Кошничка 9 x

Product

Matrigen NMN Beta Cleansing Foam 200ml

990 ден

Matrigen NMN Beta Cleansing Foam е иновативна пена за миење лице која го претставува првиот и најважен чекор во вашата анти-ејџ рутина. Овој професионален производ не само што ефикасно ги отстранува нечистотиите, шминката и вишокот себум, туку истовремено ја активира кожата и ја подготвува за максимална апсорпција на хранливите материи. Текстурата е богата и кремаста, создавајќи обилна и нежна пена која овозможува свеж финиш без чувство на затегнатост, оставајќи го лицето хидрирано, еластично и ревитализирано.

Оваа пена нуди решение за оние кои бараат нежна, но ефикасна ексфолијација и контрола на себумот, за лицата со уморна кожа на која и недостасува цврстина, како и за оние кои сакаат да ја заштитат кожата од предвремено стареење уште при самиот чин на чистење. Производот е идеален за сите типови кожа, особено за зрела и дехидрирана кожа, бидејќи помага во одржување на оптималното ниво на влажност. Благодарение на својата балансирана формула, пената ја смирува кожата и ја подобрува нејзината хигиена со антибактериско дејство.

NMN (никотинамид мононуклеотид) во концентрација од 5,000 ppm е клучната состојка која го трансформира ова чистење во антиејџ третман. Како прекурсор на NAD+, NMN помага во поправка на ДНК на клетките и обезбедува енергија за нивна обнова, со што директно се бори против брчките и ја зголемува еластичноста на кожата веднаш по миењето.

Acetyl Hexapeptide-8 познат како аргирелин или „ботокс пептид“ делува на релаксирање на мускулните контракции. Познат е како „ботокс во шишенце“ бидејќи помага во видливо измазнување на мимичките брчки без потреба од инвазивни процедури.

Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:

  • Обезбедува темелно чистење додека истовремено ја зацврстува кожата.
  • Нуди блага ексфолијација која ги отстранува мртвите клетки и ја измазнува текстурата.
  • Ја зголемува еластичноста и ја активира природната енергија на клетките.
  • Го контролира лачењето на себум и ги прочистува порите.
  • Ја заклучува влагата во кожата, спречувајќи дехидратација по миењето.
  • Делува антиоксидативно и помага во спречување на пигментацијата.

Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:

  • Никотинамид мононуклеотид (NMN) е активна состојка која го забавува стареењето и ја поттикнува клеточната регенерација.
  • Acetyl Hexapeptide-8 е познатиот „ботокс пептид“ кој помага во измазнување на мимичките линии и ја затегнува кожата.
  • Екстракт од корен на Scutellaria Baicalensis е моќен антиоксиданс со противвоспалително дејство кој ја штити кожата од темни дамки.
  • Екстрактот од Polygonum Cuspidatum ја спречува појава на нови брчки и меланин.
  • Глицеринот и бетаинот безбедуваат супериорна хидратација и формираат заштитен филм на површината на кожата.
  • Кокамидопропил бетаинот е нежно средство за чистење кое одржува стабилна pH вредност и ја намалува иритацијата.
  • Хидролизираниот колаген и аденозин деливаат на враќање на волуменот и цврстината на лицето.

Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од пената на дланките и измешајте со малку вода за да создадете богата пена. Нежно масирајте го влажното лице со кружни движења, следејќи ја контурата на лицето. Темелно исплакнете со млака вода. Користете ја секое утро и вечер како прв чекор во вашата рутина за чиста, еластична и подмладена кожа.

Достапност: Има залиха
Сподели на:

Земја на производство: Република Кореја

Состав: Water, Myristic Acid, Stearic Acid, Potassium Hydroxide, Lauric Acid, Glycerin, PEG-100 Stearate, Niacinamide, Glyceryl Stearate, Cocamidopropyl Betaine, Nicotinamide Mononucleotide (5,000ppm), Hydrolyzed Collagen, Centella Asiatica Extract, Polygonum Cuspidatum Root Extract, Scutellaria Baicalensis Root Extract, Camellia Sinensis Leaf Extract, Chamomilla Recutita (Matricaria) Flower Extract, Rosmarinus Officinalis (Rosemary) Leaf Extract, Dipotassium Glycyrrhizate, Acetyl Hexapeptide-8, Butylene Glycol, Betaine, Lauramide DEA, 1,2-Hexanediol, Sodium Chloride, Caprylyl Glycol, Hydroxyethylcellulose, Ethylhexylglycerin, Adenosine, Tocopheryl Acetate, Chlorphenesin, Disodium EDTA, Fragrance.

MATRIGEN NMN Beta Cleansing Foam 200ml – нежна пенлива пена за чистење со NMN која темелно ја чисти кожата, ја хидрира и делува смирувачки без да ја исуши. Прикажано е пакувањето со туба, кутија и текстура на пената.

Matrigen NMN Beta Cleansing Foam 200ml

990 ден