cleanser → Toning Essence Facial Hydrating Booster → SOS Spot Serum → Minus Mask Sheet
1.649 ден Original price was: 1.649 ден.1.319 денCurrent price is: 1.319 ден.
Нема на залиха
Сет од 4 мини производи од линијата Snail, пена за чистење, тонер, есенција и крем. Сет за сеопфата нега на лицето во 4 чекори.
Toa е смирувачки крем кој содржи три вистински липидни компоненти кои ги содрж слојот на епидермисот благодарение на кои помага во обновување и зајакнување на бариерата на кожата. Има специфична златно жолта боја и гел текстура налик на мед но не осатава леплива трага. Брзо се впива во кожата, врзувајќи се со трите компоненти на липидниот слој на кожата за да стимулирајќи подобра апсорпција.
Покрај тоа што помага да се обнови и зајакне природната бариера на кожата, исто така помага за подолготрајно задржување на влагата во кожата. Богатите хидратантни состојки на овој крем ја оставаат кожата мазна и мека на допир.
Кремот има смирувачко дејство благодарение на неговите нежни состојки кои длабоко ја навлажнуваат и ја измазнуваат кожата.
Формулиран со церамиди, овој крем нуди совршена нега на кожата за оние кои сакаат да уживаат во посвежа, помазна кожа благодарение на способноста на церамидите да ги отстранат мртвите клетки и да ги заменат со нови клетки.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Содржи 72% екстракт од Centella asiatica со потекло од недопрената природа на Мадагаскар. Екстрактот од Centella asiatica ja смирува кожата и го надополнува нивото на хидратација.
Церамидите, масните киселини и холестерол се 3 липидни компоненти на кожата, а овој крем прави нивно надополнување и обновување на природната бариера на кожата.
Кажете им збогум на иритацијата црвенилото и акните предизвикани од заштитните маски. Goodbye Redness Spot Cream на корејскиот бренд Benton ќе ви помоге брзо да го вратите балансот на кожата изиритирана од надворешни фактори и таа повторно да светне со здра#центела
Овој ефикасен крем за спот третман на иритираните делови на кожата на лицето, може да се користи и на целото лице бидејќи е лесен крем со хидратантно дејство. Лесно се апсорбира пружајки интензивно смирувачко дејство, заштита на кожата и баланс на водата и мастите.
Содржи 42% екстракт од азиска центела, 10% каламин, пеперминт и чајно дрво. Нуди здрава формула направена од природни состојки од кои кожата има бенефит и не содржи алкохол, PEG, силикони, минерални масла или било какви контроверзни состојки.
Се препорачува кај:
Клучни состојки:
Производот е дерматолошки тестиран.
Производот нема додадени вештачки бои и мириси, а неговата бледо розова боја се должи на природните состојки.