1.790 ден
My First Essener на корејскиот бренд Sioris, ги комбинира хидрантните својства на тонерот со хранливите својства на есенцијата во една моќна формула. Во својот состав, ја вклучува органската вода од зелен чај (47,5%) богата со антиоксиданси и витамин Б, која ја смирува иритацијата и ја штити кожата од стрес обезбедувајќи природен мирис на билки. Полиглутаминската киселина, добиена од ферментирани соини зрнца, помага во задржувањето на влажноста на кожата.
Екстрактот од лист од Artemisia princeps кој е богат со минерали заедно со цветната вода од Rose damascena, ја смирува кожата и ја зајакнува виталноста. Трикратната хијалуронска киселина и бетаин се додадени за дополнително да го спречат губењето на влажноста и длабоко да ја хидрираат кожата, одржувајќи ја цврста и еластична.
Овој органски сертифициран, 100% природен производ, со малку вискозна текстура и лесна апсорпција, е одличен за сите типови на кожа вклучително и чувствителна кожа. Формулиран е без парабени, вештачки мирис, адитиви или штетни хемикалии.
Употреба: По чистењето на лицето, нежно нанесете соодветна количина на дланките и тапкајте за целосна апсорпција.
1.790 ден
Make P:rem Safe Me. Relief Essence Toner е интензивно хидрантен тонер кој го зголемува нивото на влжност на кожата до 466,68%. Формулата pH-5,5 ја смирува и хидрира а истовремено го враќа природниот баланс на кожата.
Збогатен со растителни екстракти и навлажнувачки агенси за да направи вашата кожа да остане еластична во текот на целиот ден.
Воедно овој тонер во својот состав има церамиди, пантенол и LMW (мала молекуларна тежина) на хијалуронска киселина кои се одговорни за задржување на влажноста во кожата.
Употреба: По миењето на лицето, во првиот чекор од рутината за нега, нанесете соодветна количина на памучен тупфер. Нежно чистете го лицето, освен областа околу очите и устата, почнувајќи од внатре кон надвор.
Производот не содржи парфеми.
Лесна млечна есенција која овозможува префинет, светол и сјаен изглед и ја остава кожата хидрирана. Помага за изедначување на тонот на кожата и ја штити од надворешните услови.
Beauty of Joseon Ginseng Essence Water е богата есенција со 80% гинсенг вода, создадена за интензивна хидратација, подмладување и изедначување на тенот на кожата. Гинсенгот, познат како “билка од боговите” во корејската традиција, е клучна состојка за здрава и негувана кожа.
Нанесете мала количина на есенцијата на чисто лице по тонерот и нежно тапкајте додека не се апсорбира. Може да се користи и како хидратантен чекор во утринската и вечерната рутина.
Оваа есенција е идеална за сите типови кожа, особено за оние што бараат длабока хидратација, подмладување и подобрување на текстурата на кожата.