199 ден Original price was: 199 ден.50 денCurrent price is: 50 ден.
Нема на залиха
199 ден Original price was: 199 ден.50 денCurrent price is: 50 ден.
Нема на залиха
Beauty of Joseon Radiance Cleansing Balm е балзам за чистење што нежно топи шминка, себум и нечистотии од кожата. Формулиран со оризови трици и различни зрнести екстракти, овој балсам помага да се одржи кожата хидрирана и мека, без чувство на сувост.
Ориз + комплекс од зрнести екстракти – Оризот е клучна состојка во корејската традиционална нега на кожата. Во династијата Јосеон, оризовата вода била позната како „Beauty Water“, користена за постигнување на блескав изглед на кожата. Богата со амино киселини и минерали, оваа состојка длабински хидрира и ја заштитува кожата од сувост.
Земете соодветна количина и нанесете на сува кожа. Масирајте со кружни движења за да ги растворите шминката и нечистотиите. Додадете малку вода за да се емулгира во млечно масло, потоа исплакнете со млака вода. За комплетно чистење, продолжете со пенлив чистач.
Benton Deep Green Tea Cleansing Foam е пена за длабинско чистење на лицето со зелен чај. Тоа е навлажнувачко и прочистувачко средство за миење на лицето збогатено со зелен чај од Босеонг, најпознатата област за производство на чај во Кореа. Пената овозможува темелно и здраво чистење на кожата без да остави чувство на затегнатост, додека ја остава кожата освежена, хидрирана и витална.
COSRX Advanced Snail Mucin Gel Cleanser има богата текстура со хидрирачки состојки, добро познатата слуз од пожав, која ја има во концентрација од 10.000ppm па затоа го прави единствен регенерирачки и хидрирачи производ кој комплетно ќе ја исчисти кожата и ќе го врати нејзиниот потполн сјај. Освен што хидрира и негува, овој чистач е познат и по своите анти ејџинг придобивки.
За кого е наменет?
Овој производ е погоден за сите типови на кожа, бидејќи не содржи парфеми, бои, парабени, сулфати. Па затоа е погоден за нормална, сува, мрсна и зрела кожа, како и кожа склона кон акни. Бидејќи станува збор за многу нежен не иритирачки, производ, посебно е погоден за кожа склона на иритација и црвенило.
Начин на употреба: Мала количина се нанесува на влажно лице и со нежни кружни движења се масира за да се направи убава пенлива текстура. Меурчињата ќе навлезат длабоко во порите и целосно и темелно ќе ги отстранат сите нечистотии.