1.347 ден 1.092 ден
Подгответе ја, хидрирајте ја и вратете ја еластичноста на вашата кожа со Supple Preparation Facial Toner. Jа балансира pH вредноста на кожата и ја подобрува ефикасноста на рутината за нега која следува, помагајќи да го извлечете најдоброто од производите од наредните чекори, како есенции, серуми или креми и да ја постигнете посакуваната состојба на кожата.
Содржи неколку клучни состојки како Phyto-Oligo кои ѝ обезбедуваат длабинска хидратација на кожата, како и пченични аминокиселини кои помогаат во намалување на воспалението на кожата.
Брзо се апсорбира и обезбедува целосна хидратација продолжена за повеќе од 20% од вообичаените тонери со хијалуронска киселина и бета-глукан.
Направен со мешавина од различни растителни екстракти и смирувачки состојки, овој не иритирачки, хидратантен тонер е погоден за сите типови кожа, дури и за најчувствителните.
Нанесете од тонерот на чисто лице. Нежно тапкајте со дланките по целото лице додека не се впие целосно остатокот од производот.
Rice Biome Bubble Peeling e благ дневен пилинг на корејскиот бренд MAKE P:REM. Тоа е пенлив пилинг со нежни меурчиња, формулиран со биом на ориз и LHA за да помогне во отстранување на мртвите клетки на кожата. Оризовиот биом е добиен од ферментиран ориз со lactobacillus, кој врши блага екфолијација а воедно ја остава кожата нежна и хидрирана.
Содржи влакна од јаболко и ниско-иритирачки пилинг LHA кој ја подобрува текстурата на кожата и го изедначува тенот.
Овој производ е наменет за сите типови кожа, посебно за најосетливата. Овој пилинг има меуреста формула со која се намалува и избегнува иритација на кожата.
Make P:rem Rice Biome Bubble Peeling е без синтетички мириси, без вештачки бои, без штетни состојки.